Музика – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Nov 2023 12:21:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Музика – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Фановите на „Битлси“ воодушевени, слушнете ја новата песна на легендарниот состав https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/fanovite-na-bitlsi-voodusheveni-slushnete-ja-novata-pesna-na-legendarniot-sostav/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/fanovite-na-bitlsi-voodusheveni-slushnete-ja-novata-pesna-na-legendarniot-sostav/#respond Fri, 03 Nov 2023 12:21:06 +0000 https://kurir.mk/?p=896162

Новата и засега последна песна на легендарниот британски поп-рок состав „Битлс“ - „Now And Then“ (Сега и тогаш) за само 21 час по првичното објавување на платформата Јутјуб собра речиси 4,8 милиони прегледи. А, пристигнуваат и бројни реакции од обожавателите. Песната е првично снимена во облик на демо-снимка пред 45 години. Нецелосната трака е напишана и отпеана од Ленон во 1978 година, а минативе неколку месеци е довршена и дообликувана од Пол Макартни, Ринго Стар и вештачката интелигенција. Снимките на Макартни му ги подарила вдовицата на Ленон, Јоко Оно во 1994 година. Она што е највпечатливо и според преостанатите живи членови од „четворката од Ливерпул“ и според интернет-корисниците, е тоа како ВИ „го оживеа“ гласот на покојниот Ленон. - Ова е веројатно последната песна на „Битлс“ и - слушнете тука... Тоа е вистинска снимка на „Битлс“, нагласува 81-годишниот Пол Макартни во кратката видеопорака за најавата на меланхоличната „Now And Тhen“. Во новиот производ се мешаат звуците на пијано, сологитара и гудачки инструменти. Пол и Ринго во новата верзија вклучија и изведба со електрична и акустична гитара на покојниот Џорџ Харисон снимена 1995 година. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/fanovite-na-bitlsi-voodusheveni-slushnete-ja-novata-pesna-na-legendarniot-sostav/feed/ 0
Најавена нова песна на „Битлси“, денес ќе го чуете гласот на Џон Ленон https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/najavena-nova-pesna-na-bitlsi-denes-ke-go-chuete-glasot-na-dhon-lenon/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/najavena-nova-pesna-na-bitlsi-denes-ke-go-chuete-glasot-na-dhon-lenon/#respond Thu, 02 Nov 2023 09:21:22 +0000 https://kurir.mk/?p=895668

Нова песна на „Битлс“, произведена со мала помош од вештачката интелигенција и со вокалот на Џон Ленон, ќе биде објавена денеска, повеќе од четири децении откако првично била снимена како демо-трака. „Now And Then“ (Сега и тогаш), е една од неколкуте песни на касета што Ленон ги снимил за Макартни во својот дом во Њујорк, 1979 година - една година пред неговата смрт. Снимката на Макартни му ја подарила вдовицата на Ленон, Јоко Оно во 1994 година. Напишана и испеана од Ленон во 1978 година, песната ја завршија неговите колеги од поп-рок бендот, Пол Макартни и Ринго Стар - и ВИ. Макартни (81) го најави објавувањето на песната во јуни, во видео под наслов „Последната песна на Битлс“.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/najavena-nova-pesna-na-bitlsi-denes-ke-go-chuete-glasot-na-dhon-lenon/feed/ 0
Македонија организатор на Светското првенство во хип хоп 2024 https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/makedonija-organizator-na-svetskoto-prvenstvo-vo-hip-hop-2024/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/makedonija-organizator-na-svetskoto-prvenstvo-vo-hip-hop-2024/#respond Wed, 01 Nov 2023 09:26:17 +0000 https://kurir.mk/?p=895247

Клубот „Брејк а Лег“ следната година, од 8 до 17 октомври го организира Светското првенство во хип хоп и стрит денс шоу, што ќе се одржи во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Основачот на најуспешното студио за хип хоп и модерни танци во Македонија „Брејк а Лег“ Трајче Петковски го потпиша договорот за организирање на светското првенство на прес-конференцијата на Светската танцова организација (ИДО) што се одржа во Полска, во присуство на претседателот на ИДО Д-р Велибор Срдич, организаторите Ана Биали и Валдемар Кречко. Петковски истакна дека повеќе од 4500 натпреварувачи, од над 30 земји од 5 континенти ќе се натпреваруваат во дисциплините „хип хоп“ и „стрит денс шоу“ во повеќе возрасни категории. „Светското првенство е одлична можност за промовирање на македонската култура, уметност и традиција, но и потврда дека во Македонија има квалитетни танчери со неверојатни вештини и страст за танц. Упатувам голема благодарност до Светската танцова организација која искрено го препозна нашиот долгогодишен труд, но и заложба за развивање на модерните танци во земјава. Горд сум што следната година ќе бидеме организатори на овој важен настан и ветувам дека ќе понудиме одлична програма која ќе го привлече вниманието на љубителите на танцот и на сите граѓани“, рече Петковски. Во своето 15 годишно постоење, „Брејк а Лег“ има освоено бројни награди на меѓународни натпревари. Во 2016 година, беа светски вице шампион, една година подоцна европски шампион и во периодот од 2010 до 2023, секоја година се финалисти на светското првенство. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/makedonija-organizator-na-svetskoto-prvenstvo-vo-hip-hop-2024/feed/ 0
Теона Јованоска со песната на Сара Мејс беше вистинско освежување на „Макфест 2023“ – „Јас без тебе“ (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/teona-jovanoska-so-pesnata-na-sara-mejs-beshe-vistinsko-osvezhuvane-na-makfest-2023-jas-bez-tebe-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/teona-jovanoska-so-pesnata-na-sara-mejs-beshe-vistinsko-osvezhuvane-na-makfest-2023-jas-bez-tebe-video/#respond Mon, 30 Oct 2023 12:47:23 +0000 https://kurir.mk/?p=894491

На 20-ти октомври на Фестивалот за забавни мелодии „Макфест 2023“ во Штип, младата талентирана пејачка со одлични гласовни способности Теона Јованоска го имаше своето деби на македонската музичка сцена, во рамките на првата дебитантска и вечер на млади надежи и помалку афирмирани изведувачи. Теона настапи со љубовната балада „Јас без тебе”, со која ги освои симпатиите на публиката. Со нејзиниот моќен глас, чиста дикција и едноставност на сцената публиката лесно ја препозна по аплаузот со кој ја поздрави по завршувањето на настапот. Од своите искусни колеги доби и бројни комплименти дека од нејзиниот настап и глас сѐ се слуша и сѐ се гледа, дека е родена да биде ѕвезда, и да продолжи да вложува во развој на нејзината музичка кариера. Музиката и текстот се на неповторливата Сара Мејс, која воедно е и нејзина долгогодишна менторка по пеење. Аранжманот е на Иван Петровски, а спотот е во режија е Каролина Ди. Како звучи и изгледа видеото на Теона нејзината макфестовска песна „Јас без тебе“, проследете во продолжение. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/teona-jovanoska-so-pesnata-na-sara-mejs-beshe-vistinsko-osvezhuvane-na-makfest-2023-jas-bez-tebe-video/feed/ 0
Марија Спасовска доби најмногу аплаузи на „Макфест“ за нејзината „Темперамент“ (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/marija-spasovska-dobi-najmnogu-aplauzi-na-makfest-za-nejzinata-temperament-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/marija-spasovska-dobi-najmnogu-aplauzi-na-makfest-za-nejzinata-temperament-video/#respond Wed, 25 Oct 2023 10:54:39 +0000 https://kurir.mk/?p=892907

Ако на втората вечер од фестивалот „Макфест“ беше од натпреварувачки карактер, а не ревијален, младата пејачка Марија Спасовска без сомнение ќе освоеше награда... Нејзината песна „Темперамент“ ги исполни критериумите на публиката, а Марија на крајот од нејзиниот настап доби громогласен аплауз во преполната сала во културниот дом „Ацо Шопов“. Денеска беше и официјално објавен спотот на сите социјални мрежи и музички плаформи, кој и овојпат го изработи екипата на „Урбан Рекордс“, на чело со Гордан Божиновски. „Мене ми е најважно тоа што на публиката и се допаѓа новата песна. Реакциите се одлични, коментарите исто така. Ќе бидам искрена и ќе кажам: Кога одбирав која песна да ја пријавам на „Макфест“ песната „Темперамент" ми даде звук за хит и очекувам да биде слушана ... Среќна сум што наиде веднаш на силен аплауз кај публиката во салата во Штип“ – изјави Спасовска. Марија не запира тука, таа со својот тим веќе полека работат и на новиот проекот, а до тогаш ќе може да ја слушнете и видите на настапите ширум нашата земја. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/marija-spasovska-dobi-najmnogu-aplauzi-na-makfest-za-nejzinata-temperament-video/feed/ 0
Концерт на македонскиот пијанист Дино Имери во Лондон https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/kontsert-na-makedonskiot-pijanist-dino-imeri-vo-london/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/kontsert-na-makedonskiot-pijanist-dino-imeri-vo-london/#respond Wed, 25 Oct 2023 05:52:40 +0000 https://kurir.mk/?p=892766

По повод јубилејот – 30 години билатерални односи меѓу РС Македонија и Велика Британија, македонскиот пијанист Дино Имери ќе одржи концерт во Лондон, во Кралскиот колеџ за музика (Royal College of Music). На концертот тој ќе настапи како солист на пијано, но и заедно со хрватскиот пијанист Ведран Јањанин, ќе изведат дела од македонски автори, како и дела од Густав Холст, Сергеј Рахмањинов и Витолд Лутославски. Настанот е поддржан од македонското Министерство за култура, а го организира Амбасадата на РСМ во Лондон. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/kontsert-na-makedonskiot-pijanist-dino-imeri-vo-london/feed/ 0
Џокер дебитираше на „Макфест“: Сопругот на Антониа Гиговска има „најозборувана“ песна! (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/dhoker-debitirashe-na-makfest-soprugot-na-antonia-gigovska-ima-najozboruvana-pesna-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/dhoker-debitirashe-na-makfest-soprugot-na-antonia-gigovska-ima-najozboruvana-pesna-video/#respond Tue, 24 Oct 2023 12:29:40 +0000 https://kurir.mk/?p=892522

Викендот што помина се одржа 38-то издание на музичкиот фестивал „Макфест“ во Штип, а според коментарите на публиката, ова година можеа да се слушнат навистина одлични композиции.. Една од нив дефинитивно е и онаа „Кошула бела“ на дебитантот на овој фестивал, популарниот Џокер, кого јавноста го знае и како сопруг на музичката ѕвезда Антониа Гиговска. Џокер настапи за првпат на овој фестивал, односно на првата фестивалска вечер, а иако не успеа да обезбеди пласман за во втората - ревијалната вечер, тој дефинитивно според многумина ја има една од најдобрите песни на ова 38-мо издание на „Макфест“. „Искрен да бидам, ниту на крај памет не бев дека ќе пеам на „Макфест“. Сосема случајно се случи тоа. Имено, песната уште пред дваесетина дена ја пуштив на еден мој пријател да ја слушне и на негово инсистирање реши да ме „спои“ со уметничкиот директор на фестивалот Роберт Саздов. Се сретнавме, Саздов ја слушна песната и веднаш ми понуди да настап на „Макфест“. Размислував неколку дена и решив да ја прифатам понудата. Јас одлично поминав на фестивалот, за мене едно ново искуство. Најважно од се ми е што добивам секојдневно позитивни коментари за песната“ – изјави Џокер“. Инаку младиот артист за оваа песна сними и видеоспот, во кој покрај него се појавуваат уште десетина други статисти од сите возрасти... Погледнете: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/dhoker-debitirashe-na-makfest-soprugot-na-antonia-gigovska-ima-najozboruvana-pesna-video/feed/ 0
Драган Теодосиев најдобар млад македонски џез музичар https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/dragan-teodosiev-najdobar-mlad-makedonski-dhez-muzichar/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/dragan-teodosiev-najdobar-mlad-makedonski-dhez-muzichar/#respond Tue, 24 Oct 2023 08:19:58 +0000 https://kurir.mk/?p=892424

Џез тапанарот, импровизатор и композитор Драган Теодосиев годинава ја доби наградата за најдобар млад македонски џез музичар, што традиционално ја доделува Скопскиот џез фестивал. Теодосиев е присутен на македонската музичка сцена речиси две децении, а своето музичко образование го стекнал во средно музичко училиште и на одделот за џез музика на Факултетот за музичка уметност во Штип. Активно работи со голем број артисти и бендови како: Taxi Consilium, Svetlost + Odron Ritual Orchestra, Зарина Првасевда, Cobalt Code Unit, Shock Troopers и Дина Јашари, а соработувал и со Тони Китановски, Сашо Поповски, Јордан Костов и многу други. Бил дел и од театарската група „Мадам Фортуна“ од Антверпен, Белгија. Редовно настапува кај нас, но и низ цела Европа. Го нарекуваат „најзафатениот (џез) музичар во Македонија“. Наградата на Теодосиев му беше врачена минатиот петок (20 октомври) пред самиот настап на неговиот состав Cobalt Code Unit на 42. Скопски џез фестивал. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/dragan-teodosiev-najdobar-mlad-makedonski-dhez-muzichar/feed/ 0
Инспирацијата за макфестовската креација на Бојана Скендеровски е од романот „Дилбер Стана“ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/inspiratsijata-za-makfestovskata-kreatsija-na-bojana-skenderovski-e-od-romanot-dilber-stana/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/inspiratsijata-za-makfestovskata-kreatsija-na-bojana-skenderovski-e-od-romanot-dilber-stana/#respond Tue, 24 Oct 2023 08:17:50 +0000 https://kurir.mk/?p=892421

Овогодинешното 38. макфестовско издание не помина без двократниот победник на единствениот фестивал на забавна музика кај нас - Бојана Скендеровски, која на сцената ја донесе одличната „Да те немам“. Станува збор за брза, клупска песна чии аранжман и музика ги потпишува самата, додека текстот е дело на Робин Зимбаков. „Песната е во малку поинаков стил, но некако сакав на мојата публика да ѝ приредам мало освежување, а воедно сакав да донесам и нешто ново и поразлично и во мојот репертоар“, вели Бојана и открива дека нема да застане тука. Веќе наголемо, вели, се работи на нови песни, се размислува за дует, солистички концерт, а, секако, тука е и проектот „Македонијо во срце те носиме“ кој продолжува напролет. Освен што на сцената донесе стилски поразлична песна, Бојана се потруди и комплетниот настап и појавувањето да биде уникатно и впечатливо. „За мојот изглед овој пат беше задолжена Ивана Кнез, која инспирацијата за креацијата ја најде во приказната од романот „Дилбер Стана“ на Стале Попов – девојка заробена во прекрасна гардероба и сопствени соништа во копнеж и мечта по љубов. Бисерите како заштитен знак на Ивана Кнез симболизираат моќ за трансформација на негативното во позитивно, кога од проблем се создава волшепство исто како што школката од зрно песок го создава бисерот. Со вера, надеж и љубов, од жена за жени... “, раскажува Бојана и вели дека и таа како во приказната за бисерот ќе се труди и понатаму да создава волшепства. Бојана е двоен победник на Макфест – прв пат во 2003. година кога ја отпеа темата „Немам одбрана“ и втор пат во 2015. кога триумфираше со „Диви цветови“. Уживајте во „Да те немам“ и бидете подготвени за новитетите што следуваат од Бојана: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/inspiratsijata-za-makfestovskata-kreatsija-na-bojana-skenderovski-e-od-romanot-dilber-stana/feed/ 0
Симона сними видео за макфестовската „Бакни ме за крај“ и испрати моќна порака (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/simona-snimi-video-za-makfestovskata-bakni-me-za-kraj-i-isprati-mokna-poraka-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/simona-snimi-video-za-makfestovskata-bakni-me-za-kraj-i-isprati-mokna-poraka-video/#respond Mon, 23 Oct 2023 09:05:58 +0000 https://kurir.mk/?p=892116

„Бакни ме за крај“ е насловот на композицијата што Симона Поповска ја отпеа викендов на Макфест. Станува збор за песна која е комплетно авторско дело на Горјан Стојановски, а за неа Симона веќе сними и видеозапис, кој го работеше со Крсте Шупев. За нејзиниот изглед во видеото, но и на Макфест беше задолжен стариот и проверен соработник Бобан Тодоровски (шминка и фризура), додека уникатната креација со која се појави на сцената во Штип и која всушност ја претстави како феникс ја изработи Златко Јовановски – ЈЗЈ. „Статистички секоја четврта жена во светот е жртва на родово базирано психолошко насилство од страна на партнерот, а токму преку фениксот кој беше инспирација и за креацијата што ја носев на Макфест сакав да ја испратам пораката што се појавува и на крајот од видеото - дека секој има свој пат и право да го изоди. Секој треба и може да го разбуди фениксот во себе, кој всушност ја симболизира трансформацијата и обновувањето“, вели Симона, која по музичката пауза заради мајчинството и семејството реши да се фокусира на создавањето нова музика и да им се врати на живите настапи. „Доста одморав време е за настапи, по Макфест каде имав побрза, да речам клупска песна, веќе се подготвувам за нова, ако сѐ оди како што треба за отприлика два месеци ќе промовирам нешто ново“, вели Симона, која цврсто гази по својот избран пат во кој освен за семејството и пеењето место има и за медицината и работата на која ѝ е максимално посветена.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/simona-snimi-video-za-makfestovskata-bakni-me-za-kraj-i-isprati-mokna-poraka-video/feed/ 0