Љубов и секс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 30 Oct 2023 11:58:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Љубов и секс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поради овие грешки во љубовта, можете засекогаш да останете сами https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/poradi-ovie-greshki-vo-lubovta-mozhete-zasekogash-da-ostanete-sami/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/poradi-ovie-greshki-vo-lubovta-mozhete-zasekogash-da-ostanete-sami/#respond Mon, 30 Oct 2023 11:58:17 +0000 https://kurir.mk/?p=894476

Не дозволувајте погрешните модели на однесување да станат навика бидејќи тие можат да застанат на патот на вашата среќа во љубовта. Ако ви е тешко да бидете сингл и се прашувате што ве спречува да ја пронајдете вашата сродна душа, можеби правите една од овие три грешки кои би можеле да ве одржат сингл доживотно. Поранешен партнер Доколку емотивно не сте ги вкрстиле патиштата со поранешниот партнер, тогаш тоа е главната кочница која не ви дозволува да продолжите понатаму. Мора да се помирите со фактот дека некои врски едноставно не функционираат и не вреди да се живее во минатото. Упорното враќање на поранешната врска е нешто што ве спречува да видите потенцијални партнери достојни за внимание. Исто така, постојаното споредување на сегашните партнери со поранешните партнери го оневозможува градењето нормален однос со некого. Негативна енергија Дали знаевте дека луѓето кои зборуваат негативно за себе привлекуваат негативна енергија? Ние сме производ на нашите мисли и она што го кажуваме за себе. Почнете од себе, дали уживате во друштво на некој кој е песимист? Исто е и со другите луѓе. На сите ќе им се допадне насмеана и позитивна личност повеќе отколку некој што мисли дека целиот свет е против нив. Погрешен совет Понекогаш некој од вашите пријатели ќе ви даде погрешен совет со најдобра намера. Можеби ќе ви кажат дека е премногу рано да влезете во нова врска и ќе ја пропуштите шансата да имате фантастична врска со некој кој е навистина прекрасен. Понекогаш пријателите не ја знаат целата приказна, поради што треба повеќе да им верувате на своите чувства отколку на искуствата на другите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/poradi-ovie-greshki-vo-lubovta-mozhete-zasekogash-da-ostanete-sami/feed/ 0
Четири грешки кои ги правиме на првите состаноци, а треба да ги избегнуваме https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/chetiri-greshki-koi-gi-pravime-na-prvite-sostanotsi-a-treba-da-gi-izbegnuvame/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/chetiri-greshki-koi-gi-pravime-na-prvite-sostanotsi-a-treba-da-gi-izbegnuvame/#respond Thu, 05 Oct 2023 07:26:29 +0000 https://kurir.mk/?p=885402

Првите состаноци знаат да бидат заморни и да предизвикаат нервоза, а со себе носат и бројни прашања, што да облечете, што да кажете и како да се однесувате. Покрај тоа, дури и ако сте разговарале со оваа личност некое време, првите состаноци може да бидат непредвидливи. Но, без оглед на сите неизвесности и нервози кои доаѓаат со првите состаноци, излегувањето е најдобриот начин да го запознаете вашиот иден партнер и е всушност неопходно. Кои се четирите најголеми грешки што треба да ги знаете и избегнувате на првите состаноци? Несвесност за вашите намери Без разлика дали барате само да се забавувате или барате сериозна врска, обично е корисно да ги разберете вашите лични намери пред да одите на состанок за да имате продуктивен прв состанок со одредена личност. – Важно е да знаете што барате пред да се забавувате за да можете да внимавате на работи кои не се совпаѓаат. Ако вашиот партнер бара нешто сериозно, а вие не барате, тоа би можело да биде знак дека двајцата не сте компатибилни во моментот. И обратно. Запознавањето бара заеднички напор за двете вклучени страни, па затоа е важно да бидете искрени со себе (и со вашиот партнер) за тоа каде се наоѓате во процесот на запознавање, вели советникот за ментално здравје Вал Окерај. Запознавање со некој со кој веќе ви било непријатно Првите состаноци се природно исполнети со нервоза, па затоа не би било во ваш најдобар интерес да излегувате со некој кој веќе ве натерал да се чувствувате нервозно и непријатно. Верувајте им на вашите инстинкти и бидете свесни кои сценарија прават да се чувствувате удобно или несигурно. Го барате негативното Избегнете го нагонот да се жалите. Запознавањето бара од вас да бидете отворени за запознавање нова личност, и иако некои работи можеби не се „правилни“ во вашите очи, тоа не значи дека тие генерално се погрешни и се целосно црвено знаме. Веднаш отпишувате потенцијален партнер Според Окерај, пред целосно да одлучите дека некој не е вистинскиот за вас, размислете да бидете отворени за втор состанок пред да избрзате со какви било заклучоци. – Мислам дека е тешко добро да запознаете некого од само еден состанок (освен, се разбира, ако направи да се чувствувате непријатно). Би им дала најмалку два состанока пред да донесете одлука – вели таа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/chetiri-greshki-koi-gi-pravime-na-prvite-sostanotsi-a-treba-da-gi-izbegnuvame/feed/ 0
Топ 10 причини зошто мажите раскинуваат https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/top-10-prichini-zoshto-mazhite-raskinuvaat/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/top-10-prichini-zoshto-mazhite-raskinuvaat/#respond Wed, 04 Oct 2023 07:42:37 +0000 https://kurir.mk/?p=884907

Факт е дека огромен број на врски завршуваат неуспешно. Сигурно ќе поминете или веќе сте поминале низ барем неколку врски пред да го запознаете вистинскиот. Најверојатно сте скршиле нечие срце и/или некој го скршил вашето. Во моментите кога оној со кого сте во врска решил да ви каже збогум, веројатно сте се запрашале која е причината, особено ако таа не била очигледна. Еве дел од најчестите причини поради кои мажите решаваат да им раскинат на своите партнерки: Манипулација преку „љубовни игри“. И мажите не се невини кога се работи за користењето на тактики за зачувување на доминацијата во врската и изнудување на нешто, но жените почесто се служат со тактики за манипулација или за казнување на партнерот за некоја лоша постапка. Имено, жените преку молчење или воздржување од секс често се обидуваат да им одржат лекции на мажите. Понекогаш ваквите женски постапки се причина за мажите да стават крај и да заминат. Отсуство на сексуални односи. Раскинувањето поради отсуство на секс е толку често што ако не ви се случило вам, тогаш сигурно ѝ се случило на ваша пријателка. Реалноста вели дека огромен број на мажи ги напуштаат своите девојки затоа што тие не се подготвени да им се предадат. Некои одат и дотаму што ги уценуваат своите девојки и им поставуваат ултиматуми. Чести љубоморни сцени. Колку и да сакате некој, ако тој секојдневно страда од испади на љубомора, го контролира секој ваш чекор и постојано ве испрашува, еден ден ќе ви дојде преку глава. Истото се случува и кај мажите. Љубоморните сцени кога се ретки се слатки, но кога ќе зачестат се вистински убиец на страста и на хармоничните односи. Секојдневен дожд од критики. Секој сака да се чувствувате ценет и од време на време да слуша комплименти и пофалби. Па, ако недостигаат вашите мили зборови и секојдневно врз него истурате дожд од критики, тој може да посака да се префрли во друга прегратка каде што ќе се чувствува ценет онаков каков што е. Преголема самостојност. Мажите сакаат да се чувствуваат корисни, сакаат да ги „спасуваат“ жените кога се во неволја и да бидат еден вид на херои. Доколку ѝ пристапувате на врската со ставот „Сè можам да направам сама“, еден ден тој може да се запраша: „Зошто сака маж кога не ѝ е потребен?“. Мажите имаат потреба да го хранат своето его. Преголема зависност. Преголема независност и преголема зависност – двете крајности можат да го натераат да се откаже од врската, колку и да го привлекувате. Мажите сакаат да се во врска со жена која ќе им го разубавува животот и која си има сопствен живот настрана од врската. Илјадници жени откако ќе влезат во врска, целосно се фокусираат на партнерот и забораваат на своите пријатели, хобија и интереси, па со тек на време стануваат премногу зависни од него, не можат да донесуваат самостојни одлуки и редовно се консултираат со него буквално за сè. Мажите сакаат да се грижат за својата партнерка и да можат да ѝ помагаат, но кога барањата за помош се во границите на умереното. Фобија од обврзување. Некои мажи едноставно не сакаат да се во долги врски и имаат страв од обврзување. Тие се подготвени да ѝ раскинат дури и на девојка која ќе им влезе под кожа, само и само за да ја избегнат долгата врска. Во нивната глава е зацртано дека им е рано за обврзување и се подготвени на сè за да си ја зачуваат својата слобода. Отсуство на физичка привлечност. На крајот на краиштата мажите се визуелни суштества и копнеат пред себе да имаат жена која ќе ги привлекува и возбудува. Во некои случаи физичката привлечност може да не е пресудна за одржување на врската, затоа што факт е дека луѓето со текот на годините се менуваат, но за жал, на многумина привлечноста им е пресудна. Вмешување на пријателките во врската. Жените имаат потреба да дискутираат за својата врска со пријателките. Но, тие разговори мора да имаат граница. Не треба секое случување во врската веднаш да станува тема на разговор со пријателките, а уште помалку секој нивни совет со брзина на светлината да биде имплементиран во вашата врска. Не можете да ѝ дозволите на пријателката која никогаш не славела два родендени со исто момче да ви соли памет што треба да правите кога имате љубовни проблеми. Мажите до одреден степен го разбираат женското пријателство, но кога ќе почувствуваат дека тоа им создава премногу главоболки, го избираат полесниот пат. Здодевност и монотонија во врската, чувство дека има и подобро. Скоро сите врски започнуваат бурно, исполнети со страст и забава, но кога огнот ќе згасне, треба да знаете како повторно да го запалите. Ако тој почувствува здодевност и кај него исчезне возбудата, ќе започне да размислува дека може да му биде подобро со некоја друга, односно дека заслужува подобро.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/top-10-prichini-zoshto-mazhite-raskinuvaat/feed/ 0
Работи кои укажуваат дека следи раскинување! https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/raboti-koi-ukazhuvaat-deka-sledi-raskinuvane/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/raboti-koi-ukazhuvaat-deka-sledi-raskinuvane/#respond Mon, 02 Oct 2023 13:23:00 +0000 https://kurir.mk/?p=884287

Во секоја врска има добри и лоши денови, но во некои врски лошите денови се многу побројни и почести отколку во други. Ако често се замислувате дали исчезнале љубовта и страста од вашата врска и чувствувате дека со секој изминат ден вашите односи со партнерот се сè поладни, тогаш најверојатно треба сериозно да размислите дали имате заедничка иднина. Не сте сигурни каде се движи вашата врска? Еве кои знаци укажуваат на тоа дека врската ви е во неволја: Расправиите не стивнуваат, се чувствувате како да сте во војна. Никој друг не знае освен вие, но Третата светска војна веќе се води и тоа помеѓу вас и вашиот партнер. Постојано се расправатe, дури и за најмалите и најнезначајните нешта. Иницирате кавга за тоа што ќе јадете, каде ќе излезете, со кого ќе излезете… Кавгите не се секогаш лош знак, но ако се случуваат секојдневно и ако изгледа како вие или партнерот намерно да барате игла во сено само за да можете да започнете битка, тогаш време е да се запрашате што се случува во врската. Таквите мали кавги најчесто предизвикуваат насобирање на лутина, а еден ден таа лутина неизбежно ќе експлодира. Чувствувате дека седите до странец. На почетокот на врската ви се чинеше дека можете да разговарате со денови без да сопрете. Чувствувавте дека можете да си кажете сè еден на друг и помеѓу вас постоеше блискост и поврзаност. Сега, колку и да седите блиску еден до друг, се чувствувате како да има препрека меѓу вас, исто како да има цела планина која ви ја попречува комуникацијата. Неговите „исповеди“ веќе ги нема и вие знаете сè помалку за неговиот живот. Понекогаш мажите се оддалечуваат на таков начин затоа што во нивната глава врската веќе е завршена, само не нашле начин да ви кажат. -Сè поретко имате секс и сè повеќе се намалува вашето задоволство. Порано тој ве опсипуваше со бакнежи и нежни допири и се обидуваше вашето задоволство в кревет да биде максимално. Сега не само што ретко имате сексуални односи, туку и исчезнува неговата грижа за тоа дали вие сте задоволени. Се разбира, може да се работи само за период во којшто тој е оптоварен со други проблеми, па стресот ви го убива сексуалниот живот. Но, ако ова трае подолго време и ако забележите дека искрата во неговите очи исчезнала, тогаш време е за сериозен разговор. -Повеќе не запомнувате што му се допаѓа за да можете да го изненадите со најдобар подарок за неговиот роденден. Во текот на првите месеци од вашата врска во главата си правевте список на работи што тој ги сака и список со работи што не ги сака за да можете да му приредувате мали изненадувања. Но, ако сега веќе не обрнувате внимание кога тој кажува какви слушалки или каков паричник посакува, тоа значи дека вашите чувства оладуваат. Доаѓа неговиот роденден, а вие купувате нешто колку да не останете без подарок. -Неговите телефонски повици, SMS-и или пораки на Facebook повеќе не ве прават среќни. Се сеќавате на убавите денови кога неговиот повик или порака го забрзуваше ритамот на вашето срце? Сега добивате порака со најнежните зборови што некогаш излегле од него, а вие не можете ниту да се поднасмевнете. Со текот на времето нормално е да исчезнуваат пеперутките од вашиот стомак, но ако неговите убави зборови и комплименти веќе ништо не ви значат и ако не чувствувате потреба вие понекогаш да го направите истото, тогаш и сами можете да забележите дека вашата страст и љубов останале во минатото. -Тој нема волја да ја однесете врската на следното ниво. Ако подолго време сте заедно, нормално е да сакате да разговарате за иднината и за посериозни чекори во врската: запознавање со родителите, свршувачка, брак, деца и сл. Доколку тој ги избегнува ваквите разговори и секогаш изгледа незаинтересирано кога ќе започнете да зборувате на овие теми, најверојатно не сака да ги прави тие нешта со вас. Мажите исто колку и жените сакаат да стапат во брак и да имаат деца, па тој сигурно нема да ги избегнува разговорите на тие теми ако навистина планира вие да сте присутни во неговата иднина. -Почесто ве расплакува отколку што ве смее. Ако почесто сте во ситуација да плачете поради неговите постапки, отколку да се смеете и да се забавувате заедно, тогаш дефинитивно врската ви е во неволја. Едно негово „извини“ не треба да ви биде доволно за да ги избришете солзите. Тој треба да се стреми никогаш да не види солзи на вашето лице. Доколку не е така, не чекајте и иницирајте сериозен разговор. -Поминувате повеќе време со пријатели отколку насамо. Дружењето со пријателите не треба да сопре. Всушност тоа е и нормален дел од секоја здрава врска. Но, ако или тој или вие настојувате да излегувате само со друштво и не излегувате насамо за да ја негувате интимноста меѓу вас, тогаш нешто чкрипи. -Започнувате да им бидете љубоморни на други парови. Посакувате да го имате она што го имаат други парови од вашата околина? Дали додека ги гледате паровите во паркот си мислите дека и вие некогаш сте имале таква врска? Ако сметате дека многу други врски се подобри од вашата, тогаш најверојатно не сте среќни и задоволни и не се чувствувате доволно с акани. -Се имате разделено неколку пати и еден од вас постојано се заканува дека ќе стави крај на врската. Секоја врска има лоши денови и ако некогаш сте се разделиле и сега повторно сте заедно, тоа не е знак дека имате лоша врска. Но, ако веќе 5-6 пати сте се разделувале и тоа ви станува рутина, тогаш веројатно не се обидувате доволно да ги надминете проблемите. Освен тоа, ако едниот од вас по секоја кавга се заканува дека ќе го напушти другиот, тогаш дефинитивно врската се движи кон пропаст. За да биде една врска успешна, потребно е и двајцата да се грижат за неа и да ја негуваат. Доколку едниот „кренал раце“, стабилноста се нарушува. Сите овие знаци покажуваат дека нешто не е во ред во врската, но не се показател за неизбежен крај. Доколку со вашиот партнер го идентификувате проблемот и сакате да пронајдете решение, тогаш голема е веројатноста дека вашата врска ќе опстои. А ако двајцата знаете дека има проблем и го игнорирате, подобро е да не се мачите и да ја раскинете врската за што поскоро да создадете многу подобра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/raboti-koi-ukazhuvaat-deka-sledi-raskinuvane/feed/ 0
Ако мажот ги прави и ги кажува овие работи, тоа е знак дека повеќе не те сака https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/ako-mazhot-gi-pravi-i-gi-kazhuva-ovie-raboti-toa-e-znak-deka-poveke-ne-te-saka/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/ako-mazhot-gi-pravi-i-gi-kazhuva-ovie-raboti-toa-e-znak-deka-poveke-ne-te-saka/#respond Fri, 29 Sep 2023 20:59:08 +0000 https://kurir.mk/?p=883351

Болно е чувството кога ќе сфатиме дека личноста со која сме долго време во врска или брак повеќе не не сака. За љубовта се напишани безброј книги.Денеска се пишуваат,а ќе се пишуваат и во иднина,но некако секогаш немо се поминува другата страна. Рускиот психолог Ана Кирјанова има напишано неколку дела кои се фокусираат на машко-женските односи.Во нив таа се занимава со главните причини за несреќните врски во кои се наоѓаат некои парови.Психологот тврди дека има сигнали кои покажуваат дека вашиот маж повеќе не ве сака како порано. Тој не ве забележува вас и вашиот труд и работа Не те сака ако не те прегрне спонтано, не зборува со тебе за ситници, не те повика да види како си среде работен ден. Понатаму, тој не те сака ако не можете да сметате на неговата помош. Кога треба да се грижиш за него како да е петгодишно дете, а не возрасен маж. Не те сака ако те исмева. Тоа е и предупредувачки знак кога ќе ви каже дека јадете многу или дека не може да ја јаде вашата храна затоа што не е како што навикнал. Не те сака ако постојано се меша во тоа што го правиш, своите одлуки ти ги претставува како твои,ако ти каже дека зборуваш глупости,дека не мислиш со своја глава, дека си глупава ако размислуваш така. Не те сака ако ти каже „тоа си виновна“ и ако не одобрува ништо што правиш или кажуваш. Знак за предупредување е ако за секое „те сакам“ треба да го молите да го каже.Ако вашиот партнер не ве сака,со текот на времето можете да станете грди,плашливи и несмасни бидејќи поради тоа на жената и недостасува љубов,открил психологот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/ako-mazhot-gi-pravi-i-gi-kazhuva-ovie-raboti-toa-e-znak-deka-poveke-ne-te-saka/feed/ 0
Пет нешта кои ве очекуваат откако ќе ви биде скршено срцето https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/pet-neshta-koi-ve-ochekuvaat-otkako-ke-vi-bide-skrsheno-srtseto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/pet-neshta-koi-ve-ochekuvaat-otkako-ke-vi-bide-skrsheno-srtseto/#respond Thu, 28 Sep 2023 20:26:38 +0000 https://kurir.mk/?p=882944

Иако некои врски завршуваат со само неколку зборови, чувството после раскинувањето може да го опише само оној кому навистина му било скршено срцето. Но, тоа може да ви донесе лекции кои ќе ви бидат корисни во текот на животот: 1. Не постои магичен начин веднаш да престанете да сакате некого Дури и ако направиле нешто страшно, нешто што ве прави сигурни дека никогаш повеќе нема да сакате да ги видите, ќе се изненадите кога ќе дознаете дека љубовта што сте ја имале нема тукутака да исчезне. Отпрвин силно ќе го чувствувате нејзиното присуство, а потоа љубовта ќе постане шепот во позадина. 2. Ќе се потсетувате секојдневно Ќе се потсетувате на личноста секој ден. Ќе ја слушнете вашата заедничка песна и повторно ќе ја почувствувате таа болка. Ќе поминете покрај местото каде што сте имале прв состанок или ќе го слушнете нејзиното име и тоа ќе биде уште еден потсетник за тоа што сте изгубиле. 3. Вашите вистински пријатели ќе бидат тука за вас Кога ќе ви го скршат срцето, целиот свет ќе ви се преврте наопаку. Работите што порано ви беа забавни веќе нема да ви бидат важни. Вие само ќе сакате да го поминете вашето време обидувајќи се да ги излечите вашите рани. Вистинските пријатели ќе бидат со вас во тешките времиња да ви помогнат и утешат. 4. Физичкиот резултат од кршењето на срцето е реален и боли речиси исто колку и вашите емоции Физичките симптоми по раскинувањето се многу реални. Ќе ве болат градите, ќе се чувствувате исцрпени, со главоболка од плачење, а можеби дури и ќе чувствувате општа болка од глава до пети. Во овој период, важно е да се грижите за вашето физичко тело како што е важно да се грижите за емоциите. 5. Вашето срце полека ќе заздрави Најголемата лекција од сите, онаа што ќе остане со вас со месеци, години, децении, е неверојатната моќ што ја имате кога станува збор за заздравување на оваа рана. Иако на почетокот ќе ви се чини невозможно, сепак наскоро повторно ќе почнете да се чувствувате себеси. Ќе ги преживеете и овие моменти бидејќи сте силни!]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/pet-neshta-koi-ve-ochekuvaat-otkako-ke-vi-bide-skrsheno-srtseto/feed/ 0
Кои се четирите главни токсични особини кои можат да ја уништат љубовната врска? https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/koi-se-chetirite-glavni-toksichni-osobini-koi-mozhat-da-ja-unishtat-lubovnata-vrska/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/koi-se-chetirite-glavni-toksichni-osobini-koi-mozhat-da-ja-unishtat-lubovnata-vrska/#respond Thu, 28 Sep 2023 20:05:43 +0000 https://kurir.mk/?p=882941

Психолозите открија кои четири главни „токсични“ особини можат да ги „уништат“ односите. 1. Критика Пред сè, треба да знаете дека постои разлика помеѓу критики и приговори. Критиката претставува напад на личноста или некоја нејзина карактерна особина. Сосема е различно ако се жалите на нечие однесување кое ве мачи. Важно е да обрнете внимание на тонот и да размислите што сакате да кажете пред да проговорите. 2. Презир Презирот е јасен знак на непочитување на партнерот. Најчесто во текот на расправијата кажувате работи кои покажуваат презир кон партнерот и затоа е важно кога ќе почувствувате дека расправијата се вжештува, да се повлечете и да размислите за следниот чекор. 3. Механизам за одбрана Друга карактеристика со која се борат паровите е механизмот за одбрана. Ако постојано наоѓате изговори, не преземате одговорност и се обвинувате еден со друг – тоа е дефанзивност. Отворената комуникација и активното слушање можат да направат разлика – наместо веднаш да се браните, слушајте што има да ви каже партнерот. 4. Молчење Ова се случува кога некое лице избегнува расправија и директно соочување со проблемот. На тој начин личноста смета дека ја прави вистинската работа за да ја смири ситуацијата. Но, ова на крајот доведува до тоа партнерите едноставно да веруваат дека другиот не се грижи доволно за да го реши проблемот со кој се соочуваат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/koi-se-chetirite-glavni-toksichni-osobini-koi-mozhat-da-ja-unishtat-lubovnata-vrska/feed/ 0
Заљубени сте или само чувствувате силна сексуална привлечност? https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/zalubeni-ste-ili-samo-chuvstvuvate-silna-seksualna-privlechnost/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/zalubeni-ste-ili-samo-chuvstvuvate-silna-seksualna-privlechnost/#respond Tue, 26 Sep 2023 18:21:38 +0000 https://kurir.mk/?p=882009

Како да знаеме дали она што го чувствуваме е навистина љубов? Љубовта и сексуалната привлечност имаат заеднички карактеристики: и двете се силни емоции, можеме да доживееме и сексуална привлечност кон луѓето што ги сакаме. Сепак, тоа можеме да го почувствуваме и кон луѓето кои не ги сакаме. Додека крајната цел на сексуалната привлечност е сексот, љубовта е ориентирана кон одржување на врските, одржување на силна врска дефинирана со интимност и заеднички живот. Еве уште неколку клучни разлики помеѓу љубовта и страста: • Љубовта ја исполнува нашата потреба за поддршка. Во културна смисла, ние често ги поврзуваме сексуалната привлечност и љубовта, но има добра причина да се сомневаме дека всушност постојат три различни мотивациони системи. Страста може да биде двигател што ја поттикнува нашата потрага по врски, привлечноста може да ни помогне да направиме разлика помеѓу повеќе или помалку посакуваните партнери, а љубовта може да биде она што нѐ држи во близина и што нѐ поттикнува да се грижиме за другите. Љубовта е особено важна кога сме тажни, исплашени или ни треба поддршка на друг начин. • Љубовта поттикува на искреност. Кога се чувствуваме сигурни во нашите односи - знаеме дека некој нѐ сака и ќе биде тука за нас - постапуваме поавтентично. Ако преиспитуваме нечија доверба, се плашиме дека ќе нѐ напушти или ако мислиме дека можеби нема да биде тука кога ќе ни треба, повеќе сме склони кон лажење или залажување. Со други зборови, чувството на сигурна љубов во врската ја зголемува автентичноста. Малку е веројатно дека само сексуалната привлечност ќе го поттикне истиот степен на автентичност и искреност. • Љубовта нè прави поподготвени да се жртвуваме. Жртвувањето не е забавно: тоа вклучува откажување од нешто драгоцено (на пр. време, пари) и може да има висока цена. Во односите, подготвеноста за жртвување е поврзана со повисоки нивоа на посветеност и инвестиции во врската. Овој вид на врска е послична на љубов отколку сексуалната привлечност; покажувањето планови за иднината и грижа за некого и ставање приоритет на нивните потреби пред сопствените. • Љубовта ги менува ефектите на сексот. Сексот може да ја подобри благосостојбата, но оваа врска е најсилна во љубовен контекст. Врската помеѓу зачестеноста на сексот и важните индикатори за благосостојба (на пр. задоволство од животот, позитивни емоции/расположенија) делумно зависи од преференциите. Наклонетоста е повеќе ориентирана кон љубовта отколку кон чистата страст. • Љубовта е постојана. Чувството на сексуална привлечност може доста брзо да „згасне“, но љубовта е друга приказна. Од еволутивна гледна точка, романтичната љубов не е емоција: таа е нагон, моќен, жилав нагон. Романтичната љубов го засилува нашето внимание и не се откажува лесно. Научниците ја разбираат моќта на романтичната љубов како заснована на системот за наградување во мозокот. Доживувањето на љубовта е длабоко задоволувачко на биолошко ниво. Поврзаното ослободување на допамин ја интензивира потрагата по романтична љубов, што може да ја одрази нејзината улога во репродуктивниот успех. Еден од предизвиците за разликување на љубовта од сексуалната привлечност е тоа што понекогаш сексуалната привлечност е почеток на љубовта, нејзина почетна точка. Навистина, сексуалната привлечност може да ги подготви луѓето за идејата да започнат романтична врска. Сексуалните мисли можат да ја зголемат отвореноста на луѓето да ги споделат своите чувства, да се жртвуваат, да сакаат интимност и да се вклучат во грижлива комуникација. Предизвикот е да одлучите дали вашата динамика завршува со сексуална привлечност или дали и двајцата верувате дека делите слични цели, сакате отворена комуникација и сакате да го интегрирате вашиот заеднички живот. Овие карактеристики ориентирани кон иднината сугерираат дека имате основа за долготрајна врска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/zalubeni-ste-ili-samo-chuvstvuvate-silna-seksualna-privlechnost/feed/ 0
Симптоми на дијабетес на кои треба да обрнете внимание https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/simptomi-na-dijabetes-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/simptomi-na-dijabetes-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie/#respond Wed, 20 Sep 2023 08:46:42 +0000 https://kurir.mk/?p=879779

Дијабетесот е таков тип на болест кој може нагло да се јави по 20-тата година и да биде опасен по живот доколку навремено се забележат некои од неговите симптоми. Ова се 6-те најважни симптоми кои може да укажат на појава на дијабетес. Екстремна жед Ова е еден од класичните симптоми на дијабетесот и се јавува како резултат на насобраниот шеќер во крвта. Бубрезите се приморани да работат повеќе и да филтрираат што е можно повеќе. Вишокот на шеќер се излачува преку урината и предизвикува почесто мокрење и дехидрација. Замор Долготрајната исцрпеност и чувството дека постојано сте уморни е уште еден симптом за појава на дијабетес. Доколку спиете помалку од 6 часа имате поголеми шанси да ја добиете оваа болест. Споро зараснување на раните Високото ниво на шеќер во крвта влијае на тоа колку бргу ќе зараснуваат раните. Заматен вид Како резултат на високите количини на шеќер во крвта, водата од телото се повлекува и од очите. Токму затоа видот е заматен и пукаат очните садови. Депресија Депресивните личности се по склони кон заболување од оваа болест. Жените имаат дури 17% шанса да заболат од оваа болест доколку имаат проблеми со депресија. Чувствителност Шеќерната болест го слабее имунитетот и способноста на организмот да се бори против бактериите. Дури и забите стануваат се почувствителни и неотпорни на кариес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/simptomi-na-dijabetes-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie/feed/ 0
Еве што можете да дознаете за вашиот партнер за само една ноќ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/eve-shto-mozhete-da-doznaete-za-vashiot-partner-za-samo-edna-nok/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/eve-shto-mozhete-da-doznaete-za-vashiot-partner-za-samo-edna-nok/#respond Wed, 20 Sep 2023 08:45:12 +0000 https://kurir.mk/?p=879777

За жал, во врските често се фокусираме на она што не функционира. Дали постојано размислувате за тоа дека партнерот не ви обрнува внимание, дека предолго останува на работа или дека повеќе сака да си игра на телефонот наместо да разговара за вас? За овие и сличните проблеми морате да разговарате со партнерот. Доколку навистина сакате да допрете до него, можете да му ги поставите следниве 12 прашања. Со нивна помош ќе откриете што тој мисли за вашата врска и какви чувства крие за вас. Овој разговор ќе функционира само ако му дадете простор да биде отворен. Прашањата воопшто нема да бидат од корист доколку партнерот го прекинувате на секое прашање или го напаѓате, и обратно. Одговорите што ќе ги добиете се негов поглед кон нештата и во неговиот свет се оправдани. Подоцна можете да си ги замените улогите и прашањата да ги одговарате вие. Доколку се впуштите во ова „испрашување“, можете да дознаете многу за вас и за вашата врска. Во кои ситуации чувствуваш дека те сакам? Во кои ситуации чувствуваш дека не те сакам? Дали те допирам доволно? Има ли нешто што би сакал да го пробаш во кревет? Добиваш ли доволно комплименти од мене? Мислиш ли дека има нешто за коешто не сум искрена кон тебе? На кој начин го подобрувам твојот живот? Мислиш ли дека минуваме премногу или премалку време заедно? Што те повредило најмногу откако сме заедно? Дали си 100% сигурен дека сум верна? Дали те плаши нешто во нашата врска? Дали те иритира некој мој начин на однесување?]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/eve-shto-mozhete-da-doznaete-za-vashiot-partner-za-samo-edna-nok/feed/ 0