Десет лица загинаа, а девет се повредени во пожар во станбена зграда во Урумчиј, главниот град на западниот кинески регион Синџиан.
Причина за пожарот, како што првично е наведено, е неисправен струен разделник на 15-тиот кат од зградата.
Повредените се задржани во болница поради труење со чад, но се наоѓаат надвор од животна опасност, пренесува CCTV.
Ова е втор смртоносен пожар во Кина во последните неколку дена. Во пожар во фабрика пред три дена загинаа 38 луѓе.