петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

МВР: 154 казнети возачи во Скопје, 52 за брзо возење

МВР: 154 казнети возачи во Скопје, 52 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.10.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 154 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 52 санкции, 28 мерки за возење под дејство на алкохол, 17 санкции за возење без возачка дозвола.

Изречени се пет мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.