сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МВР: 287 казни за брзо возење

МВР: 287 казни за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (24.11.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 287 возачи.

Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 172 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 115 надвор од населено место.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

Најнови вести