среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Освен договор за снабдување, ЕСМ треба да понуди и договор за откуп на енергија од фотоволтаици

Освен договор за снабдување, ЕСМ треба да понуди и договор за откуп на енергија од фотоволтаици

Корисниците кои истовремено се и производители на електрична енергија, а за кои е одбиена промената на снабдувач од страна на Операторот на дистрибутивниот систем, се веќе регистрирани како самостојни учесници на пазарот на електрична енергија. Како такви, тие не подлежат на Правила за снабдување со електрична енергија каде е дефинирана постапката за промена на снабдувач.

За овие корисници важат одредбите од Правила на пазар на електрична енергија при што како самостојни учесници на пазар потребно е да ја регулираат балансната одговорност кај маркет операторот МЕМО.

Регулирање на односите на овие корисници со ЕСМ Продажба може да се случи само доколку се направи договор за снабдување, но и договор за откуп на произведената енергија со ЕСМ Продажба.

По направените консултации, договорено е ЕСМ Продажба да понуди одреден модел за да се надмине ситуацијата со производителите на енергија од фотоволтаични системи.