вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

ТАЖНА ВЕСТ: Почина еден од најдобрите руски ракометни тренери во историјата, кој беше дел од македонската репрезентација порано

ТАЖНА ВЕСТ: Почина еден од најдобрите руски ракометни тренери во историјата, кој беше дел од македонската репрезентација порано

Тажни вести пристигнуваат од Волгоград, во текот на мината ноќ почина еден од најпознатите светски ракометни тренери, Левон Акопјан, кој во 2008 година работеше заедно со селекторот Владимир Глигоров, во женската ракометна репрезентација на Македонија. Тој почина на 73 години.

Инаку, Акопјан беше хоспитализиран во јануари оваа година, а тогаш неговиот клуб Лада Тољати и медиумите не откриваа која е причината поради која тој завршил во болница.

Левон Акопјан во ерата на Кометал Ѓ. П. беше во блиски односи со нашиот клуб, а на ЕП 2008 на кое домаќин беше Македонија, имаше улога на стручен советник, а во пракса беше селектор на македонската репрезентација.