Млади таленти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 18 Oct 2023 13:31:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Млади таленти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Погледнете ги македонските убавини низ детските очи: Анастасија ја претставува Македонија пред светот на најубавиот можен начин (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/poglednete-gi-makedonskite-ubavini-niz-detskite-ochi-anastasija-ja-pretstavuva-makedonija-pred-svetot-na-najubaviot-mozhen-nachin-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/poglednete-gi-makedonskite-ubavini-niz-detskite-ochi-anastasija-ja-pretstavuva-makedonija-pred-svetot-na-najubaviot-mozhen-nachin-video/#respond Wed, 18 Oct 2023 13:31:12 +0000 https://kurir.mk/?p=890368

Анастасија Анастасова со своето семејство живее во Хамбург, Германија. Но, Македонија живее во нејзиното срце. Ова девојче, кое следниот месец ќе наполни 11 години, имаше прекрасна идеја, за чија реализација се вложи максимално и затоа со гордост може да каже дека успеа. Нејзина мотивација се љубовта кон родната земја и убавините кои Македонија ги поседува. Не мислеше дека е доволно за тие убавини да знае само таа, па сакаше да ги сподели со светот. Бесценето е да ги погледнете македонските богатства низ детските очи бидејќи нема нешто поискрено од детските емоции. Токму тоа стана успехот на Анастасија. Оваа Македонка има свој канал на Јутјуб, кој го води на два јазика – германски и македонски. За да допре до срцата на сите, видеата имаат и англиски превод. Семејството е нејзина најголема поддршка, па тие заедно работат снимање и монтажа, вложуваат свои средства, но пред сè – многу љубов. Скопје, Прилеп, Струмица, Кавадарци, Кратово, Охрид се само дел од локациите каде Анастасија направи свои мини документарци. Пред снимање се подготвува со информации кои од срце им ги пренесува на сите што ја гледаат. Снима интервјуа со славни личности од Македонија, кои наидуваат на голем интерес од страна на публиката. КУРИР стапи во контакт со неа, поразговаравме за идејата која успешно ја реализира, за згоди и незгоди на снимањето, за идните планови... Кој работи – тој и греши, а Анастасија ни откри две слатки случки од приказните кои секое видео ги носи со себе. -До сега сум имала многу случки и грешки што се случувале на снимање. Нешто што можам да одвојам тоа е на Цоцев Камен со зборот “опсерваторија“ каде што ми требаше неколку пати да го извежбам и сепак не го погодив точно. Во градот Кавадарци кога снимавме, цело време го кажував град Кратово и мораше повторно и повторно да се снима. Секое видео си има своја приказна позади себе интересна, ни кажа таа. Иако живее далеку, со мислите често е тука. Спомените за делови од Македонија биле избледени бидејќи кога за прв пат ги видела тие убавини, била уште мала. Затоа ја носи одлуката да се врати на тие места, па не само тоа, туку таму да направи видео кое секогаш ќе биде добар потсетник и промоција. -Нешто што најмногу сум горда е тоа што сите желби и идеи што сме ги замислиле со моите родители и сме се договарале ни се исполниле. Можеби имаме еден/два проекта што не ни се исполниле и реализирале. Најмногу се радувам на тоа што Македонија ја шетаме и запознаваме од почеток бидејќи кога ме шетале моите родители порано јас бев многу мала и не се сеќавам, вели Анастасија. Малиот професионалец веќе прави идни планови за проекти. Има желба да снима низ Аеродром, а следна цел е промоција на волшебното место - Свети Јован Бигорски. -Имав една идеја, но не ми е реализирана ќе видиме како ќе одговорат на мојата желба. Тоа е да се сретнам со нашиот Bürgermeister во превод градоначалник на мојата населба Аеродром каде што живеев. Мојата идеја е да прошетаме низ Детската улица каде што проодев, да ја видиме мојата градинка „Буба Мара“ каде што имам се уште убави спомени од таму и да се прошетаме низ паркот со авиончето. Сакам сите мои другарчиња од Германија да го видат моето детство како изгледало. Но ќе видиме за тоа. Инаку следен проект е да го посетиме Свети Јован Бигорски и ќе ја имам честа да снимиме едно прекрасно видео, истакна таа. Има и една порака до сите: „Ве замолувам сите да го заследите којот Youtube канал,  тоа е бесплатно, а  со тоа ми ја давате вашата поддршка да продолжам понатака“. Ова дете со неговата љубов кон Македонија може да биде пример и за возрасните. Во продолжение уживајте во дел од прекрасните видеа: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/poglednete-gi-makedonskite-ubavini-niz-detskite-ochi-anastasija-ja-pretstavuva-makedonija-pred-svetot-na-najubaviot-mozhen-nachin-video/feed/ 0
МАКЕДОНСКА ГОРДОСТ: Внукот на Иџе стана шампион, сонот на Стефан денес е јаве (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/makedonska-gordost-vnukot-na-idhe-stana-shampion-sonot-na-stefan-denes-e-jave-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/makedonska-gordost-vnukot-na-idhe-stana-shampion-sonot-na-stefan-denes-e-jave-foto/#respond Tue, 10 Oct 2023 12:15:18 +0000 https://kurir.mk/?p=887450

Пред 5 години, КУРИР пишуваше за едно мало слатко момче, со големи соништа. Го пофаливме дека веќе тогаш, на негова 7-годишна возраст, донесе голема одлука за својата иднина и професија. Имаше сон кој денес е реалност. -Јас кога ќе пораснам ќе бидам тркач. Сега ќе се трудам да бидам подобар секоја година. Освен што вежбам, јас постојано гледам трки со автомобили и мотори. И ќе дојде тој ден кога ќе излезам на светските големи трки. Со гордост ќе ја претставувам Македонија. Верувам дека ќе успеам, изјави Стефан за КУРИР во 2018-та година. И дојде тој ден. Сонот на Стефан стана јаве. Тој е син на Дејан Стефановски-Џани кој е поранешен автомобилист и шампион на Македонија во ридско-брзинскиот шампионат. Внук е на Игор Стефановски - Иџе. Токму тие двајца му се идоли и најголема поддршка. https://kurir.mk/magazin/mladi-talenti/ekskluzivno-vnukot-na-idze-trgna-po-negovite-stapki-maliot-stefan-kje-bide-idnata-makedonska-gordost/ Стефан Стефановски денес има 12 години, а зад себе успеси како да има децениска кариера. Секој натпревар му е предизвик, секој успех му е само нов мотив за понатаму. Многу работа, труд, посветеност - тоа е неговиот адут кој го води од победа во победа, од пиедестал до пиедестал. А каде што Стефан крева пехар и награда, таму се вее и македонското знаме.. Затоа ова момче треба да биде македонска гордост! Се натпреварува во Национални картинг серии во Бугарија и оваа година стана шампион во Ротакс МиниМакс класата . Со оваа титула доби Тикет за учество на Светско првенство во Бахреин на кое ќе учествуваат 400 шампиони од цел свет. Стефан во 2018-та беше вицешампион на Македонија. Во 2019-та шампион на Македонија и вицешампион на Бугарија...  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/makedonska-gordost-vnukot-na-idhe-stana-shampion-sonot-na-stefan-denes-e-jave-foto/feed/ 0
Она што не можат возрасните, можат децата: Во Штип три деца преку музика ќе направат спој на македонската и босанската култура и традиција https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/ona-shto-ne-mozhat-vozrasnite-mozhat-detsata-vo-shtip-tri-detsa-preku-muzika-ke-napravat-spoj-na-makedonskata-i-bosanskata-kultura-i-traditsija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/ona-shto-ne-mozhat-vozrasnite-mozhat-detsata-vo-shtip-tri-detsa-preku-muzika-ke-napravat-spoj-na-makedonskata-i-bosanskata-kultura-i-traditsija/#respond Mon, 17 Jul 2023 12:08:57 +0000 https://kurir.mk/?p=857396

Приказната на единаесет годишниот Ајдин Османовиќ од Сребреник, БИХ добива нова епизода. Овој пат ќе се спојат децата на Македонија и Босна на концерт. Три детски грла во придружба на нивните професори ќе ги изведат најубавите македонски традиционални песни и босански севдалинки. ,, Децата се најголемото богатство на светот. Македонија, Босна и Херцеговина како и сите други земји од регионот имаат богато културно наследство. Нашата желба е низ оваа позитивна приказна да ги споиме тие две богатства, бидејќи ние немаме ништо повредно од тоа. Децата и традицијата заедно. ” – ни изјави професорот и ментор на Ајдин, Јасмин Брашњиќ. Штип, градот под Исарот, на 26 јули во 20 часот во Домот на културата ќе биде место каде ќе се создаде нова музичка приказна. Лина Костадинова, која има само 10 години, и која освен со својата виолина, одлично се снаоѓа и во пеењето, заедно со својот постар брат Драган Костадинов, кој има 14 години и освојува први места на голем број домашни и меѓународни натпревари по хармоника, заедно со,, бисерното грло” Ајдин Османовиќ, кој преку соработката со својот ментор Јасмин Брашњиќ, успеа со посебни емоции мноштво македонски традиционални песни, преку музиката ќе направат нови мостови на пријателството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/ona-shto-ne-mozhat-vozrasnite-mozhat-detsata-vo-shtip-tri-detsa-preku-muzika-ke-napravat-spoj-na-makedonskata-i-bosanskata-kultura-i-traditsija/feed/ 0
Лара по 10 месеци ја прекина тишината со „Нека гори“ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/lara-po-10-mesetsi-ja-prekina-tishinata-so-neka-gori/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/lara-po-10-mesetsi-ja-prekina-tishinata-so-neka-gori/#respond Mon, 17 Jul 2023 07:53:05 +0000 https://kurir.mk/?p=857290

Девојката која ја разбуди и раздвижи македонската музичка поп сцена пред 2 години, продолжува со засилено темпо и ова лето. Нејзиниот талент, амбициозност и желба уште еднаш покажаа дека нештата кои се работат со посветеност и многу љубов вродуваат со плод. Младата и талентирана пејачка, Лара Иванова, која вниманието на јавноста го привлече со нејзините песни „Некогаш ќе помине“, „Ремек дело, „Душа“, „Цвеќе на тагата“ и многу други, по пауза од 10 месеци ја објави својата нова песна „Нека гори“. Со брз ритам за играње и текст кој за момент ќе ве одведе на некој тропски бар, новиот проект „Нека гори“ на Лара Иванова е уште една силна порака до цела македонска јавноста за нејзината неуморност и желба за вложување во македонската поп музика. „Нека гори“ ја има моќта да ве подигне и натера да танцувате и да се препуштите на убавината на звуците и енергичниот бит, кој наговестува уште еден музички летен хит. „Нега гори” е дело создадено од македонскиот музички продуцент Иван Јованов - Ивајо и Робин Зимбаков. Како важен дел од музичката кариера на Лара Иванова е дуетот со младиот македонски пејач „Пајак“ и нивната песна „Bella“, која стана регионален балкански хит и достигна над 22 милиони прегледи на Јутјуб. Тие минатата година се претставија со овој хит на најголемиот музички македонски фестивал „Макфест“. Овој дует е најсериозниот кандидат за добивање на наградата најслушана песна помеѓу две изданија на фестивалот. Покрај настапот на „Макфест“, минатата есен Лара беше номинирана за регионалните Mac награди во две категории со песните „Ремек дело“ и „Јас против целиот свет“ кои се во соработка со македонскиот пејач, продуцент и композитор Роберт Билбилов. За каков музички талент зборуваме, Лара го покажа со добивање на наградата за „Најперспективен артист“ на 26. издание на „Златна бубамара на популарноста“. Се надеваме дека овој нов музички производ ќе биде уште еден нејзин хит кој ќе го продолжи патот на нејзината успешна музичка кариера. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/lara-po-10-mesetsi-ja-prekina-tishinata-so-neka-gori/feed/ 0
Некој бара малку, а таа бара многу: Слушнете ја најновата песна на атрактивната Теа Трајковска – „Многу барам“ (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/nekoj-bara-malku-a-taa-bara-mnogu-slushnete-ja-najnovata-pesna-na-atraktivnata-tea-trajkovska-mnogu-baram-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/nekoj-bara-malku-a-taa-bara-mnogu-slushnete-ja-najnovata-pesna-na-atraktivnata-tea-trajkovska-mnogu-baram-video/#respond Thu, 22 Jun 2023 13:30:30 +0000 https://kurir.mk/?p=848624

Секогаш уникатна, како во стилот, така и во музиката која ја создава... Младата пејачка Теа Трајковска вчеравечер преку социјалните мрежи ја промовираше својата најнова песна со наслов „Многу барам“, која повторно е нешто поразлично од она што сме навикнати да слушаме и гледаме на нашата сцена. Станува збор за уште една одлична нумера создадена во студиото на нејзиниот долгогодишен соработник – продуцентот Лазар Цветкоски. Како и за сите нејзини претходни песни, така и за оваа Теа со својата екипа од соработници сними и доста модерен спот. „Оваа песна се случи спонтано и таква енергија и носи. Кога правиме нова музика со Лазе сакаме да експериментираме со музичките стилови ама мислам дека ова е правец во кој сум најмногу своја и од тие причини „Многу барам" ми е една од омилените песни кои сме ги направиле. Спотот со Горан го снимавме подолг временски период за да го погодиме „вајбот“ што ни го даваше песната, а во текстот и самата приказна верувам дека секој ќе се пронајде и се надевам дека ќе ѝ се допадне на публиката“, вели Теа. Инаку ова лето Теа ќе го помине работно, неа може да ја слушате и гледате секоја недела во летната дискотека „Хавана“ во Скопје, но настапи ќе има и во останатите градови во нашата земја. Погледнете го спотот за нејзината најнова песна „Многу барам“: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/nekoj-bara-malku-a-taa-bara-mnogu-slushnete-ja-najnovata-pesna-na-atraktivnata-tea-trajkovska-mnogu-baram-video/feed/ 0
16 годишниот продуцент „PabloBlessed“ од Македонија кој ја освој американската сцена со неговата уметност https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/16-godishniot-produtsent-pabloblessed-od-makedonija-koj-ja-osvoj-amerikanskata-stsena-so-negovata-umetnost/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/16-godishniot-produtsent-pabloblessed-od-makedonija-koj-ja-osvoj-amerikanskata-stsena-so-negovata-umetnost/#respond Mon, 20 Mar 2023 09:12:39 +0000 https://kurir.mk/?p=814018

16 годишниот продуцент од Македонија Павел Николовски или познат како „PabloBlessed“ во соработка со Американскиот рапер „Exotix“ кој што има преку 600.000 месечно слушатели кој се двои со хитот „Ton1ght” кој што има вкупно 20.000.000+ слушања од сите Streaming платформи. „Се започнува со соништата, но продолжува со голема желба и уште поголема љубов кон тоа што го правиме. До успехот се стига со напорна работа, кога мотивацијата е мала но сепак напорната работа не престанува, кога нема никаква добивка но пак идеме кон целта. Од земја во која хип хопот и трапот се на минимално ниво да се стигне до американската сцена е премногу тешко“, вели Николовски. Кој е „PabloBlessed“ Се започнало на неговите 9 години кога за прв пат дознал за „FL Studio“ и „Virtual DJ“. Павел Николовски или „PabloBlessed“ поминувал саати седејќи пред својот компјутер за да ги усоврши своите вештини. Но сепак на 9 годишна возраст тоа му било само хоби и не знаел дека тоа „хоби” има голема заработка, па затоа не бил толку сериозен со тоа што го правел. „PabloBlessed“ покрај правење битови, цел живот се бави со спорт. Тренирал 8 години фудбал и 2 години карате. Во 2020та година, кога „PabloBlessed“ имал 14 години, за време на карантинот поради ковид вирусот, сфатил дека љубовта кон правењето битови е преголема и дека одлучил да се бави сериозно и да му биде тоа професија. Инспирацијата му доаѓала издавачката куќа „Internet Money“, кои се цела група од познати и успешни продуценти и рапери. Многу непреспиени ноќи, многу предизвици поминале за „PabloBlessed“ да стигне до ова ниво. Иако „PabloBlessed“ се уште е во средно училиште, знаејќи дека треба да станува рано за на училиште, тој сепак ги поминувал ноќите правејќи битови. Денови каде што не сакал да прави битови но сепак правел, денови каде што сите негови другари играле игри заедно, но сепак тој правел битови, иако му било многу тажно и тешко но сепак вредело. Никој не верувал дека ќе успее, но имал голема поддршка од своите родители и другари, но најголема поддршка добил од една посебна личност. Својата опрема „PabloBlessed“ ја купил со своите први заработени пари од продавање битови на неговиот „YouTube“ канал каде што има повеќе од 380 објавени битови за купување. „PabloBlessed“ се совладал сам, научил сам да користи midi (синтисајзер), Mix and Master и многу други работи поврзани со неговата продукција. Покрај другите успеси најголем успех има со соработката со раперот „Exotix“. „PabloBlessed“ успеал својата уметност да ја вметне во неговиот албум наречен „Retribution”, кои што го изработил битот за песната „Iffy”. Следете го и слушајте ја неговата добра музика.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/16-godishniot-produtsent-pabloblessed-od-makedonija-koj-ja-osvoj-amerikanskata-stsena-so-negovata-umetnost/feed/ 0
ГЛАСАЈТЕ ЗА БРОЈ 12: Осмооделенката Дариа Милошеска се пласираше во финалето на меѓународниот натпревар „Colour of voices“ https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/glasajte-za-broj-12-osmoodelenkata-daria-milosheska-se-plasirashe-vo-finaleto-na-megjunarodniot-natprevar-colour-of-voices/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/glasajte-za-broj-12-osmoodelenkata-daria-milosheska-se-plasirashe-vo-finaleto-na-megjunarodniot-natprevar-colour-of-voices/#respond Sun, 27 Jun 2021 20:43:14 +0000 https://kurir.mk/?p=528662

Македонската осмооделенка, Дариа Милошеска од 1350 основци влезе во финале на меѓународен натпревар „Colour of voices“ и почна гласањето. Сите, заедно и масовно да гласаме за број 12, со цел за што подобар пласман на нашата Дариа, па и победа. На следниот линк, подолу можете да и ја датете подршката на нашата шампионка, гласајте за број 12, за победа на нашата Дариа: Colour of voices    ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/glasajte-za-broj-12-osmoodelenkata-daria-milosheska-se-plasirashe-vo-finaleto-na-megjunarodniot-natprevar-colour-of-voices/feed/ 0
Домашните „Funk Shui“ на 10. фестивал „Здраво млади“ https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/domashnite-funk-shui-na-10-festival-zdravo-mladi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/domashnite-funk-shui-na-10-festival-zdravo-mladi/#respond Thu, 02 Jul 2020 09:11:04 +0000 https://kurir.mk/?p=367227

Јубилејното десетто издание на фестивалот на нова музика „Здраво Млади“ ќе се одржи на 27 август годинава во паркот МКЦ. На фестивалот ќе учествуваат нашиот бенд „Funk Shui“, данските легенди на инди-рок сцената „Efterklang“, „Lalalar“ од Истанбул, „Viagra Boys“ од Шведска, британското пост-панк трио  „Shopping“. Фестивалот, како што, информираа Младинскиот културен центар (МКЦ), ќе биде реализиран со почитување на Протоколот за организација на настани, кој беше усвоен на 73-та седница на Владата. Билетите по цена од 500 денари се достапни на билетарницата во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/domashnite-funk-shui-na-10-festival-zdravo-mladi/feed/ 0
Средношколецот Христијан Андовски од Велес освои второ место на Европскиот квиз на парите https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/srednoshkolecot-hristijan-andovski-od-veles-osvoi-vtoro-mesto-na-evropskiot-kviz-na-parite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/srednoshkolecot-hristijan-andovski-od-veles-osvoi-vtoro-mesto-na-evropskiot-kviz-na-parite/#respond Fri, 26 Jun 2020 09:38:22 +0000 https://kurir.mk/?p=363315

Христијан Андовски, ученик во средното училиште „Коле Неделковски“ од Велес, освои второ место во финалето на Европскиот квиз на парите – најголемо европско натпреварување во сферата на финансиската едукација. Победниците ги објави Европската банкарска федерација (ЕБФ) – првото место го освои претставник на Шпанија, а третопласирани се претставници на Чешка. Второто место во Европа Андовски го освои во конкуренција на голем број натпреварувачи од 28 држави. Според податоците на ЕБФ, преку онлајн-платформата Кахут (Kahoot!), оваа година, бројот на учесници на Европскиот квиз на парите е значајно поголем во споредба со минатата година. Ова е втор успех за наши ученици на Европскиот квиз на парите. Минатата година, кога нашата земја првпат учествуваше во овој квиз, европски вицешампиони беа Викторија Панова и Марко Инѓилизов од гимназијата „Кочо Рацин“ од Велес, коишто претходно беа победници на националниот натпревар. Македоската банкарска асоцијација (МБА) соопшти дека повторувањето на успехот на европско ниво од младиот велешанец Андовски уште еднаш потврдува дека интензивното вложување во финансиската едукација на младите од земјата веќе дава видливи резултати – и преку интересот на младите за стекнување знаења во областа на финансиите, но и преку подигнување на нивото на нивната финансиска писменост. -Дополнителен показател за ова е и тоа што годинава, во големото европско финале на Европскиот квиз на парите, најбројни беа претставниците на нашата земја. Андовски ја имаше искористено можноста што годинава ЕБФ ја даде заради глобалните околности со пандемијата на Ковид-19, во финалето на Европскиот квиз на парите, преку онлајн-пристап да можат да учествуваат сите заинтересирани, вклучително и учениците коишто претходно не учествувале во националните натпреварувања, наведува МБА. Македонската банкарска асоцијација го организира учеството на нашата земја на Европскиот квиз на парите во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност и со поддршка од министерстата за финансии и за образование и наука. МБА најави дека во претстојниот период се планираат и други заеднички активности во сферата на финансиската едукација, приспособени на можностите додека е во тек пандемијата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/srednoshkolecot-hristijan-andovski-od-veles-osvoi-vtoro-mesto-na-evropskiot-kviz-na-parite/feed/ 0
„Како ли јас да пораснам“ стана хит и за новите генерации: Ја препеја талентираниот Милан во „Дајте музика“ https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/kako-li-jas-da-porasnam-stana-hit-i-za-novite-generacii-ja-prepeja-talentiraniot-milan-vo-dajte-muzika/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/kako-li-jas-da-porasnam-stana-hit-i-za-novite-generacii-ja-prepeja-talentiraniot-milan-vo-dajte-muzika/#respond Fri, 22 Nov 2019 08:48:29 +0000 https://kurir.mk/?p=267459

Родителите во денешно време често коментираат дека нема детска програма на телевизиите која може да ги замени “нашите времиња“. Оваа теза ја побива секоја епизода на новите сезони од „Дајте музика“, крупен проект реализиран под палката на актерката Весна Петрушевска-Бејби. Се врати квалитетната програма за деца, безвременските детски хитови, шегите, поучните епизоди. Преку дружбата со славните личности од нашата сцена се прави комбинација која е полн погодок. Децата од  „Дајте музика“ освен што настапуваат со нови песнички, ги препејуваат и постарите детски хитови со кои растеа генерации и генерации. Ако зборуваме за безвременски песни изведени од дете за деца, не е можно да не ја спомнеме култната „Како ли јас да пораснам“. Ако сметавте дека е подзаборавена, сега можете да бидете спокојни. Новата верзија е препејана од Милан Данчев, талентираното дете кое ги примами симпатиите на публиката во улогата на Цонде од „Дајте музика“. Ова дете кое ја обожава глумата и пеењето, го заслужи своето место во рубриката „Млади таленти“ на КУРИР.МК. -Кога се емитуваше епизодата во која ја пејам „Како ли јас да пораснам“, девојчињата во училиште веднаш ме пофалија. Рекоа дека тоа е моја химна. Дел од нив веќе ја знаеја, дел мислеа дека е моја. Добив многу пофалби кои навистина ме израдуваа, вели Милан. Згодите и незгодите кои ги доживуваат во епизодите, како и за време на самото снимање, за Милан претставуваат игра низ која учи многу за животот. Пред се, колку е важно другарувањето. Милан е дел од Актерската школа  на Весна Петрушевска повеќе од една година. -Таму постојано учиме нешто ново. Секој час ни е нова лекција. Уживаме иако имаме обврски бидејќи сето тоа го правиме низ дружење. Ги  слушаме советите на Весна, а таа ни дава голема поддршка. Тоа е поттик за нашиот талент, кога позната актерка ни е ментор во тоа што сакаме да го правиме, раскажа Милан за КУРИР. Големо доживување за него е да се запознава со гостите кои ја збогатуваат секоја епизода во „Дајте музика“. -Снимањето понекогаш беше напорно, но интересно и во него уживавме сите. Се дружевме меѓу себе, а се радував кога ни гостуваат славните личности и се запознавав со нив, истакнува талентираниот Милан. Милан веќе има понуди за снимање на реклами и спотови. Иако по години е мал, тој функционира како професионалец. Сериозно ја има сфатено својата улога и професијата во која се гледа себеси и во иднина.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/kako-li-jas-da-porasnam-stana-hit-i-za-novite-generacii-ja-prepeja-talentiraniot-milan-vo-dajte-muzika/feed/ 0