Вечерва со почеток во 20 часот, во верско рекреативниот центар Три круши, најпознатите македонски фолк изведувачи Наум Петрески и Зуица Лазова ќе одржат целовечерен концерт.
Културното лето „Три круши 2018“ продолжува и утре, кога и официјално завршува оваа манифестација.
Публиката утревечер ќе има можност да ужива во концертите на Кристина Арнаудова и Силви Бенд.