Познатата хрватска пејачка Северина попладнево пристигна во Охрид каде што вечерва има закажан концерт на стадионот „Билјанини извори“.
Пејачката пристигна со приватен авион заедно со својот сопруг Игор Којиќ на аеродромот во Охрид.
Северина пред самото слетување во Охрид, над Охридското езеро сними видео во кое им порача на своите фанови дека едвај чека да следа во Охрид.
-Го прошетав целиот свет, сум била и во Њујорк и во Мадрид, но едвај чекам вечерва да бидам во Охрид, порача пејачката во своето „стори“ на Инстаграм.