Култура – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Nov 2023 11:07:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Култура – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Уметничка изложба на Борче Богоевски и Татјана Ристовска во Домот за култура во Ѓорче Петров https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/umetnichka-izlozhba-na-borche-bogoevski-i-tatjana-ristovska-vo-domot-za-kultura-vo-gorche-petrov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/umetnichka-izlozhba-na-borche-bogoevski-i-tatjana-ristovska-vo-domot-za-kultura-vo-gorche-petrov/#respond Sat, 04 Nov 2023 11:07:38 +0000 https://kurir.mk/?p=896378

Во Домот за кутура во општина Ѓорче Петров своја изложба имаат уметниците Борче Богоевски и Татјана Ристовска, каде што прикажани се 12 фотографии и 32 други рачни изработки. Уметничкото дуо Борче Богоевски и Татјана Ристовска, преку својот последен проект го одбира токму небото и безграничноста на небесните структури, како тематски двигател кон кој ќе се насочи ,,уметничката игра“ во оваа, последна фаза од нивното творештво. Интенциозно насловен ,,Синестетички релации“, небото претставува само еден почетен чекор од кој авторите ја црпат инспирацијата, со цел да разработат една многу подлабока, посуштествена релација, променливата, а постојано обновлива природа на постоењето. Инаку, оваа уметничка изложба ќе траа од 2-ри ноември, па се до 14-ти ноември во Домот за култура во општина Ѓорче Петров.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/umetnichka-izlozhba-na-borche-bogoevski-i-tatjana-ristovska-vo-domot-za-kultura-vo-gorche-petrov/feed/ 0
„Кајмак“ со фестивалски проекции во Стокхолм, Рим, Хаг, Лондон, Буенос Аирес, кинопремиери во Холандија и Хрватска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kajmak-so-festivalski-proektsii-vo-stokholm-rim-hag-london-buenos-aires-kinopremieri-vo-holandija-i-hrvatska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kajmak-so-festivalski-proektsii-vo-stokholm-rim-hag-london-buenos-aires-kinopremieri-vo-holandija-i-hrvatska/#respond Fri, 03 Nov 2023 09:41:26 +0000 https://kurir.mk/?p=896098

Филмот„Кајмак“ на режисерот Милчо Манчевски ја завршува фестивалска година со проекции во Стокхолм, Рим, Хаг и Лондон, а следната година ќе ја почне со официјална конкуренција за најдобар филм на фестивалот во Буенос Аирес, Аргентина. Филмот од 2 ноември е и на редовниот кино репертоар во Хрватска. На крајот на месецов, режисерот Манчевски ќе присустува на проекцијата во Хаг и ќе одговара на прашања на публиката, по што ќе почне и кино прикажувањето низ Холандија. Исто така, Манчевски ќе присуствува и на проекцијата во Рим. На барање на Македонската амбасада, на 29 ноември „Кајмак“ ќе се прикажува во Лондон за студентите и поширокиот академски аудиториум на University College London. Минатиот месец, пак, „Кајмак“ го отвори 18. издание на Македонскиот филмски фестивал во Торонто. На покана на Институтот за филм на Шангајскиот универзитет и шпанскиот Универзитет на Кастилја-Ла Манча, Манчевски минатиот месец во Толедо, Шпанија одржа десетдневен семинар за филмска режија, за класата студенти на овие универзитети. Изминатава годинава Манчевски одржа серија мастеркласови на фестивалите низ светот, од Токио, преку Калабрија, Тирана, Торонто. „Кајмак“, македонско-данско-холандско-хрватска копродукција поддржана од Еуримаж, ја имаше светската премиера на фестивалот во Токио (А-категорија), потоа продолжи со глобална фестивалска турнеја во Тајпеј, Португалија, Италија, Бугарија, Србија, Црна Гора, САД итн. Филмот беше поздравен со неколкуминутни стоечки овации и бројни написи во локалните медиуми. Досега освои шест фестивалски награди. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kajmak-so-festivalski-proektsii-vo-stokholm-rim-hag-london-buenos-aires-kinopremieri-vo-holandija-i-hrvatska/feed/ 0
Трет „Музички блок“ во МКЦ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/tret-muzichki-blok-vo-mkts/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/tret-muzichki-blok-vo-mkts/#respond Fri, 03 Nov 2023 07:19:50 +0000 https://kurir.mk/?p=896027

Во Младинскиот културен центар вечер ќе се оддржи третиот т.н. „Музички блок“ од Европа. -Идејата е промоција на млади, нови и надоаѓачки бендови чија цел е да понудат свежа музичка програма која ги носи најновите модерни музички трендови за млади. Целосната програма на „Музички блок“ ротира околу понудата на артисти кои се совпааѓаат со целите на мрежата „Лајвјуроп“, првата паневропска иницијатива која ги поддржува напорите на концертните сали ширум Европа во промоцијата на нови надоаѓачки музички артисти, соопшти МКЦ. Ќе настапат пет бендови: словенечко – македонската поп и пост-панк разгледница „LELEE“, холандската рокенрол атракција „Cloudsurfers“, домашниот алтернативен рок состав „Харакири“, долгоочекуваниот настап на кантавторот, мултиинструменталистот и добриот дух на загрепската сцена „Antun Idem“ и нојз рок составот од Србија – „Proto tip“. Билети може да се набават на билетарницата на МКЦ или онлајн на www.bileti.mkc.mk.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/tret-muzichki-blok-vo-mkts/feed/ 0
Почна „Скомрахи 2023“, на програмата 25 филма и седум студентски пиеси https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochna-skomrahi-2023-na-programata-25-filma-i-sedum-studentski-piesi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochna-skomrahi-2023-na-programata-25-filma-i-sedum-studentski-piesi/#respond Thu, 02 Nov 2023 08:01:42 +0000 https://kurir.mk/?p=895628

Со краткиот филм „Тага“ во режија на Тина Величковиќ и дипломската театарска претстава „Вилицата на Ибен Бајерс“ во режија на Борис Василески, и двете целосно создадени од студентите на Факултетот за драмски уметности, вчера во Драмскиот театар во Скопје започнаа 31. Меѓународни средби на студенти од академии и од факултети за драмски уметности „Скомрахи 2023“. Во официјалната програма на „Скомрахи 2023“  годинава ќе бидат прикажани  25 филма и 7 студентски пиеси, а дополнително ќе се реализираат и изложби, работилници, предавања и богата музичка програма. Како што пренесува Министерството за култура, отворањето на средбите, заедно со многубројните студенти театролози и филмаџии од регионот и од Европа, го проследи министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, со осврт на темата во фокусот на „Скомрахи 2023“ – односот меѓу човекот уметник и  вештачката интелигенција. -Од особено значење е фактот што уметникот бара во себе и во околината инспирација. Неговиот креативен процес потекнува од емоции, искуства, мислења и интеракција со светот. Тој создава уметнички дела кои го одразуваат неговиот уникатен поглед на светот, неговата култура, верувања и искуства. Во целата оваа разноликост, наоѓаме богатство од идеи и изрази кои ја збогатуваат културната сцена. Со појавата и рапидниот напредок на вештачката интелигенција, сценариото се менува. Вештачката интелигенција има потенцијал да донесе различни предности и предизвици во подобрување на комуникацијата и размена на идеи во образованието и културата, но, сепак, е базирана само на податоци и анализа на обрасци, без емоции, среќа или тага, рече Костадиновска-Стојчевска, по отворањето. Таа додаде дека ова се само неколку аспекти што може да бидат истражени и разгледани во контекстот на меѓународните студентски средби на Факултетот за драмски уметности. Важно е да се води дебата и да се истражуваат можностите за користење на вештачката интелигенција на најдобар начин за подобрување на образованието и искуството на студентите на факултетите за драмски уметности. -Иако вештачката интелигенција може да создаде впечатливи слики, музика и текстови, таа нема длабока врска со човечките емоции. Затоа искрено мислам дека сѐ додека постојат уметниците, тие ќе изнајдат начини да ја искажат својата креативност – рече министерката за култура, притоа порачувајќи им на младите уметници да продолжат да  создаваат и да инспирираат бидејќи вистинската уметност произлегува од срцето и душата, независно од технолошките иновации што, несомнено, ќе продолжат да нѐ зачудуваат во иднина. (МИА)  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochna-skomrahi-2023-na-programata-25-filma-i-sedum-studentski-piesi/feed/ 0
„Колажи“ – изложба на Сузана Арсова во галерија „КО-РА“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kolazhi-izlozhba-na-suzana-arsova-vo-galerija-ko-ra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kolazhi-izlozhba-na-suzana-arsova-vo-galerija-ko-ra/#respond Thu, 02 Nov 2023 07:01:42 +0000 https://kurir.mk/?p=895597

Во галерија „КО-РА“ во Дом на култура „Кочо Рацин“ во Скопје вечер ќе биде отворена самостојна изложба на слики „Колажи“ на авторката Сузана Арсова. Проектот е поддржан од Град Скопје и Домот на култура „Кочо Рацин “- Скопје во рамките на годишната програма од областа на визуелните уметности, дизајн и архитектура. Сузана Арсова подолг период е ангажирана во истражувањата на колажот и креативните изразни можности во рециклирањето и колажирањето на најразнородни материјали. Родена e во 1959 година во Скопје. Дипломирала на Природно-математички факултет. Учесничка е на повеќе групни и тематски изложби. Добитничка е на наградата од КИЦ за сликарство колаж на 43 -та изложба на ликовни уметници од државата, во Скопје во 2004 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kolazhi-izlozhba-na-suzana-arsova-vo-galerija-ko-ra/feed/ 0
Целовечерен концерт на ансамблот „Танец“ во Струга https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/tselovecheren-kontsert-na-ansamblot-tanets-vo-struga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/tselovecheren-kontsert-na-ansamblot-tanets-vo-struga/#respond Thu, 02 Nov 2023 06:45:32 +0000 https://kurir.mk/?p=895582

Ансамблот „Танец“ вечер ќе одржи концерт во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга во рамките на проектот „Танец низ татковината“. Целовечерниот концерт на големиот ансамбл на НУ „Танец“ (играорен кор, вокален ансамбл и оркестар), како што соопшти институцијата, се составени од атрактивна играорна и вокално-инструментална програма од разни региони, на кои се создавало македонското музичко-сценско фолклорно творештво. Сите учесници, како што е наведено, на себе носат автентична носија, соодветна на репертоарот кој го изведуваат, а кој покрива различни етнографски региони на Македонија. - „Танец низ татковината“ е долгогодишен проект на НУ „Танец“ кој претставува циклус концерти во центрите на културата низ земјата. Во последниве неколку години Ансамблот имаше свои успешни претставувања во речиси сите македонски градови, кои имаат сцени за овие концерти - Велес, Прилеп, Куманово, Битола, Охрид, Тетово и Штип, стои во инфомацијата на НУ „Танец“. Ансамблот „Танец“, кој следната година ќе наврши 75 години од своето постоење, е симбол на македонската култура и уметност и врвен репрезент на нашата духовност. Постојаниот контакт со домашната публика низ целата територија на државата, според соопштението, има клучна улога за опстанокот на македонскиот музичко-сценски фолклор и е од исто толкаво значење како и претставувањето надвор од границите на земјата. Главната цел на овие концерти на „Танец“ е доближување на македонското фолклорно богатство и музичко-сценско творештво до нова публика. - Затоа, НУ „Танец“ посветува внимание токму на овие концерти пред домашната публика и конципира разновидна програма, составена од кореографски постановки содадени во различни периоди од историјата на ансамблот. Публиката во Центарот за култура во Струга ќе може да ужива во неколку раскошни кореографски постановки во изведба на целиот Ансамбл, како антологиската „Жетварка“, „Водарки“, „Пиринско пролетно цвеќе“, „Радовишки собор“, изворното оро „Копачка“, но и повеќе вокално-инструментални точки изведени од оркестарот, хорот и солистите на „Танец“, соопшти установата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/tselovecheren-kontsert-na-ansamblot-tanets-vo-struga/feed/ 0
Со концерт на Полифонија почнуваат „Есенски музички свечености“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/so-kontsert-na-polifonija-pochnuvaat-esenski-muzichki-svechenosti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/so-kontsert-na-polifonija-pochnuvaat-esenski-muzichki-svechenosti/#respond Wed, 01 Nov 2023 13:08:03 +0000 https://kurir.mk/?p=895392

Со концерт на Полифонија насловен „20 години Полифонија“, што ќе се одржи вечер во Националната опера и балет, ќе започне годинашното издание на манифестацијата „Есенски музички свечености“. Како што најавија од Дирекцијата за култура и уметност, диригент на концертот ќе биде Иван Еминовиќ, а гости солисти ќе бидат Горан Начевски, Александра Коцевска и Raffaele D'angelo од Потенца, Италија. Солисти од Полифонија се Сања Шуплевска, Јанинка Невчева, Орце Ицковски, Михајло Михајловски и Денис Димовски. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/so-kontsert-na-polifonija-pochnuvaat-esenski-muzichki-svechenosti/feed/ 0
Целокупното творештво на поетесата Даница Ручигај објавено на српски јазик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/tselokupnoto-tvoreshtvo-na-poetesata-danitsa-ruchigaj-objaveno-na-srpski-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/tselokupnoto-tvoreshtvo-na-poetesata-danitsa-ruchigaj-objaveno-na-srpski-jazik/#respond Wed, 01 Nov 2023 12:57:57 +0000 https://kurir.mk/?p=895386

По повод шеесетгодишнината од трагичната смрт на првата македонска поетеса и основоположничка на т.н. женско писмо во македонската поезија и литература Даница Ручигај од печат излезе јубилејното издание на нејзината целокупна поезија на српски јазик „Сребрне ноħне игре и Заробљеници ветра“, („Сребрени ноќни игри и Заробеници на ветрот“). Поезијата на Даница Ручигај на српски јазик ја препеа Снежана Алексиќ Станојловиќ, поетеса, литературен критичар и просветен работник од Нови Сад, а изданието го приредија Свето Стаменов и Искра Чоловиќ, новинари на Македонското радио – Радио Скопје и познати македонски публицисти, кои повеќе од две децении неуморно ја истражуваат рецепцијата на Даница Ручигај во Македонија и во светот и посветено се грижат за нејзиното духовно наследство. - Иако зад себе остави само две стихозбирки, од кои првата „Сребрени ноќни игри“ беше објавена во 1960 година, а втората „Заробеници на ветрот“ постхумно, неколку месеци по нејзината смрт во 1963 година, Даница Ручигај, која многумина ја нарекуваат македонската Силвија Плат и амазонка на македонската поезија, остави неизбришливи траги не само во современата македонска литература, туку и во македонската култура воопшто, посочува Свето Стаменов. Даница Ручигај со својата исконска физичка и духовна убавина и со својот сензибилитет, некомформизам, творечка енергија и животна храброст, како што се наведува, не помирувајќи се со патријархалните предрасуди и стереотипи за жената на овие простори ја подотвори вратата низ која достоинствено и со дигнитет тргнаа модерните, самосвесни и еманципирани жени на македонската поезија. -Мора да се признае, сакал некој или не, дека во тоа време, крајот на педесеттите и почетокот на шеесеттите години на минатиот век, преполно со табуа, нејзината појава и творечка енергија преточена во стихови, претставува вистинска авангарда, смета Стаменов. Книгата „Сребрне ноħне игре и Заробљеници ветра“ е прв превод на целокупниот поетски опус на првата македонска поетеса на српски јазик и по, словенечкото издание, кое беше објавено во минатата година под наслов „Srebrne nočne igre in Ujetniki vetra“, е второ издание на нејзината поезија на странски јазик. Нејзиното значење е уште поголемо, ако се има предвид фактот дека српската културна јавност досега имаше можност да се запознае со поезијата на Даница Ручигај единствено преку култната „Антологија савремене македонске поезије“ („Антологија на современата македонска поезија“) на Димитар Митрев (Матица српска, Нови Сад: 1977), во која е застапена со седум песни и преку списанието „Градина“ (2004) и тоа токму во бројот посветен на годишнината од раѓањето на големиот српски поет Бранко Миљковиќ, во кој е застапена со препевот на нејзината „Дали да те поспем лишħем“ на Радомир Виденовиќ, како и преку книгата „Лабудова песма Заробљенице ветра“ (2019), која всушност е превод на книгата „Лебедовата песна на Заробеничката на ветрот“ на Искра Чоловиќ и Свето Стаменов. Книгата „Сребрне ноħне игре и Заробљеници ветра“ ги содржи двете стихозбирки „Сребрени ноќни игри“ и „Заробеници на ветрот“ на Даница Ручигај , како и двете нејзини последни песни „Кругови“ и „Без наслов“ („Се враќам да ја затворам вратата“) пронајдени во урнатините на нејзиниот дом на падините на Водно, а е збогатена со пригодни текстови посветени на Даница Ручигај и на нејзиното творештво, покрај оние на препејувачот Снежана Алексиќ Станојловиќ и на приредувачите Свето Стаменов и Искра Чоловиќ, на проф. д-р Милан Јазбец, словенечки дипломат, универзитетски професор, писател и поет и на д-р Ана Витанова Рингачева, професор на Филолошкиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Свето Стаменов и Искра Чоловиќ по повод шеесетгодишнината од трагичната смрт на Даница Ручигај, која загина во скопскиот катастрофален земјотрес на 26 јули 1963, годинава го приредија јубилејното издание на нејзиното целокупно творештво „Сребрени ноќни игри и Заробеници на ветрот“, кое беше промовирано на 27 јули во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје. Досега ги објавија следниве книги посветени на Даница Ручигај и на нејзиното творештво: „Лебедовата песна на Заробеничката на ветрот“ (2016), „Ако влегуваш во овој храм во кој љубовта е вера, помоли се!“ (2017), „Лабудова песма Заробљенице ветра“ (2019), „Даница Ручигај: Песна над песните“ (2020) и „Даница Ручигај и книжевната критика“ (2021), како и антологијата на песни посветени на Даница Ручигај „Недореченост, о проклета да си“ (2018), а беа приредувачи и на книгата на Даница Ручигај „Сребрени ноќни игри & Заробеници на ветрот“, која беше објавена во 2003 година по повод четириесетгодишнината од нејзината трагична смрт. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/tselokupnoto-tvoreshtvo-na-poetesata-danitsa-ruchigaj-objaveno-na-srpski-jazik/feed/ 0
Промоција на збирката „Стражари на ноќта“ од Марија Митева https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promotsija-na-zbirkata-strazhari-na-nokta-od-marija-miteva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promotsija-na-zbirkata-strazhari-na-nokta-od-marija-miteva/#respond Wed, 01 Nov 2023 11:31:25 +0000 https://kurir.mk/?p=895332

Во Мала станица вечер ќе биде промовирана збирка поезија „Стражари на ноќта“ од Марија Митева, во издание на „Полица“, која содржи 24 песни, пред сè, поврзани со Скопје. Во соработка со седуммина други уметници, Митева овие песни ги има претворено во нова, хибридна форма што таа ја нарекува изложбена поезија. Збирката се состои од 24 постери, на кои е илустрирана по една од песните и наместо меѓу корици како книга, сместена е во папка. Илустрациите ги потпишуваат седуммина уметници од визуелната уметност, сликари, вајари, дизајнери, илустратори: Зоран Кардула, Владимир Мартиновски, Александар Стојчевски, Катерина Јовчевска, Филип Ивановски – Пепе, Филип Мартиновски и Ања Ангеловска. Уметниците работеа со четирите „бои на ноќта“ и преку своите илустрации имаа предизвик да го претстават своето видување на различните теми на песните. „Стражари на ноќта“ е прва збирка поезија на Марија Митева (1995). Пред три години таа ја објави својата прва збирка раскази „Највисокото дно“, исто така во издание на „Полица“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promotsija-na-zbirkata-strazhari-na-nokta-od-marija-miteva/feed/ 0
Светска премиера на документарниот филм „Патување пеш“ на Тамара Котевска во Њујорк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/svetska-premiera-na-dokumentarniot-film-patuvane-pesh-na-tamara-kotevska-vo-nujork/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/svetska-premiera-na-dokumentarniot-film-patuvane-pesh-na-tamara-kotevska-vo-nujork/#respond Wed, 01 Nov 2023 10:14:29 +0000 https://kurir.mk/?p=895290

Документарниот игран филм „Патување пеш“ (The Walk) во режија на Тамара Котевска ќе ја има својата светска премиера на 9 ноември во Њујорк, на DOC NYC, најголемиот американски фестивал за документарни филмови. Главен продуцент на филмот „Патување пеш“ е една од најголемите наградувани британски филмски компании со фокус кон документарните филмови, GRAIN MEDIA. Kако македонски копродуцент се јавува ОХО Продукција, a филмот е поддржан и од македонската Агенцијата за филм. Како што соопшти ОХО Продукција, филмот го следи патувањето на Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри, млада бегалка, која патува преку сириската граница во Турција, низ Европа, обидувајќи се да си најде дом. Тоа е филм за детската невиност и моќта на имагинацијата во време на криза која ја следи одисејата на Амал преку два континенти. Фидаа Зидан од Палестина и Муајад Моин од Сирија се двајцата исклучително талентирани актери кои се дел овој проект, а ја делат истата судбина како огромен број бегалци кои изгубиле се, вклучувајќи ги своите домови и фамилии, но продолжуваат да бараат засолниште. Во моментов во светот има над 35 милиони бегалци, од кои 14 милиони се деца, а повеќето од нив сирачиња, во чија чест, џиновската кукла Амал активно се движи низ светот со својот патувачки театар. Филмот се снимаше две години, на територија од повеќе од 10 земји, меѓу Сирија на исток и Обединетото Кралство на запад, како и на бреговите на Јужна Африка. Во реализацијата на филмот, покрај режисерката Котевска учествуваа и монтажерот Мартин Иванов, кинематограферот Самир Љума и композиторот Дуке Бојаџиев. Тамара Котевска постигна огромен успех како корежисер на документарниот филм „Медена земја“ во 2019 година, кога филмот доби три награди на култниот американски филмски фестивал „Санденс“, а следната година имаше номинации за Оскар во две категории. (МИА) Фото: ОХО Продукција ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/svetska-premiera-na-dokumentarniot-film-patuvane-pesh-na-tamara-kotevska-vo-nujork/feed/ 0