недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Аврамопулос за „Коха Диторе“: Косово ги исполни критериумите за визна либерализација

Аврамопулос за „Коха Диторе“: Косово ги исполни критериумите за визна либерализација

Европскиот комесар за миграција, внатрешни работи и државјанство, Димитрис Аврамопулос, во авторски текст во весникот „Коха Диторе“, порача дека Косово постигнало прогрес и критериумите за визна либерализација се исполнети, јавува дописникот на МИА од Приштина.

– Едно значајно поглавје во нашата заедничка историја: Косово ги исполнува условите за либерализација на визниот режим, пишува Авропулос во текстот што приштинскиот дневен весник ќе го објави во утрешниот број.

Според еврокомесарот, „по многу години и месеци напорна и обемна работа, Европската Комисија (ЕК) сега веќе потврдува дека Косово ги исполни сите стандарди за визна либерализација“.

– Сега, ние го охрабруваме Советот на Европа и Европскиот Парламент да продолжат напред со нашиот предлог. Јас навистина се надевам дека сме многу блиску до единствен визен режим за целиот регион, кој ќе се воспостави мошне бргу, пишува Аврамопулос.

Тој, заедно со косовскиот претседател Хашим Тачи, денеска во 16:30 на прес-конференција во Брисел ќе ја објават веста за одлуката на ЕК во врска со визната либерализација за косовските граѓани.

МИА