понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ивановски го освои третото место на ЕП до 14 години за тенисери

Ивановски го освои третото место на ЕП до 14 години за тенисери

Младиот македонски тенисер и голем талент, Калин Ивановски се пласираше на третото место на Европскиот шампионат за играчи до 14 години, кое се одржува во Мост, Чешка.

Во полуфиналето, Ивановски изгуби со убедливи 6:1,6:1 од четвртиот носител на Европското, Мили Полјичијак, кој се наоѓа на петтата позиција на Европската ранг-листа за јуниори до 14 години.

Полјичак доминираше во текот на целиот меч и заслужено славеше против нашиот тенисер.

Калин на патот до полуфиналето го победи и првиот носител на шампионатот, Михаил Гороков со резултат 6:1, 6:3.

МИА