среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Прегазени двајца другари, едниот почина, другиот се бори за живот!

ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Прегазени двајца другари, едниот почина, другиот се бори за живот!

Момче прегази двајца другари, едниот почина во штипската  Клиничка болница, а вториот се бори за живот.

Според СВР Штип, околу 5.20 часот  било пријавено дека на магистрален пат Штип – Кочани, на место викано „Брилијант“, патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Т. од Скопје, удрило во 21-годишниот А.Ѓ. од село Кадино, скопско и во А.П. од село Трубарево, скопско, кои претходно патувале во истото возило.

Двајцата се здобиле со повреди и биле пренесени во Клиничка болница Штип, каде што во 7.15 часот А.Ѓ. починал , а кај А.П. биле констатирани телесни повреди.

Увид извршила екипа од СВР Штип. (МИА)