понеделник, 12. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Дилер од Свети Николе падна во рацете на полицијата

Дилер од Свети Николе падна во рацете на полицијата

СВР Штип поднесе кривична пријава против Т.А.(34) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 11.10.2022, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот при што пронашле и одзеле марихуана, како и вага со остатоци од марихуана и од кокаин.