Вчеравечер и ноќеска (11/12 февруари) од 23 до 4 часот, полициски службеници на СВР Тетово спровеле засилена акциска контрола на возачите, дали и колку од нив управуваат под дејство на алкохол.
При контролата откриени се и санкционирани 24 возачи (ТЕ-16 и ГВ -8), кои управувале под дејство на алкохол.Сите се исклучени од сообраќај и времено им се одземени возачките дозволи, а изготвени им се и законски предвидените поднесоци.Покрај ова, биле санкционирани и 16 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-11 и ГВ-5).
СВР Тетово уште еднаш со апел и укажување до возачите да не консумираат алкохолни пијалаци ако возат или ако веќе консумираат, да не седнуваат зад волан. Зашто, алкохолот ја намалува нивната способност нормално и безбедно да ги управуваат возилата и ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.