СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.М.(49) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
Тој, на социјалната мрежа Фејсбук, на објава поставена од еден портал, објавил коментар со содржина со која промовирал и поттикнувал омраза и насилство.