На 27.11.2022 во 20:30 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.А.Б.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 27.11.2022 во 12:45 часот на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода В.Б.(46) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.