Општини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Nov 2023 13:15:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Општини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пожарникари отстранија гнездо пчели од дрво пред детска градинка во Струмица https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pozharnikari-otstranija-gnezdo-pcheli-od-drvo-pred-detska-gradinka-vo-strumitsa/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pozharnikari-otstranija-gnezdo-pcheli-od-drvo-pred-detska-gradinka-vo-strumitsa/#respond Fri, 03 Nov 2023 13:15:40 +0000 https://kurir.mk/?p=896180

Струмичките пожарникари денеска отстранија гнездо пчели од дрво на влез во детска градинка во Струмица на улицата „Жртви на фашизмот“. Според информацијата од ТППЕ Струмица, граѓани го пријавиле овој несекојдневен случај, а заради локацијата каде се стационарале пчелите биле преземени мерки за нивно отстранување. -Гнездото пчели е безбедно отстрането, благодарение на наш пожарникар-пчелар, кој со пчеларска опрема го отстрани гнездото. Тие се вдомени во петорамен нуклеус и се однесени во приватен пчеларник, информираше командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев. Инаку, пчелите биле забележани од граѓани кои ги носат секојдневно децата во градинката и по создадените услови пчелите биле безбедно отстранети. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pozharnikari-otstranija-gnezdo-pcheli-od-drvo-pred-detska-gradinka-vo-strumitsa/feed/ 0
Општина Битола во 2024 година ќе има буџет од околу една милијарда денари https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-bitola-vo-2024-godina-ke-ima-budhet-od-okolu-edna-milijarda-denari/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-bitola-vo-2024-godina-ke-ima-budhet-od-okolu-edna-milijarda-denari/#respond Thu, 02 Nov 2023 13:28:33 +0000 https://kurir.mk/?p=895818

Во 2024 година буџетот на Општина Битола ќе изнесува околу една милијарда денари, информира градоначалникот Тони Коњановски на буџетски форум што се одржа во Битола. Министерството за финансии врз основа на прибраните приходи и солидниот начин на реализација кој е над 70 насто, дава можност општинскиот буџет во наредната година да биде проширен за нови 40 милиони денари, и генерална околу една милијарда денари ќе бидат на располагање на Општина Битола, посочи Коњановски. -Буџетскиот форум се одржува како знак на една голема транспарентност, отчестност за тоа што планираме да го работиме. На форумот учествуваа сите релевантни структури од градот кои треба да придонесат во формирањето на буџетот за 2024 година, а тоа се советничките групи, академската фела, спортски и културни работници, урбаните заедници...Форумот е најдоброто место каде и како треба да се планира општинскиот буџет, и тоа да биде направено на транспарентнен начин, истакна Коњановски. Градоначалникот Коњановски нагласи дека буџетот ќе биде во границите на можностите, но со една милијарда денари сите заедно може да направат многу за градот и ги повика советниците на седница да дадат поддршка на буџетот што ќе биде предложен. -Битола е град со специфична инфраструктура и старо градско јадро и затоа доминираат инфрастуктурните проекти кои ги бараат граѓаните. Секому сакаме да посветиме внимание, а со ставките во буџетот, да излеземе во пресрет затоа што Општина Битола е солидна општина со солиден буџет, и верувам дека сите советници ќе дадат поддршка на предложениот буџет. Граѓаните и понатаму бараат велосипедски патеки, а Битола остана еден од ретките градови кој е без велосипедски патеки. Во завршна фаза е и прифатилиштето за бездомни кучиња и веруваме дека и тој проблем ќе почне да се решава, како што постепено се решава и проблемот со планинарскиот дом Копанки, рече Коњановски. Буџетскиот форум е редовна активност на локалната самоуправа во пресрет на донесување на буџет за наредна година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-bitola-vo-2024-godina-ke-ima-budhet-od-okolu-edna-milijarda-denari/feed/ 0
Граѓаните речиси секој ден краделе новозасадени садници и млади дрвца, општина Велес и ЈКП„Дервен“ со апел до нив https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/graganite-rechisi-sekoj-den-kradele-novozasadeni-sadnitsi-i-mladi-drvtsa-opshtina-veles-i-jkp-derven-so-apel-do-niv/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/graganite-rechisi-sekoj-den-kradele-novozasadeni-sadnitsi-i-mladi-drvtsa-opshtina-veles-i-jkp-derven-so-apel-do-niv/#respond Thu, 02 Nov 2023 11:24:39 +0000 https://kurir.mk/?p=895755

Речиси секојдневно во Велес се крадат новозасадените украсни садници од новите жардиниери поставени од ЈКП„Дервен“ и општината. Од ЈКП „Дервен“ и Општина Велес се револтирани кон ваквиот однос на поединци и апелираат до граѓаните да не го уништуваат и не ги крадат цветни садници и млади дрвца со што го уништуваат засаденото градско зеленило. Деновиве беа украдени новонасадени садници од цвеќе од новите жардиниери поставени есенва на повеќе локации во градот, пред Македонски пошти, кај фонтаната „Авона“ и на други градски локации, во центарот и во другите реони од градот, информираат од ЈКП „Дервен“ - Апелираме до граѓаните да не ги корнат и крадат новите украсни цветни насади кои го разубавуваат градот. Крајно време е кај нив да се пробуди заспаната свест за заштита на животната средина, потенцираа од ЈП „Дервен“ и Општина Велес. Во есенското разубавување на градот од страна на Општина Велес и ЈКП „Дервен“ во текот на есенва беа поставени најнови 13 украсни жардиниери со различни видови на зимзелени и листопадни растенија и сезонско цвеќе кај зградата на „Македонски пошти“, девет кај кружниот тек „Авона“ со љубичици и 11 пред гимназијата „Кочо Рацин“ со хризантеми и љубичици. Со сезонско цвеќе обновени се и жардиниери на кривината кон Градската болница, кај фонтаната на кружниот тек „Авона“на влезот на Младински парк кај црквата, долж паркингот во центарот на градот и на ул. „Димитар Влахов“.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/graganite-rechisi-sekoj-den-kradele-novozasadeni-sadnitsi-i-mladi-drvtsa-opshtina-veles-i-jkp-derven-so-apel-do-niv/feed/ 0
Општина Аеродром поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје за согорување отпад на отворен простор, надвор од границите на општината https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-aerodrom-podnese-krivichna-prijava-do-ojo-skopje-za-sogoruvane-otpad-na-otvoren-prostor-nadvor-od-granitsite-na-opshtinata/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-aerodrom-podnese-krivichna-prijava-do-ojo-skopje-za-sogoruvane-otpad-na-otvoren-prostor-nadvor-od-granitsite-na-opshtinata/#respond Thu, 02 Nov 2023 10:40:03 +0000 https://kurir.mk/?p=895727

Општина Аеродром во текот на вчерашниот ден до Основното јавно обвинителство од Скопје достави кривична пријава против непознат сторител. Кривичната пријава се однесува за согорување отпад на отворен простор на територија надвор од границите на општината. Истата е поднесена согласно член 70 од Законот за амбиентален воздух, по претходен надзор од страна на инспекциските служби и по претходна пријава од страна на граѓаните за непријатен мирис кој се чувствува на територијата на општината. Законот за амбиентален воздух предвидува обврска за инспекциските служби да поднесат кривична пријава до надлежните судови за поведување на кривична, односно прекршочна постапка, доколку при вршењето надзор се утврди основа за тоа. Со оглед на фактот дека станува збор за кривично дело свесно сторено од страна на непознат сторител и на територија на друга општина, Општина Аеродром смета дека целосно се исполнети условите за кривичен прогон за конкретното кривично дело, а притоа очекуваме Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство согласно своите законски надлежности да постапат по доставената кривична пријава и истата во најкраток рок да ја процесираат до надлежните судски органи. Грижата за здравјето на граѓаните, како и одржувањето на здрава и чиста животна средина останува приоритет на Општина Аеродром. Апелираме за почитување на законите и одговорност кон околината, а нашите служби и во иднина ќе преземаат активности кои се во согласност со законот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-aerodrom-podnese-krivichna-prijava-do-ojo-skopje-za-sogoruvane-otpad-na-otvoren-prostor-nadvor-od-granitsite-na-opshtinata/feed/ 0
Во Прилеп хуманитарен концерт за лицата со цистична фиброза https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-prilep-humanitaren-kontsert-za-litsata-so-tsistichna-fibroza/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-prilep-humanitaren-kontsert-za-litsata-so-tsistichna-fibroza/#respond Wed, 01 Nov 2023 13:16:11 +0000 https://kurir.mk/?p=895395

Пациентите со цистична фиброза барата системско решавање на проблемите и терапија за сите, беше истакнато на денешниот хуманитарен концерт во центарот на Прилеп за донирање за овие пациенти. Од околу 140 пациенти, двајца се од Прилеп, а само 12 ја примаат терапијата. -Ова е начин да се биде гласен да се подигне свеста за пациентите со цистична фиброза. Ваквите хумани настани се битни за поддршката на пациентите и можност перманентно да се потсетува дека цистичната фиброза треба да биде заедничка битка: за унапредување на третманот и лекувањето, за обезбедување центар за цистична фиброза, пристап до модулаторната терапија и пристап до сите потребни лекови што е во согласност со современите и европски протоколи, изјави Елизабета Ангелеска Атанасоска, член на Асоцијацијата на пациенти со цистична фиброза и родител на лице со оваа болест. На хуманитарниот настан во центарот на Прилеп концерт одржа групата „The Haunds“, а општествено одговорна компанија подари два апарати за инхалирање за семејствата на прилепските пациенти. -Ова значи, апсолутно, да им се помогне на луѓето со цистична фиброза и сите лекови да се стават на позитивната листа и, пред сè, да се набават. Да се зголеми свеста дека треба најитно да се донесат лековите, рече Крсте Карчевски, музичар од групата „The Haunds“. -Општествено одговорна компанија донираше два апарати кои им се неопходно потребни на овие деца. Од четири семејства во Прилеп, поради лошиот третман, две се иселија во странство, рече Дејан Проданоски, претседател на советот на Прилеп. Со овој хуманитарен настан, под мотото „Прилеп-град борец, херој, хуманитарец“ почнува одбележувањето на Денот на градот - 3 Ноември и 79-годишнината од конечното ослободување.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-prilep-humanitaren-kontsert-za-litsata-so-tsistichna-fibroza/feed/ 0
„СДС и Лазар Петров ја оставија Демир Капија без прeчистителна станица, кратат на асфалт и материјали кај стигнат“ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sds-i-lazar-petrov-ja-ostavija-demir-kapija-bez-prechistitelna-stanitsa-kratat-na-asfalt-i-materijali-kaj-stignat/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sds-i-lazar-petrov-ja-ostavija-demir-kapija-bez-prechistitelna-stanitsa-kratat-na-asfalt-i-materijali-kaj-stignat/#respond Wed, 01 Nov 2023 08:19:05 +0000 https://kurir.mk/?p=895194

СДС и Лазар Петров ја оставија Демир Капија без прeчистителна станица, кратат на асфалт и материјали кај стигнат, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ. „СДС ја ветуваше прeчистителната станица во Демир Капија како едно од главните ветувања, неколку години подоцна ни трага ни глас. Демир Капија е лоцирана во непосредна близина на прометниот коридор 10, и со години СДС ветува автобуска станица, и никако да исполни, лага до лага. Не само што не можат да ги исполнат крупните ветувања, не можат да реализираат ниту одбележување на пешачки премини како што треба, па дури и сообраќајните знаци низ градот не се соодветно поставени. СДС и Петров ветија изградба на на спортско игралиште во Демир Капија, и не исполнија“, велат од партијата. Од таму додаваат дека Демир Капија со СДС и градоначалникот Петров тоне. Нема проекти, нема иднина за граѓаните, но затоа роднините на функционерите профитираат на се. Наместо да реализира некој проект, директорката на основното училиште поставена од СДС и Петров дала на сопствениот сопруг да постави кафемат во училиштето со кое раководи, тоа е СДС да профитираат секаде каде можат, па и на кафемати во училишта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sds-i-lazar-petrov-ja-ostavija-demir-kapija-bez-prechistitelna-stanitsa-kratat-na-asfalt-i-materijali-kaj-stignat/feed/ 0
Почна изградба на конзоли од штипскиот плоштад „Слобода“ до хотелот Оаза https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochna-izgradba-na-konzoli-od-shtipskiot-ploshtad-sloboda-do-hotelot-oaza/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochna-izgradba-na-konzoli-od-shtipskiot-ploshtad-sloboda-do-hotelot-oaza/#respond Mon, 30 Oct 2023 10:14:52 +0000 https://kurir.mk/?p=894427

Продолжува изградбата на конзолите на реката Отиња на штипската улица „Маршал Тито“ на потегот од хотелот „Оаза“ до Градскиот плоштад „Слобода“, истакнаа на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и пратеникот во Собранието на Република Северна Македонија, Никола Мицевски. Градоначалникот, Јорданов рече дека ова е централно градско подрачје, каде има и најголема фреквенција од сообраќај,а целта е да се прошири улицата, но и да се зголеми бројот на паркинг места. -Знаете дека во изминатиот период во комуникација со пратеникот, Никола Мицевски поднесовме амнадман за финансирање на овој потег за изградба на конзоли и благодарение на поднесениот амнадман обезбедени се пет милиони денари, коишто веднаш почнавме да ги инвестираме и реализираме, а дополнително 2,5 милиони денари од буџетот на Општина Штип се издвоени за реализација на овој проект, вели Јорданов. Тој забележа дека проектот изградба на пешачки конзоли на река Отиња не застанува, туку со 15 милиони денари ќе се градат конзолите од Општинското основно училиште (ООУ) „Ванчо Прќе“ до судската зграда, а наредниот период ќе почне постапката за тендирање за реализација на овој потег. Планирано е изградба на велосипедска патека, како и промена на канделабриите од двете страни на реката Отиња. Повеќе од 25 милиони денари се инвестирани во конзолите на реката Отиња, со цел да се прошират улиците „Васил Главинов“ и „Маршал Тито“ во централниот дел на градот. Пратеникот, Мицевски истакна дека со изгардбата на конозолите на реката Отиња градот добива нов лик, но и и се решава сообраќајниот хаос. -Ова се средства, коишто се обезбедени од амнадман, побаран од моја страна. Морам да потенцирам дека тоа е од централниот буџет, заборавени средства коишто не беа вметнати. Задоволен сум што успеваме секоја година од буџетот и од ребалнсите да добиваме одредени, конкретни средства, како за заштитна ограда на Отиња, така и за изградба на конзоли, вели Мицевски. Тој истакна дека во тек е планирање на буџетот за 2024 година и повторно ќе побара средства за реализација на инфраструктурни проекти во Општина Штип. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochna-izgradba-na-konzoli-od-shtipskiot-ploshtad-sloboda-do-hotelot-oaza/feed/ 0
Патнички воз Скопје- Неготино удрил во железен предмет на пруга, граѓаните патувале шест часа https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/patnichki-voz-skopje-negotino-udril-vo-zhelezen-predmet-na-pruga-graganite-patuvale-shest-chasa/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/patnichki-voz-skopje-negotino-udril-vo-zhelezen-predmet-na-pruga-graganite-patuvale-shest-chasa/#respond Sun, 29 Oct 2023 12:03:28 +0000 https://kurir.mk/?p=894175

Патничкиот воз Скопје - Неготино синоќа удрил во железен предмет кој испаднал на пругата од друг воз, при што патниците патувале шест часа. Како што објасни за МИА неготинецот Илија Стамков, поголемиот дел од возот останал во тунелот, само предниот дел каде што е кабината на машиновозачот бил излезен надвор. - Се беше во ред се додека машиновозачот кој има подолго искуство и возеше бавно во тунелот пред Велес, не го забележал предметот железо што наводно испаднал од друг воз и почна со кочење, но бидејќи возот има голема тежина удривме во железниот предмет, од кој што можевме да бидеме исфрлени од железничката пруга. Се слушнаа неколку удари, јас помислив дека можеби ќе бидеме исфрлени од пругата, но закочивме и поголемиот дел од возот остана во тунелот, само предниот дел каде што е кабината на машиновозачот беше излезен надвор од тунелот, рече Стамков. Возот застанал и според информациите на патниците, случајот бил пријавен кај надлежните и во полиција. Безбедноста била, како што им кажале, околу тоа дали ќе продолжи возот, бидејќи од ударот, не можело да се види дали има некое оштетување. - Полиција дојде, но тоа не значеше крај на нашите маки. Се изначекавме. Почнаа сите од возот да излегуваат и да се бунат, три пати испаднавме и се буневме, два пати не лажеа дека сега ќе тргнеме, сега ќе тргнеме. Испаднавме и почнавме во нервоза да се караме поостро и поостро. Благодарност до машиновозачот кој беше присебен и ни ги спаси животите на сите со неговата брза реакција и кочење. Стасав на железничка станица Неготино во 23 часот, а тргнав од Скопје околу пет часот, нагласи Стамков. Тој додаде дека додека возот стоел, неколкумина патници тргнале пеш по пругата до Велес. - Имаа среќа и не им се случи ништо лошо по патот, по таа темница по пруга. Кога тргнавме, ги качивме и нив по патот, рече Стамков. Тој изрази надеж дека во иднина нема да се случуваат вакви немили настани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/patnichki-voz-skopje-negotino-udril-vo-zhelezen-predmet-na-pruga-graganite-patuvale-shest-chasa/feed/ 0
Апел од велешките пожарникари да не се пали оган на отворен простор https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/apel-od-veleshkite-pozharnikari-da-ne-se-pali-ogan-na-otvoren-prostor/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/apel-od-veleshkite-pozharnikari-da-ne-se-pali-ogan-na-otvoren-prostor/#respond Thu, 26 Oct 2023 12:50:06 +0000 https://kurir.mk/?p=893406

Од ТППЕ Велес апелираат до граѓаните да не палат оган на отворен простор и да не палат стрништа, бидејќи поради ветрот истиот брзо може да се прошири и да предизвика огромна штета и по шумите и населените места. Воедно апелираат до граѓаните доколку забележат пожар веднаш да ги информираат надлежните во ТППЕ на бројот 193 или на бројот за итни повици 112. Вчера околу 15 часот се запалил блок со стрниште кај велешкото село Рлевци и бил пријавен во Центарот за управување со кризи Велес во 15,05 часот. Со брза интервенција на пожарникарска екипа од ТППЕ Велес, која се упатила со едно возило за гаснење и со четворица пожарникари, пожарот бил изгаснат  во 16,50 часот. Со тоа било спречено пожарот да се прошири, информираат за МИА, од ЦУК Велес. Во минатонеделниот пожар кај велешкото село Мамутчево, по запалено стрниште поради ветрот пожарот се прошири и на боровата шума. Како последица на пожарот од запалено стрниште целосно изгоре огромно пространство на квалитетна над 50 години борова шума кај селото Милино во Општина Лозово.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/apel-od-veleshkite-pozharnikari-da-ne-se-pali-ogan-na-otvoren-prostor/feed/ 0
Јорданов понуди плац за куќа, бесплатна градинка за семејството на штипската четворка https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/jordanov-ponudi-plats-za-kuka-besplatna-gradinka-za-semejstvoto-na-shtipskata-chetvorka/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/jordanov-ponudi-plats-za-kuka-besplatna-gradinka-za-semejstvoto-na-shtipskata-chetvorka/#respond Wed, 25 Oct 2023 13:00:21 +0000 https://kurir.mk/?p=892955

Еднократна парична помош од 40.000 денари, од страна на градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов ќе биде префрлено на сметка на Благица и Александар Зикови, кои станаа родители на штипска четворка. Јорданов вели дека разговарал со Александар, таткото на Михаил, Теодор, Ведран и Леонтина и за она што како општина може да им се помогне. -Помеѓу она, што ние како што општина може да им го понудиме како помош е да добијат плац за изградба на куќа, со бесплатни комуналии за градба, како и бесплатна градинка за четирите деца. Тоа е во рамките на нашите надлежности, вели Јорданов. Штипскиот градоначалник очекува одговор во текот на наредниот период што е прифатливо за семејството Зикови, кои се родители на четири деца, а се родија на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/jordanov-ponudi-plats-za-kuka-besplatna-gradinka-za-semejstvoto-na-shtipskata-chetvorka/feed/ 0