среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Економија

НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Дознајте колку ќе чинат бензините и дизелот

НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Дознајте колку ќе чинат бензините и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,50 % во однос на одлуката од 23.11.2022 година. 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,789%, кај дизелот за 4,373%, кај екстра лесното за 4,239%  и кај мазутот намалувањето е за 4,249%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,252%. 

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на  Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,263 ден/кг и сега ќе изнесува  41,783 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.

Од 25.11.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

 Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС – 95  86,50 (денари/литар)

Моторен бензин   ЕУРОСУПЕР БС – 98  88,50  (денари/литар)

Дизел гориво    ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)   88,00 (денари/литар)

Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)  83,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС     41,783 (денари/килограм)

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 25.11.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.