сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МВР: 147 санкции за брзо возење

МВР: 147 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (12.12.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 147 возачи.

Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 82 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 65 надвор од населено место.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

Најнови вести