Република – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Nov 2023 08:26:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Република – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Посебен режим на сообраќај поради Задушница https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/poseben-rezhim-na-soobrakaj-poradi-zadushnitsa/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/poseben-rezhim-na-soobrakaj-poradi-zadushnitsa/#respond Sat, 04 Nov 2023 08:26:09 +0000 https://kurir.mk/?p=896338

Поради верскиот празник Задушница, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје, соопшти МВР. -Со почеток од 06.00 часот сообраќајот кон Градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробишта Бутел, а за излез од гробиштата, десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“., се наведува во соопштението од МВР. Посебен режим на сообраќај, како што велат од МВР, ќе се воведе и во околината на гробишта Камник и Ѓорче Петров. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/poseben-rezhim-na-soobrakaj-poradi-zadushnitsa/feed/ 0
Членовите на Надзорниот и Управниот Одбор на Водовод, со поддршка за Претседателот на УО, кои денес заедно со него беа нападнати во просториите на претпријатието https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/chlenovite-na-nadzorniot-i-upravniot-odbor-na-vodovod-so-poddrshka-za-pretsedatelot-na-uo-koi-denes-zaedno-so-nego-bea-napadnati-vo-prostoriite-na-pretprijatieto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/chlenovite-na-nadzorniot-i-upravniot-odbor-na-vodovod-so-poddrshka-za-pretsedatelot-na-uo-koi-denes-zaedno-so-nego-bea-napadnati-vo-prostoriite-na-pretprijatieto/#respond Fri, 03 Nov 2023 19:16:35 +0000 https://kurir.mk/?p=896268

Членовите на Надзорниот и Управниот Одбор на ЈП Водовод и канализација-Скопје, реагираа на денешните напади врз нив и претседателот на УО. Соопштението ви го пренесуваме во целост: Реакција на соопштението на Драган Илиевски, в.д. директор на ЈП Водовод и канализација-Скопје Ние членовите на Надзорниот и Управниот Одбор, на ЈП Водовод и канализација-Скопје, едногласно ги носиме сите одлуки и даваме поддршка на Претседателот на УО на Водовод, Идриз Орана, кој денес беше нападнат како физички, така и преку штурото соопштение на директорот Драган Илиевски, кој се осмели да го вмеша и неговото потесното семејство, со бесрамни лаги напади. Тоа говори за нивото на кое се сведуваат градоначалничката Арсова, која е наредбодавец на овие срамни настани и понизниот извршител, директорот Драган Илиевски. Ние нема да одстапиме во нашето делување, кое е во насока на подобро работење на претпријатието, а во полза на граѓаните на Град Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/chlenovite-na-nadzorniot-i-upravniot-odbor-na-vodovod-so-poddrshka-za-pretsedatelot-na-uo-koi-denes-zaedno-so-nego-bea-napadnati-vo-prostoriite-na-pretprijatieto/feed/ 0
Посебен режим на сообраќај во сабота и недела во Скопје https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/poseben-rezhim-na-soobrakaj-vo-sabota-i-nedela-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/poseben-rezhim-na-soobrakaj-vo-sabota-i-nedela-vo-skopje/#respond Fri, 03 Nov 2023 14:47:42 +0000 https://kurir.mk/?p=896214

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 04. и 05.11. (сабота и недела) поради верскиот празник Задушница, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје. Имено, со почеток од 06.00 часот сообраќајот кон Градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробишта Бутел, а за излез од гробиштата, десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“. Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во околината на гробишта Камник и Ѓорче Петров. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/poseben-rezhim-na-soobrakaj-vo-sabota-i-nedela-vo-skopje/feed/ 0
Пожарникари отстранија гнездо пчели од дрво пред детска градинка во Струмица https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pozharnikari-otstranija-gnezdo-pcheli-od-drvo-pred-detska-gradinka-vo-strumitsa/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pozharnikari-otstranija-gnezdo-pcheli-od-drvo-pred-detska-gradinka-vo-strumitsa/#respond Fri, 03 Nov 2023 13:15:40 +0000 https://kurir.mk/?p=896180

Струмичките пожарникари денеска отстранија гнездо пчели од дрво на влез во детска градинка во Струмица на улицата „Жртви на фашизмот“. Според информацијата од ТППЕ Струмица, граѓани го пријавиле овој несекојдневен случај, а заради локацијата каде се стационарале пчелите биле преземени мерки за нивно отстранување. -Гнездото пчели е безбедно отстрането, благодарение на наш пожарникар-пчелар, кој со пчеларска опрема го отстрани гнездото. Тие се вдомени во петорамен нуклеус и се однесени во приватен пчеларник, информираше командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев. Инаку, пчелите биле забележани од граѓани кои ги носат секојдневно децата во градинката и по создадените услови пчелите биле безбедно отстранети. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pozharnikari-otstranija-gnezdo-pcheli-od-drvo-pred-detska-gradinka-vo-strumitsa/feed/ 0
Стефковски: Гази Баба го слави Денот на општината со подигање на знамето на Македонија https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-gazi-baba-go-slavi-denot-na-opshtinata-so-podigane-na-znameto-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-gazi-baba-go-slavi-denot-na-opshtinata-so-podigane-na-znameto-na-makedonija/#respond Fri, 03 Nov 2023 12:16:56 +0000 https://kurir.mk/?p=896157

Општина Гази Баба денес го чествува Денот на општина Гази Баба. Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски информира дека одбележувањето започна со церемонија на менување на знамето на Република Македонија. Во објавата градоначалникот Стефковски напиша: „СО ПОДИГАЊЕ НА ЗНАМЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ДВОРОТ НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА ЗАПОЧНА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 3-ТИ НОЕМВРИ, ДЕНОТ НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА. Утрово во дворот на општина Гази Баба се оддржа церемонија на свечено подигање на знамето на Република Македонија, знамето на општина Гази Баба и знамето на Европската Унија. Од оваа година започнуваме со една нова активност со која во иднина ќе започнува одбележувањето на Денот на општината, а тоа е со промена на знамињата. Некој велат зошто токму со ваква активност ќе започнува одбележувањето на Денот на општината? Тоа е затоа што наша должност е да се почитуваат знамето, химната и грбот како симболи на нашата татковина Република Македонија. Знамето е национален симбол кое преставува заедничко обележје на сите оние кои живеат во Македонија, без исклучок на нивната национална припадност. Македонското знаме било главна одлика за непокорот на Македонскиот народ и останало да биде светло на надежта за подобро утре. На церемонијата присуствуваа учениците од општинските основни училишта во општина Гази Баба, бидејќи децата се оние кои ќе го продолжат патот, онаму каде што ќе застанеме ние“. - напиша Стефковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-gazi-baba-go-slavi-denot-na-opshtinata-so-podigane-na-znameto-na-makedonija/feed/ 0
Без вода улица „Коста Новаковиќ“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/bez-voda-ulitsa-kosta-novakovik/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/bez-voda-ulitsa-kosta-novakovik/#respond Fri, 03 Nov 2023 08:08:08 +0000 https://kurir.mk/?p=896053

Без вода утрово од 9:15 часот ќе бидат корисниците лоцирани на улица „Коста Новаковиќ“ од број 36 до број 48. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради уличен дефект на водоводна цевка Ф100мм. на улица „Васко Карангелевски“ 33. Корисниците ќе бидат без вода додека не се санира дефектот.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/bez-voda-ulitsa-kosta-novakovik/feed/ 0
За Задушница дополнителен број автобуси на линиите 59, 59А и 59Б https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/za-zadushnitsa-dopolnitelen-broj-avtobusi-na-liniite-59-59a-i-59b-3/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/za-zadushnitsa-dopolnitelen-broj-avtobusi-na-liniite-59-59a-i-59b-3/#respond Thu, 02 Nov 2023 13:59:26 +0000 https://kurir.mk/?p=895852

ЈСП Скопје во пресрет на верскиот празник Задушница, утре и задутре воведува дополнителен број автобуси на линиите 59, 59А и 59 Б, кои ќе сообраќаат од и кон гробишта Бутел. -Утре и задутре на редовните линии 59 (Карпош 3 - Кучевишка бара - Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче - Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода - Гробишта Бутел) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси, се наведува во соопштението од ЈСП Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/za-zadushnitsa-dopolnitelen-broj-avtobusi-na-liniite-59-59a-i-59b-3/feed/ 0
Митески: Зелената обврзница со која треба да се реализира изградбата на градинки и училишта во Аеродром седи во фиока на Ковачевски https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/miteski-zelenata-obvrznitsa-so-koja-treba-da-se-realizira-izgradbata-na-gradinki-i-uchilishta-vo-aerodrom-sedi-vo-fioka-na-kovachevski/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/miteski-zelenata-obvrznitsa-so-koja-treba-da-se-realizira-izgradbata-na-gradinki-i-uchilishta-vo-aerodrom-sedi-vo-fioka-na-kovachevski/#respond Thu, 02 Nov 2023 13:36:18 +0000 https://kurir.mk/?p=895840

Нема крај на опструкциите и штетата која СДСМ и политичките партии од власта ја прават на државата. Република Македонија освен што ја има најнеспособната влада во Европа, граѓаните за жал мора да бидат жртва и да ги трпат последиците на дневнополитичките игри на деструктивната СДСМ и Ковачевски, а кои имаат цел да го закочат развојот, новите проекти и новите инвестиции во општините, каде градоначалниците се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, вели Дејан Митески, претседател на Совет во Општина Аеродром. -Еден од многуте такви примери е Општината Аеродром, каде пред две години ВМРО-ДПМНЕ победи убедливо на изборите и по долг временски период на стагнација, конечно започна да работи и да инвестира во општината. Уште по првата година успеавме да го вратиме и воспоставивме концептот „Општина за граѓаните“ и преку реализација на инфраструктурни и капитални проекти да најдеме решение за најголемиот дел од проблемите со кои се соочуваа тие. Но, граѓаните треба да знаат дека, како резултат на политичката ароганција, владата на СДСМ остана воздржана, односно воопшто не ја разгледа иницијативата на општина Аеродром, за обезбедување средства преку „Зелената обврзница“, која требаше да обезбеди пари за изградба на две нови детски градинки, доградба и надградба на две основни училишта, нов плоштад и нови улици, рече тој. „Единствен виновник поради што не започна изградбата на новите капитални објекти во Аеродром е токму владата на Република Македонија и премиерот Ковачевски, кои водејќи грижа за сопствената политичка агенда, а за сметка на граѓаните во Аеродром решија на многу перфиден и крајно безобразен начин да ги закочат овие проекти. Буквално иницијативата за издавање „Зелена обврзница“ со која требаше да се финансираат овие проекти, со месеци стои во фиоката на Ковачевски кој повеќе од очигледно, смета дека децата од Аеродром не заслужуваат да учат во нови училишта и да растат во нови градинки“ - рече Митески. -Проектот „Зелена обврзница“ беше поздравен од комерцијалните банки и приватните компании, а концептот на кој се заснова реализацијата на инфраструктурните проекти, доби позитивни оценки и од меѓународните партнери на Општина Аеродром. И покрај тоа што оваа обврзница е со многу поповолни каматни стапки од обврзниците кои издава државата, веројатно, само Ковачевски и неговите советници кои се платени токму од нашите пари, сметаат дека Аеродром не заслужува нови капитални проекти кои ќе се финансираат од општински средства. На крајот дозволете ми да потенцирам дека новите детски градинки и новите училишта се реална потреба во една од најголемите и најнаселени општини во Македонија и тие мора да почнат да се градат што поскоро. Ние сме целосно подготвени, а следната година, веднаш по промената на власта, ќе започнат активностите за реализација на овие капитални инвестиции. Во меѓувреме, го повикуваме премиерот Ковачевски да најде решение, или пак да даде одговор на стотици семејства чии дечиња со години чекаат ред за упис во детска градинка во Аеродром, вели тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/miteski-zelenata-obvrznitsa-so-koja-treba-da-se-realizira-izgradbata-na-gradinki-i-uchilishta-vo-aerodrom-sedi-vo-fioka-na-kovachevski/feed/ 0
Општина Битола во 2024 година ќе има буџет од околу една милијарда денари https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-bitola-vo-2024-godina-ke-ima-budhet-od-okolu-edna-milijarda-denari/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-bitola-vo-2024-godina-ke-ima-budhet-od-okolu-edna-milijarda-denari/#respond Thu, 02 Nov 2023 13:28:33 +0000 https://kurir.mk/?p=895818

Во 2024 година буџетот на Општина Битола ќе изнесува околу една милијарда денари, информира градоначалникот Тони Коњановски на буџетски форум што се одржа во Битола. Министерството за финансии врз основа на прибраните приходи и солидниот начин на реализација кој е над 70 насто, дава можност општинскиот буџет во наредната година да биде проширен за нови 40 милиони денари, и генерална околу една милијарда денари ќе бидат на располагање на Општина Битола, посочи Коњановски. -Буџетскиот форум се одржува како знак на една голема транспарентност, отчестност за тоа што планираме да го работиме. На форумот учествуваа сите релевантни структури од градот кои треба да придонесат во формирањето на буџетот за 2024 година, а тоа се советничките групи, академската фела, спортски и културни работници, урбаните заедници...Форумот е најдоброто место каде и како треба да се планира општинскиот буџет, и тоа да биде направено на транспарентнен начин, истакна Коњановски. Градоначалникот Коњановски нагласи дека буџетот ќе биде во границите на можностите, но со една милијарда денари сите заедно може да направат многу за градот и ги повика советниците на седница да дадат поддршка на буџетот што ќе биде предложен. -Битола е град со специфична инфраструктура и старо градско јадро и затоа доминираат инфрастуктурните проекти кои ги бараат граѓаните. Секому сакаме да посветиме внимание, а со ставките во буџетот, да излеземе во пресрет затоа што Општина Битола е солидна општина со солиден буџет, и верувам дека сите советници ќе дадат поддршка на предложениот буџет. Граѓаните и понатаму бараат велосипедски патеки, а Битола остана еден од ретките градови кој е без велосипедски патеки. Во завршна фаза е и прифатилиштето за бездомни кучиња и веруваме дека и тој проблем ќе почне да се решава, како што постепено се решава и проблемот со планинарскиот дом Копанки, рече Коњановски. Буџетскиот форум е редовна активност на локалната самоуправа во пресрет на донесување на буџет за наредна година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-bitola-vo-2024-godina-ke-ima-budhet-od-okolu-edna-milijarda-denari/feed/ 0
Граѓаните речиси секој ден краделе новозасадени садници и млади дрвца, општина Велес и ЈКП„Дервен“ со апел до нив https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/graganite-rechisi-sekoj-den-kradele-novozasadeni-sadnitsi-i-mladi-drvtsa-opshtina-veles-i-jkp-derven-so-apel-do-niv/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/graganite-rechisi-sekoj-den-kradele-novozasadeni-sadnitsi-i-mladi-drvtsa-opshtina-veles-i-jkp-derven-so-apel-do-niv/#respond Thu, 02 Nov 2023 11:24:39 +0000 https://kurir.mk/?p=895755

Речиси секојдневно во Велес се крадат новозасадените украсни садници од новите жардиниери поставени од ЈКП„Дервен“ и општината. Од ЈКП „Дервен“ и Општина Велес се револтирани кон ваквиот однос на поединци и апелираат до граѓаните да не го уништуваат и не ги крадат цветни садници и млади дрвца со што го уништуваат засаденото градско зеленило. Деновиве беа украдени новонасадени садници од цвеќе од новите жардиниери поставени есенва на повеќе локации во градот, пред Македонски пошти, кај фонтаната „Авона“ и на други градски локации, во центарот и во другите реони од градот, информираат од ЈКП „Дервен“ - Апелираме до граѓаните да не ги корнат и крадат новите украсни цветни насади кои го разубавуваат градот. Крајно време е кај нив да се пробуди заспаната свест за заштита на животната средина, потенцираа од ЈП „Дервен“ и Општина Велес. Во есенското разубавување на градот од страна на Општина Велес и ЈКП „Дервен“ во текот на есенва беа поставени најнови 13 украсни жардиниери со различни видови на зимзелени и листопадни растенија и сезонско цвеќе кај зградата на „Македонски пошти“, девет кај кружниот тек „Авона“ со љубичици и 11 пред гимназијата „Кочо Рацин“ со хризантеми и љубичици. Со сезонско цвеќе обновени се и жардиниери на кривината кон Градската болница, кај фонтаната на кружниот тек „Авона“на влезот на Младински парк кај црквата, долж паркингот во центарот на градот и на ул. „Димитар Влахов“.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/graganite-rechisi-sekoj-den-kradele-novozasadeni-sadnitsi-i-mladi-drvtsa-opshtina-veles-i-jkp-derven-so-apel-do-niv/feed/ 0