недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Повеќе апсења во Скопје

Повеќе апсења во Скопје

Денеска (27.12.2022) во 12.25 часот во нас.Маџари – Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Ш.(24) од Скопје.

Тој бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

Денеска (27.12.2022) во 11.05 часот на подрачјето на Шуто Оризари – Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје ја лишиле од слобода Е.Е.(23) од Скопје.

Таа била барана по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежна казнено-поправна установа за издржување на казната.

Денеска (27.12.2022) во 14.40 часот на подрачјето на Чаир – Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Ѓ.О.(39) од Скопје.

Тој бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 377 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.