четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Потег за аплауз: Тренерот на Аталанта не дозволил играчите да се сликаат кај семафорот

Потег за аплауз: Тренерот на Аталанта не дозволил играчите да се сликаат кај семафорот

Италијанска Аталанта го посрамоти Сараево со македонскиот интернационалец Крсте Велкоски синоќа со триумфот со 8-0 на „Кошево“ во босанската престолнина, но по крајот на мечот, тренерот на гостите од Бергамо, Џанпјеро Гасперини направи господски потег, кој ги воодушеви сите.

Фудбалерите на Аталанта по завршувањето на мечот тргнале кон семафорот за да се сликаат со историската победа и осумте дадени голови на мечот, но потегот не го дозволил Гасперини, кој им наредил на фудбалерите да го направат тој потег за да не покажат недостаток на респект кон противникот.

-Ние секогаш го почитуваме противникот. Ние такви работи не правиме. Јас знам дека играчите не сакаа да го навредат противникот, рече Гасперини, кој додал дека ни еден од двата резултати, 2-2 во Бергамо и 0-8 во Сараево не се реални.

-Двата резултати во овој двомеч не беа реални. Ни тој 2-2, ни овој сега. Сараево беше психички цврст се до вториот гол, кога се распадна се во нивниот тим. Тој гол беше причина за високиот пораз. Сепак, не очекував вака лесно да поминеме. И самите бевме изненадени колку брзо дојдовме до 4-0 и сакавме до крај да бидеме сериозни, додал Гасперини