петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Денеска одлука за новите цени на горивата

Денеска одлука за новите цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за новите цени на горивата. Минатата недела РКЕ донесе одлука со која дел од горивата поскапеа.

Цената на дизелот се намали за половина денар, додека цената на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се промени.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за 1,50 денар, а кај ЕУРОСУПЕР БС-98 имаше покачување на цената за литар за 2 денари.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намали за 0,072 ден/кг и сега ќе изнесува 49,995 ден/кг.

Ова се актуелните цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 94,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 96,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 98,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 93,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 49,995 (денари/килограм)