вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мурињо го враќа Ибрахимовиќ во Јунајтед

Мурињо го враќа Ибрахимовиќ во Јунајтед

Златан Ибрахимовиќ може да се врати во Манчестер Јунајтед во јануари, објавија англиските медиуми.

Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо веќе одржал неколку разговори со напаѓачот за да го убеди да го засили тимот.

Предлогот не е за траен трансфер, туку за веќе традиционалните изнајмувања на играчи од Американската фудбалска лига за одреден период на почетокот на годината, кога МЛС шампионатот не се одржува.

Триесет и шест-годишниот Ибрахимовиќ е во одлична форма и се справува добро во дресот на Лос Анџелес Галакси, и ако тоа продолжи, неговото враќање на „Олд Трафорд“ е речиси загарантирано.