вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Авион од Дубаи под карантин во Њујорк, им се слошило на стотина патници

Авион од Дубаи под карантин во Њујорк, им се слошило на стотина патници

Патнички авион од Дубаи што денеска слетал на аеродромот ЏФК во Њујорк бил ставен под карантин откако над 100 од вкупно 500 патници се пожалиле на висока температура и мачнина.

Се уште нема информации што може да е извор на масовното заболување на патниците. Според првичните информации, патниците што се заболени имаат треска, со температури до 38 степени.

Медиуми и патници во Њујорк јавуват дека голем број амбулантни возила се движат околу авионот. На аеродромот биле забележани и припадници на Секретаријатот за заштита на татковината – водечката служба за безбедност од надворешни закани во САД. Досега само на неколкумина членови на екипажот им било дозволено да го напуштат леталото.