вторник, 9. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Уапсен скопјанец баран со централна потерница за издржување затворска казна

Уапсен скопјанец баран со централна потерница за издржување затворска казна

Денеска (03.03.2023) во 12.35 часот на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим Потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Р.(25) од Скопје.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешки кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.