понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Денови на овчарство

Денови на овчарство

Во селото Маврово денеска ќе се одржат 12. Денови на овчарство. На манифестацијата, традиционално, ќе се стрижат овци, ќе се дегустира овчо сирење и ќе има борба со пеливани.

Гостите ќе можат да пробаат овчарски грав и да ја погледнат изложбата на шарпланинци.

Вообичаено, на крајот ќе се бира најдоброто овчо бело сирење.

Деновите на овчарство ги организира Јавното претпријатие за стопансиување со пасишта, а поддржувач е Министерството за земјоделство.

На манифестацијата ќе се обратат заменик-министерот Благе Цветковиќ, претседателот на Регионалното здружение на овчари Меџит Амити и градоначалникот на Маврово-Ростуше Медат Куртовски.

Најнови вести