недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во САД околу илјада деца мигранти чекаат да бидат вратени кај нивните родители

Во САД околу илјада деца мигранти чекаат да бидат вратени кај нивните родители

Американското Министерство за внатрешна безбедност (ДХС) денеска соопшти дека 998 деца мигранти и по две години се уште се разделени од своите родители.

Децата се разделени од родителите и се сместени на американско-мексиканската граница за време на администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп.

Според ДХС 148 деца се во процес на враќање кај нивните семејства.