среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кривична пријава против скопјанец за „измама“

Кривична пријава против скопјанец за „измама“

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против П.Б.(56) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.

Пријавениот, во текот на 2022 година, со лажно прикажување на факти, го довел во заблуда законскиот застапник на оштетеното правно лице, претставувајќи се дека е соработник и овластен претставник на друго правно лице и дека сака да нарача трговска стока во име и за сметка на правното лице на кое што наводно е соработник и овластен претставник. На тој начин, пријавениот во два наврата го навел оштетениот да му испорача различна трговска стока во вкупен износ од 113.100 денари.