Пожар избувнал во стан во Скопје на улицата Даме Груев. Пожарникарите успеале да го изгаснат огнот пред да се прошири во останатите станови и простории, пренесува А1он.
На терен освен противпожарните возила може да се забележат и две возила на итната медицинска помош и полиција.
Станарите на заградата за порталот изјавиле дека подолго време имале проблем со тој станар, што било пријавно до властите, но без епилог и се сомневаат дека тој сам го запалил станот.
Станарот во чиј што стан беше пожарот во моментов се наоѓа во полициска станица, а неофицијално само еден пожарникар побарал медицинска помош.
Станар од петти кат се жали дека не може да излезе. Тој и неговата жена не можеле да дишат од чадот, а се уште не биле евакуирани.
Во склоп на зградата има банки, но и други локали, кои не се опожарени и немаат штета.