вторник, 2. јануари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Скопје: 187 санкционирани возачи

Скопје: 187 санкционирани возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.12.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 187 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 25 санкции, пет санкции за минување на затворен сигнал, – црвено светло, девет мерки за возење со брзина поголема од дозволената, четири мерки за користење мобилен телефон при возење…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.