Економија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Nov 2023 11:42:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Економија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Доновска-Гечева од Народната банка: Банките се обврзани да ги информираат граѓаните за надоместоците за платежните услуги https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/donovska-gecheva-od-narodnata-banka-bankite-se-obvrzani-da-gi-informiraat-graganite-za-nadomestotsite-za-platezhnite-uslugi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/donovska-gecheva-od-narodnata-banka-bankite-se-obvrzani-da-gi-informiraat-graganite-za-nadomestotsite-za-platezhnite-uslugi/#respond Fri, 03 Nov 2023 11:42:11 +0000 https://kurir.mk/?p=896151

Преку информативен документ за надоместоците за платежни услуги, со податоци во стандардизирана форма, банките и штедилниците, односно сите даватели на платежните услуги, се должни да ги информираат граѓаните за трошоците коишто им ги наплаќаат. Ова е пропишано со новиот Закон за платежни услуги и платни системи, како и со подзаконските акти, со кои значително се зајакнува заштитата на потрошувачите и транспарентноста кон нив, посочува Биљана Доновска-Гечева, самостојна советничка во Дирекцијата за платни системи при Народната банка, во гостување на националниот сервис МТВ.

Доновска-Гечева истакнува дека со новата регулатива јасно и прецизно се пропишуваат дури и навидум неважните елементи во обраќањето на банките кон граѓаните. Исто така, секогаш кога има промена во некој од условите, давателите на платежните услуги мораат да ги информираат граѓаните на соодветен начин. „Од информативниот документ, којшто е стандардизиран, граѓанинот ќе ги дознае сите услови поврзани со платежните услуги и ќе одлучи со која банка ќе склучи договор, според сопствените потреби“, вели Доновска-Гечева.

-За на граѓаните да им е полесно да ги споредат надоместоците за платежните услуги од различни банки, банките се обврзани да ги доставуваат информативните документи за надоместоците и до Народната банка, којашто, пак, изработи алатка којашто овозможува лесен пристап и споредба на сите информативни документи на едно место. „Алатката може да ја најдете на воведното мени на веб-страницата на Народната банка, како и во делот којшто го наменивме за заштитата на потрошувачите. Алатката е исклучително лесна за употреба, а има и куси објаснувања за начинот на користење. Подготвуваме и краток видеозапис, за да може граѓанинот полесно да се информира за оваа мошне корисна алатка“, посочува Доновска-Гечева и објаснува дека на тој начин им се олеснува на граѓаните, како потрошувачи, при изборот на банката и на услугите коишто најмногу им одговараат ним.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/donovska-gecheva-od-narodnata-banka-bankite-se-obvrzani-da-gi-informiraat-graganite-za-nadomestotsite-za-platezhnite-uslugi/feed/ 0
Раст на прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rast-na-prometot-vo-trgovijata-na-malo-so-hrana-pijalatsi-i-tutun/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rast-na-prometot-vo-trgovijata-na-malo-so-hrana-pijalatsi-i-tutun/#respond Thu, 02 Nov 2023 15:27:39 +0000 https://kurir.mk/?p=895876

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во септември 2023 година, во споредба со септември 2022 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот во номиналната и реалната стапка е забележано само во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун, и тоа за 9.7 % номинално и за 2.1% реално. Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво номинално расте за 1.7 %, а реално опаѓа за 3.9 %, Трговија на мало, освен трговија со горива номинално расте за 5.8 %, а реално опаѓа за 0.9 %. Пад во двете стапки е забележан само во групата Трговија на мало со автомобилски горива, номинално за 8.3 %, а реално за 5.0 %.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rast-na-prometot-vo-trgovijata-na-malo-so-hrana-pijalatsi-i-tutun/feed/ 0
Таксата за транзит на руски гас ја отвара можноста за зголемување на цената на парното и струјата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/taksata-za-tranzit-na-ruski-gas-ja-otvara-mozhnosta-za-zgolemuvane-na-tsenata-na-parnoto-i-strujata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/taksata-za-tranzit-na-ruski-gas-ja-otvara-mozhnosta-za-zgolemuvane-na-tsenata-na-parnoto-i-strujata/#respond Thu, 02 Nov 2023 06:18:56 +0000 https://kurir.mk/?p=895575

Бугарската такса за транзит на руски гас може да резултира со поскапување на рускиот енергенс за крајните корисници што, пак, ќе предизвика зголемување на цената на парното и струјата. Северна Македонија бара ослободување на капацитетите за гас и таксата да не важи затоа што, како што вчера изјави премиерот Димитар Ковачевски, таа е неправедно наметната. Воведувањето на оваа такса, според него, ќе предизвика зголемување на цената на електричната енергија и на парното. - Затоа побаравме да се ослободи капацитетот за да може Северна Македонија да набавува гас од други извори, што нема да биде руски и со тоа нема да биде оптоварен со оваа дополнителна такса. Во моменот се водат разговори и на ниво на Европската Унија и со Бугарија со соодветното министерство за да може ова да биде направено. Минатата година успеавме заедно со Европската комисија и Бугарија да ослободиме капацитет за набавка на гас што не е исклучиво во сопственост на „Газпром“ и се надевам дека и годинава ќе успееме да го направиме тоа, рече Ковачевски, додавајќи дека заедно со министерот за економија веќе реагирале до Европската комисија. Министерот за економија Крешник Бектеши вчера соопшти дека до крајот на ноември ќе се чека одговор на барањето до Европската комисија за таксата за транзит на рускиот гас. - До крајот на месец ноември ќе чекаме одговор на нашата реакција и нашето барање до Европската комисја за воведената такса за транзит на руски гас од страна на Бугарија. Нашето барање е да се ослободат дополнителни капацитети на гасоводот којшто го имаме со Бугарија и којшто е целосно закупен од „Гаспром“. Доколку не се ослободат потребните количини за нашите потреби, ќе бараме конпензирање на штетата од страна на Европската комисија за непочитување на нивните директиви, а зошто да не и да ја бараме правдата во меѓународен спор со Европската комисија и со „Булгаргастранс“, истакна Бектеши во емисијата „Аргумент плус“ на Телевизија 24. Од друга страна, според Регулаторната комисија за енергетика, не се очекува корекција на цената до крајот на грејната сезона. -Корекции на цената до крајот на грејната сезона нема да има без разлика на таксата за руски гас. На последниот тендер за набавка на природен гас, цената е вообичаена и е некаде во рамки на берзата во Холандија, најголемата берза во Европа. Дали во таа цена е вкалкулиран екстра трошок или не, не знаеме, но цената е во рамки на цената на европските берзи. Верувам дека во наредниот период ќе бидат преземени сите мерки, зашто Македонија на ниту еден начин не треба да биде погодена од воведувањето на оваа такса зашто оваа такса се однесува исклучиво на руски гас и јасно е дека земјава не била таргетот, туку тоа се други држави кои не знам од кои причини се однесуваат така како што се однесуваат, изјави во вторникот претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски. Реакции за воведувањето на таксата за рускиот гас од страна на Бугарија имаше и од страна на српскиот претседател Александар Вучиќ и унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. - Ова е голем проблем за нас. Тоа ќе доведе до драстично зголемување на цената на гасот за дополнителни 100 евра за 1000 кубни метри гас. Ова е ужасно зголемување и ќе разговараме со бугарската страна. И оваа одлука не треба да важи за Србија, реагираше српскиот претседател Александар Вучиќ. Според унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, новите бугарски такси се неприфатливи и ја загрозуваат европската солидарност. Од Европската комисија вчера изјавија дека Бугарија има право сама да одлучува како ќе ги користи приходите од наплатата на таксата. - Таксите што ги наплаќа Бугарија за транзит на рускиот гас за Србија, Унгарија и Северна Македонија се национална мерка и затоа право на Бугарија е да одлучи каде ќе ги насочи овие приходите, изјави портпаролот на ЕК за климатска акција и енергија Тим Мекфи, потсетувајќи дека во 11-те пакет-мерки што ЕУ ги воведе против Русија, во делот на енергенсите санкции се предвидени само за нафтата и јагленот, но не и за гасот. Бугарија на 13 октомври воведе такса за транзит на рускиот гас низ нејзина територија во висина од 10 евра за мегават час, од која очекува годишен приход од 1,2 до 1,5 милијарди евра, средства кои, како што најави минатата недела бугарскиот премиер Николај Денков, би можеле директно да завршат во Буџетот на ЕУ. Софија очекува првите приходи од новата такса да се најдат на нејзината сметка на 14 ноември, но некои бугарски енергетски експерти изразуваат сомнеж дека земјата воопшто ќе добие некакви средства. Експертот Калојан Стајков за „Еурактив“ изјави дека гасоводот преку кој транзитира гасот „тешко дека ќе може да се оквалификува како руски, бидејќи поврзува неколку извори“ на енергенсот. „Газпром“ досега не се изјасни за новата енергетска такса и не е познато дали има намера да ја плаќа. Бугарскиот министер за финансии Асен Василев минатата недела изјави дека доколку „Газпром“ одбие да ја плаќа таксата ќе бидат запленети неговите финансиски гаранции на договорите во Бугарија, а може да се соочи со конфискување на имот во земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/taksata-za-tranzit-na-ruski-gas-ja-otvara-mozhnosta-za-zgolemuvane-na-tsenata-na-parnoto-i-strujata/feed/ 0
Зголемен бројот на работници во индустријата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zgolemen-brojot-na-rabotnitsi-vo-industrijata-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zgolemen-brojot-na-rabotnitsi-vo-industrijata-2/#respond Wed, 01 Nov 2023 12:59:47 +0000 https://kurir.mk/?p=895390

Бројот на работниците во индустријата во септември годинава, во однос на септември лани, е зголемен за 2.4 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен бележи опаѓање од 1.6 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 3.1 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 5.1 %. Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата, бележи пораст кај Капитални производи за 15.7 %, опаѓање бележи кај Енергија за 4.3 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 3.7 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 4.7 %, додека кај Нетрајни производи за широка потрошувачка е на исто ниво. Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – септември 2023 година, во однос на истиот период од 2022 е поголем за 1.1 отсто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zgolemen-brojot-na-rabotnitsi-vo-industrijata-2/feed/ 0
Парното од денеска поскапо за 4,51 отсто https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/parnoto-od-deneska-poskapo-za-4-51-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/parnoto-od-deneska-poskapo-za-4-51-otsto/#respond Wed, 01 Nov 2023 06:37:49 +0000 https://kurir.mk/?p=895141

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) вчера донесе одлука со која за 4,51 отсто се зголеми цената на парното греење во Скопје. Според најавите од РКЕ, не се очекува да и ма корекција на цената до крајот на грејната сезона и покрај најавеното воведување такса од 10 евра од страна на Бугарија за транспорт на мегават час руски природен гас низ бугарскиот гасовод. -Корекции на цената до крајот на грејната сезона нема да има без разлика на таксата за руски гас. На последниот тендер за набавка на природен гас, цената е вообичаена и е некаде во рамки на берзата во Холандија, најголемата берза во Европа. Дали во таа цена е вкалкулиран екстра трошок или не, не знаеме, но цената е во рамки на цената на европските берзи. Верувам дека во наредниот период ќе бидат преземени сите мерки, зашто Македонија на ниту еден начин не треба да биде погодена од воведувањето на оваа такса зашто оваа такса се однесува исклучиво на руски гас и јасно е дека земјава не била таргетот, туку тоа се други држави кои не знам од кои причини се однесуваат така како што се однесуваат, рече вчера претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски. Тоа, како што кажа, не е работа на РКЕ, а една од опциите е и да ни се зголеми капацитетот на интерконективниот гасовод што го имаме со Бугарија за да може да доаѓа природен гас и од други земји, освен од Русија. -Сметам дека Македонија на ниту еден начин, со ништо, не предизвикала цената на природниот гас во државата да се зголеми, рече претседателот на РКЕ. Министерот за економија Крешник Бектеши, пак, неодамна најави дека ќе бараат оштета од Бугарија и дополнителна поддршка од Европската Унија за воведувањето на таксата доколку не бидат ослободени капацитетите на гасоводот преку кој се снабдуваме со гас од Бугарија, бидејќи токму Бугарија до 2030 година му ги има отстапено сите капацитети на овој гасовод на руски „Гаспром“ со исклучок на капацитетите кои лани беа ослободени. -Ослободувањето на капацитетите е обврска на Европската Унија согласно начелата за целосна либерализација на пазарите. Не може да се воведе такса само за една држава. Во делот на гасоводот на Бугарија со Србија не се закупени капацитетите од страна на „Гаспром“ што значи дека Србија може да користи и други извори освен рускиот гас, а во случајот на нашата држава сами го имаат дадено целиот капацитет на гасоводот под закуп на „Гаспром“ до 2030 година, освен последните капацитети што лани беа ослободени. Затоа бараме веднаш да се ослободат капацитетите и да имаме можност и ние да бидеме снабдувани и од други извори за потребите што ги имаме, вклучително од Азербејџан или ЛНГ терминалите, изјави Бектеши.Капацитетите на гасоводот, како што посочи Бектеши, не се закупени од „Гаспром“ на нашата територија, туку на територија на Бугарија која воедно е и територија на ЕУ. - Затоа доколку не се ослободат капацитетите ќе бараме оштета од Бугарија и дополнителна поддршка од Европската Унија за воведувањето на таксата, рече Бектеши. Порача дека додека е министер за економија нема да прифати никаква уцена од никоја држава во делот на снабдување и загрозување на енергетската безбедност на државата. -Да уцениш држава е неприфатливо и е спротивно на начелата на работа на Европската Унија, а Бугарија е членка на ЕУ и веднаш треба да ги укине таксите не само кон нашата држава, туку и генерално бидејќи се неприфатливи во ЕУ. Ни кажаа дека ќе направат напори да ги ослободат капацитетите и ја очекуваме нивната одлука. Во случај да не ги ослободат капацитетите, ќе ги користиме моменталните капацитети што ги имаме и ќе бараме дополнителни отштети од Бугарија и Европската унија, бидејќи бараме само ослободување на капацитетите и не се мешаме во нивната фискална политика за воведување на дополнителни такси, рече Бектеши. Одлуката на Бугарија, додаде, е нивна внатрешна одлука, но треба да се има предвид и јасно и отворено да им се каже дека ако носат такви одлуки треба да носат и други одлуки со кои ќе се ослободат капацитетите за државите да имаат простор да се снабдуваат од други извори како што е случајот со нашата земја, нагласи Бектеши. Претходната година, како што посочи, се ослободени одредени капацитети во делот на гасоводот што го имаме со Бугарија, но тие не се доволни за побарувачката и потребите на земјава. Нагласи дека е во постојан контакт со компаниите и дека веќе реагирал кај Енергетската заедница и кај Европската комисија за проблемот со новата такса во Бугарија. -Очекувам да се ослободат капацитетите кои токму Гаспром ги има закупено од бугарската страна. Легитимно е да воведат такса за природен гас кој доаѓа од Гаспром, но треба да ги ослободат капацитетите кои се закупени од страна на Гаспром кон Северна Македонија. Тоа е нашето барање и не сакаме да се мешаме во делот на фискалната политика на Бугарија, но имаме право да се жалиме во делот на либерализација на пазарот на природен гас и да бараме од Европската Унија тоа да го применат нивните членки, потенцира Бектеши. Вкупно 64.000 домаќинства во Скопје се снабдуваат со топлинска енергија преку системот за централно греење кој работи на природен гас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/parnoto-od-deneska-poskapo-za-4-51-otsto/feed/ 0
Индустриското производство во септември со раст од 4,5 отсто на месечно ниво https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/industriskoto-proizvodstvo-vo-septemvri-so-rast-od-4-5-otsto-na-mesechno-nivo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/industriskoto-proizvodstvo-vo-septemvri-so-rast-od-4-5-otsto-na-mesechno-nivo/#respond Tue, 31 Oct 2023 13:17:45 +0000 https://kurir.mk/?p=894948

Индустриското производство во септември годинава во однос на септември минатата година е зголемено за 4,5 отсто, а за 0,7 проценти во периодот јануари - септември годинава во однос на истиот период лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2023 година, во однос на септември 2022 година, бележи пораст од 23,4 проценти, а пораст има и во Преработувачка индустрија од 3,8 проценти. Опаѓање од 10,1 процент е регистриран во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација. ДЗС посочува дека зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во одделите: Производство на пијалаци, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и Производство на мебел. Според главните индустриски групи, производството во септември 2023 година, во однос на септември 2022 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 21,5 проценти и Капитални производи за 0,7 проценти, а опаѓање кај Енергија за 10,5 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 6,8 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,8 проценти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/industriskoto-proizvodstvo-vo-septemvri-so-rast-od-4-5-otsto-na-mesechno-nivo/feed/ 0
РКЕ објави: Еве колку ќе поскапи парното греење од утре https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rke-objavi-eve-kolku-ke-poskapi-parnoto-greene-od-utre/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rke-objavi-eve-kolku-ke-poskapi-parnoto-greene-od-utre/#respond Tue, 31 Oct 2023 12:13:03 +0000 https://kurir.mk/?p=894903

Регулаторната комисија за енергетика денеска ги соопшти новите цени за топлинската енергија кои ќе важат од утре, 1 ноември. За најголемиот систем во Скопје (ЕСМ снабдување) цената на топлинската енергија се зголемува за 4,51 процент. Ова значи дека на сметка од 1.000 денари зголемувањето ќе биде 45 денари или како што појасни претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, конкретно за просечна сметка од 1.800 денари, поскапувањето ќе биде 80 денари. -Оваа одлука не ја носевме додека не добивме цврсто уверување дека ќе започне поставување на цевковод на мостот Беласица, посочи Бислимоски. Вкупно 64 000 домаќинства се снабдуваат со топлинска енергија.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rke-objavi-eve-kolku-ke-poskapi-parnoto-greene-od-utre/feed/ 0
Солидарен данок не платиле 52 обврзници, ќе им бидат блокирани сметките на 24 ноември https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/solidaren-danok-ne-platile-52-obvrznitsi-ke-im-bidat-blokirani-smetkite-na-24-noemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/solidaren-danok-ne-platile-52-obvrznitsi-ke-im-bidat-blokirani-smetkite-na-24-noemvri/#respond Tue, 31 Oct 2023 10:40:52 +0000 https://kurir.mk/?p=894853

Заклучно со денеска се уплатени 2.210.108.927 денари по основ на солидарен данок од страна на 98 даночни обврзници од вкупно 150. Тие што не платиле ќе добијат писмена опомена на 6 ноември, а доколку во меѓувреме не ја исполнат обврската ќе им биде блокирана сметката на 24 ноември. Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денеска во одговор на новинарско прашање информираше дека вкупната уплатена сума е 2.210.108.927 денари. Најнискиот износ што е уплатен по тој основ е 39.342 денари, а највисокиот 257.293.088 денари. Само еден даночен обврзник направил пребивање со поврат на ДДВ во износ од 42.259.181 денар. -Бидејќи рокот беше до 25 октомври, за сите кои немаат направено плаќање на данокот на солидарност ќе се преземат мерки согласно со Законот за даночна постапка. На 6 ноември веќе ќе ги доставиме опомените, доколку и по тоа немаат направено уплата на 24 ноември, веќе ќе пристапиме кон блокирање на нивните сметки, најави Лукаревска. Даночните обврзници што ги опфаќа Законот за данок на солидарност се известени дека важат сите одредби, односно правила од Законот за даночна постапка дека може да ја направат уплатата на три рати заклучно со крајот на годинава, или пак за еднократно одложување на долгот до крајот на декември, со банкарска гаранција или со движен или недвижен имот со којшто УЈП би ставила соодветен залог. -Постојано сме во контакт со сите компании за сите нивни прашања и дилеми, рече Лукаревска, која на прес-конференција ги соопшти највисоките приходи во 2022 година. Законот за данок на солидарност беше донесен на 19 септември годинава, а собраните средства, според најавите од Владата, ќе бидат наменети за антикризни мерки и ќе одат кај најранливите категории на граѓани. Стопанската комора на Северна Македонија на 13 октомври поднесе Иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на Законот за данок за солидарност пред Уставниот суд, со предлог за донесување решение за запирање на извршувањето на поединечните акти и дејствија донесени врз основа на оспорениот Закон, до донесување на конечната одлука. Лукаревска вели дека ќе постапуваат во однос на средствата што во меѓувреме ги уплаќаат обврзниците во зависност од известувањето од Уставниот суд за одлуката што ќе се донесе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/solidaren-danok-ne-platile-52-obvrznitsi-ke-im-bidat-blokirani-smetkite-na-24-noemvri/feed/ 0
ПАРНОТО ГРЕЕЊЕ ОД УТРЕ СО НОВА ЦЕНА: Денеска ќе се знае колку ќе поскапи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/parnoto-greene-od-utre-so-nova-tsena-deneska-ke-se-znae-kolku-ke-poskapi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/parnoto-greene-od-utre-so-nova-tsena-deneska-ke-se-znae-kolku-ke-poskapi/#respond Tue, 31 Oct 2023 06:22:45 +0000 https://kurir.mk/?p=894690

Новата цена на топлинската енергија во Скопје, а која ќе се применува од утре ќе биде објавена денеска. Според најавите од претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, парното нема да поскапи повеќе од 5 проценти, односно, како што вели, зголемувањето би се движело до максимум од 50 до 60 денари на месечно ниво. -Кога зборуваме за немање ценовни шокови знаете дека имаме висока инфлација, зголемени се материјалите за работа на сите компании, дополнително има и усогласувања во однос на минималната плата, така што јас не верувам дека ќе имаме зголемување поголемо од 5 отсто коешто нема да претставува проблем за граѓаните во градот Скопје. Сега во овој момент тоа е најевтин начин на греење така што за еден просечен стан ако би имало зголемување тоа би се движело до максимум на месечно ниво за 50-60 денари што сметам дека не претставува проблем, изјави вчера Бислимовски во телевизиско гостување. Одлуката за новата цена требаше да биде донесена во август годинава, но беше одложена поради оштетувањето на топловодот на мостот „Беласица“, што беше опожарен и се чекаше старт на работите за санација. Вообичаено РКЕ носи две одлуки за парното годишно, првата на почетокот на август, а втората во декември. Годинава, како што кажа Бислимоски, ќе донесат само една одлука за цената која ќе важи во текот целата година. Во Скопје има околу 60 000 корисници на топлинска енергија. Во реоните каде што има парно греење трафостаниците не се димензионирани за греење со електрична енергија поради што Бислимоски очекува да продолжи субвенционирањето на цената на греењето од страна на Владата. Со одлуката за новата цена треба да се вратат и шесте милиони евра што во јануари 2022 година ги даде Владата за набавка на природен гас за потребите на парното греење во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/parnoto-greene-od-utre-so-nova-tsena-deneska-ke-se-znae-kolku-ke-poskapi/feed/ 0
Шефот на пропаднатата криптоберза: Многу луѓe настрадаа поради нашите грешки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/shefot-na-propadnatata-kriptoberza-mnogu-luge-nastradaa-poradi-nashite-greshki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/shefot-na-propadnatata-kriptoberza-mnogu-luge-nastradaa-poradi-nashite-greshki/#respond Mon, 30 Oct 2023 13:57:03 +0000 https://kurir.mk/?p=894551

Поранешниот криптопретприемач Сем Бенкман-Фрид во своето сведочење на поротата на судењето за измама призна дека „многу луѓе настрадале“ кога пропаднала берзата FTX што тој ја основал. Поранешниот претприемач вели дека направил многу грешки додека ја водел криптоберзата, пишува BBC. 31-годишниот Американец беше обвинет дека ги лажел инвеститорите и кредиторите и дека крадел пари од клиенти. Тој ги отфрли обвинувањата, наместо да тврди дека постапил со добра волја. „Мислевме дека можеме да го направиме најдобриот производ на пазарот. Се покажа спротивното. Многу луѓе настрадаа, клиенти, вработени, а компанијата заврши во банкрот“, им рече тој на своите адвокати на воведното испитување. „Направив низа мали и низа големи грешки“ Бенкман-Фрид изјави пред федералниот суд во Менхетен дека направил „низа мали грешки и низа големи грешки“ додека ја водел сега банкротираната берза. Најголемата грешка, рече тој, е немањето посебен оддел за управување со ризици. Тој рече дека не измамил никого и не земал средства од клиентите. Бенкман-Фрид почна да сведочи во четвртокот на невообичаеното рочиште откако поротата беше испратена дома. Окружниот судија на САД, Луис Каплан, побара од него да го претстави своето сведочење за вмешаноста на адвокатот во клучните одлуки, за да може да одлучи дали тоа е прифатливо како доказ. Бенкман-Фрид тврди дека постапил по правен совет. Се обиде да ги измами и заемодавачите на Alameda и инвеститорите на FTX? Но, обвинителите го обвинија дека користел средства од клиенти на FTX за да го поддржи неговиот криптофокусиран хеџ фонд, Alameda Research, за шпекулативни инвестиции, како и дека донирал повеќе од 100 милиони долари за политички кампањи во САД. Тој, исто така, се соочува со обвиненија за обид за измама на заемодавците на Alameda и инвеститорите на FTX. Судијата Каплан одлучи дека на Бенкман-Фрид нема да му биде дозволено да сведочи за работата што ја направиле адвокатите на различните заеми што Alameda ги давала на Бенкман-Фрид. Судијата рече дека доказите „би биле збунувачки и многу прејудицирачки бидејќи би имплицирале дека адвокатите со целосно познавање на фактите го благословиле она што го направил обвинетиот“. Во петокот, адвокатите на Бенкман-Фрид побараа од него да се потсети на времето на МИТ, кога ја делеше куќата со Гери Ванг и Адам Једидија - и двајцата сведочеа против него во случајот. Бенкман-Фрид рече дека станува збор за бубаторско општество: „Многу друштвени игри, без алкохол“. „Не бев сосема сигурен што се случи со парите“ Одбраната се обиде да го прикаже како шеф кој е помалку вклучен во одлуките отколку што сугерираше претходното сведочење. На пример, тој рече дека разговарал за целите на FTX, но не го читал или пишувал кодот: „Јас не бев особено добар програмер“. Бенкман-Фрид рече дека не е сосема сигурен што се случило со парите што клиентите на FTX ги испратиле до Alameda кога ги отвориле своите сметки, верувајќи дека персоналот добро ќе се справи со парите. Тој вели дека мислел дека парите за отплата на заемите на Alameda се од компанијата - а не од клиентите на FTX како што тврдат обвинителите - и дека никогаш не ги насочил своите пријатели да даваат политички донации. Спорувајќи го претходното сведочење од други луѓе, тој рече дека не дознал дека Alameda должи 8 милијарди долари депозити на клиенти на FTX до октомври 2022 година. „Бев многу изненаден“, рече Бенкман-Фрид. Тој, исто така, рече дека не знаел за некои од специфичните карактеристики на сметката FTX на Alameda, вклучувајќи ја и можноста за позајмување речиси неограничени износи од размената. Обвинителите тврдеа дека поради овие карактеристики, Alameda извршила кражба на средствата на клиентите. „Работев дури 22 часа на ден и добивав илјадници мејлови“ Бенкман-Фрид сугерираше дека карактеристиките се замисла на некои од неговите врвни соработници во FTX - Гери Ванг и Нишад Синг - додека тие се обидуваа да ја решат неговата загриженост да се осигураат дека тргувањето на берзата се одвива непречено. Ванг и Синг, кои работеле во FTX, се изјаснија за виновни по различни обвиненија и сведочеа против Бенкман-Фрид на судењето заедно со неговата поранешна девојка Керолин Елисон, која стана извршен директор на Alameda. Бенкман-Фрид опиша дека работел дури 22 часа на ден и добивал илјадници е-пошта. Тој вели дека сакал да има 60.000 непрочитани пораки во неговото сандаче. Судницата и две дополнителни простории беа преполни со новинари и граѓани. Неговото појавување пред судот уследи по 12 дена сведочење на обвинителството во кое сведочеа блиски поранешни колеги. Доколку биде прогласен за виновен, може да се соочи со доживотен затвор. Од обвинетите во САД не се бара да сведочат на судење - и често им се советува да не сведочат затоа што отвора можност за вкрстено испрашување од страна на обвинителите. И покрај ризиците, многу аналитичари кои го следеа судењето предвидоа дека Бенкман-Фрид ќе понуди своја верзија на настаните и ќе се обиде да го поткопа обвинението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/shefot-na-propadnatata-kriptoberza-mnogu-luge-nastradaa-poradi-nashite-greshki/feed/ 0