недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мексико повтори дека нема да плати за ѕидот на границата со САД

Мексико повтори дека нема да плати за ѕидот на границата со САД

Мексико повторно соопшти дека никогаш нема да плати за евентуалниот ѕид долж границата со САД чија изградба долго време ја ветува американскиот претседател Доналд Трамп.

Мексиканскиот министер за надворешни работи Луис Видегарај Касо на Твитер денеска напиша дека неговата земја „постигнала согласност со САД околу трговијата“ и оти се „многу позитивни изгледите за односите меѓу двете земји“, но оти е „апсолутно јасно дека Мексико никогаш нема да плати за ѕидот“.

Трамп вчера за време на состанокот со претседателот на светската фудбалска федерација (ФИФА) Џани Инфантино, рече дека за ѕидот „на крајот ќе плати Мексико, многу лесно“.

Изјавата на Трамп следуваше еден ден по откако САД и Мексико објавија дека постигнале прелиминирен договор за новиот трговски договор наместо Северноамериканскиот договор за слободна трговија (НАФТА) во кој учествува и Канада. (МИА)