петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Аеродромите во Дамаск и Алепо се надвор од функција по израелските напади

Аеродромите во Дамаск и Алепо се надвор од функција по израелските напади

Израел утринава изврши ракетни напади врз меѓународните аеродроми во Дамаск и Алепо и ги онеспособи, јавија сириските државни медиуми. Во нападот загинал еден цивилен работник.

„Околу 05:25 часот, израелскиот непријател изврши воздушен напад врз меѓународните аеродроми во Дамаск и Алепо, при што загина еден вработен на аеродромот во Дамаск, а друг е ранет“, изјави сириски воен извор, цитиран од официјалната сириска новинска агенција САНА. Материјалната штета на аеродромските писти ги стави надвор од употреба“, изјави истиот извор.

Редовните летови до и од аеродромите во Дамаск и Алепо се пренасочени кон меѓународниот аеродром во Латакија, соопшти сириското Министерство за транспорт. (МИА)