Продолжуваме да сме сведоци на кршење на Устав, на деловник, на закони во ова Собрание и на делење лекции по етичко однесување, изјави Жаклина Пешевска на денешното обраќање на Комисијата за европски прашање.
– Првенствено да тргнеме од кршењето на законите и закажување на Комисијата за европски прашања односно за да таа комисија трае само 10 минути и Комисјата која се закажа за денеска од синоќа во 11 часот навечер, а на веб страната се закажа денеска пред да почне таа Комисија.Тоа е типичен пример на вашето транспаренто работење, изјави Пешевска.
Во своето обраќање таа потенцираше дека предлогот за измени на изборнииот законик го даде Владата,со објаснување и повикување на Веницијанската комисија , но Веницијанската Комисија даде мислење за Законот за јавни обвинители и судии нешто што навистина нема врска со Државната изборна комисија во Република Македонија, туку во Црна Гора.
Пешевска нагласи дека владата го злоупотребува европското знаме за се и сешто, и додаде дека ова Собрание не личи на Законодавен дом којшто треба да е пример како треба граѓаните да се однсеуваат.
Всушност, пратеничката ги потсети пратеницитеод СДСМ како се донесуваат закони по одредената законска постапка.