петок, 2. февруари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Го интересира дали е славен и кога ќе биде слободен: Коста не покажал каење и не прашал за родителите – еве ги деталите за неговата состојба

Го интересира дали е славен и кога ќе биде слободен: Коста не покажал каење и не прашал за родителите – еве ги деталите за неговата состојба

Момчето убиец (13) кое со пиштолот на својот татко уби осум врсници и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“, ниту денеска, шест дена по монструозниот чин, не се кае.

Тој е во изолација на Клиниката, целосно мирен и сега има нови две прашања: „Кога ќе излезам од овде?“ и „Какви се реакциите на она што го направив?“.

Момчето убиец не побарало никаков контакт, ниту пак побарало да се види со родителите.

-Нема молба, не ни праша за родителите. Единствените интереси му се кога излегува и какви се реакциите на неговиот чин, пренесуваат српските медиуми.

Опишувајќи ја моменталната состојба на момчето, се наведува дека момчето убиец размислува и се однесува како да е прашање на момент кога ќе ја напушти Клиниката, односно кога ќе биде на слобода.

Тој го чека тој момент и очигледно е убеден дека треба тоа да биде деновиве.

-Второто прашање што го поставува е какво влијание остави, какви реакции има. Што се случува надвор ? Тој очекува да биде популарен. Неговите очекувања се буквално дека ќе се соберат под неговиот прозорец и ќе му скандираат, појаснуваат тие.

Седмоодделенецот не добива ни седативи, бидејќи е „сосема мирен“. Не му требаат. Лекарски тим работи на утврдување на фактите и состојбата на момчето, што му претходело на монструозниот чин, но и за време на егзекуцијата.

Да потсетиме, невидена трагедија во Србија се случи на 3-ти мај во белградското основно училиште во Врачар, кога ученик од седмо одделение влегол во училиштето со оружјето на неговиот татко.

Прво го убил училишниот чувар Драган Влаховиќ и дежурните ученици, а потоа продолжил со маршот низ училишната сала до канцеларијата за историја. Таму уби пет свои врсници, рани еден наставник по историја и уште шест ученици.