понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тајфунот Џеби усмрти осум лица во Јапонија

Тајфунот Џеби усмрти осум лица во Јапонија

Во силниот тајфун Џеби кој денеска го погоди западниот дел на Јапонија загинаа најмалку осум луѓе, а над 200 се повредени.

Поради силното невреме во прекин е копнениот и воздушниот сообраќај, а илјадници луѓе се заглавени.

Маж на околу 70 години загина откако, најверојатно ветерот го одува од неговиот стан во Осака. Според полицијата уште пет лица загинаа во истата префектура откако биле погодени од предмети кои летале или паѓаче од нивните станови.

Во префектурара Шига загина 71-годишен маж откако врз него се урна зграда врз него, а друг маж загина откако паднал од покров во префектурата Мие.

Над 200 лица се повредени, од кои најголем број на станица во градот Кјото откако ветерот урнал стаклен свод.

– Ветровите дуваа толку силно што танкер урди во мост кој го поврзува аеродромот со копното. И мостот и танкерот се оштетени, но никој од 11 членови на екипажот не се повредени, соопшпти јапонската крајбрежна стража.

Тајфунот Џеби го поплави и меѓународниот аеродром Кансаи во градот Осака, поради што аеродромот е затворен.

Јапонските авиокомпании поради тајфунот откажаа се околу 700 полети, а исто така е ограничено движењето на брзите возови. Без електрична енергија останаа околу 1,6 милиони домаќинства во Осака, во Кјото и четирите префектури во близина.

– Во префектурата Хјого, во Нишиноми околу сто автомобили во продавница на брегот се запалија откако морска вода допре до електричните системи, соопшти противпожарната служба.

Во регионот Кинки во прекин е воздушниот и железничкиот сообраќај.

Тајфунот Џоби ги оштети и древните храмови во Кјото, во Нари и во Шиги.

Категоризиран како „многу силен“, Џеби е најсилниот тајфун кој ја погодил Јапонија од 1993 година.

Тајфунот се движи кон север преку јапонскиот остров Хоншу, кон Јапонско Море. Се очекува тајфунот да се движи западно од Хокаидо и до утре да ослабне на ниво на екстратропски циклон.