ТВ и Филм – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Nov 2023 10:41:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ТВ и Филм – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Мег Рајан во нова љубовна комедија по осум години https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/video-meg-rajan-vo-nova-lubovna-komedija-po-osum-godini/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/video-meg-rajan-vo-nova-lubovna-komedija-po-osum-godini/#respond Wed, 01 Nov 2023 10:41:54 +0000 https://kurir.mk/?p=895307

Американската глумица Мег Рајан се враќа на големото платно со љубовна комедија што самата ја напиша, режираше и продуцираше. Дури осум години по нејзиниот последен холивудски филм, ѕвездата на романтичните филмови проговори за „Што се случува подоцна“ (What Happens Later). Нејзин партнер во филмот е Дејвид Духовни. Прикажувањата во американските кина почнуваат овој петок. Последните нејзини филмови беа „Забавната девојка“ и „Итака“ од 2015 година. - Ми требаше долго време за да направам што било, па само три од овие осум години работев на ова, објасни таа. Духовни ја пофали работата на Рајан во сите нејзини различни задачи околу филмот. - Мег ја носи таа одговорност навистина лесно - што е убаво. Никогаш не помислив дека е преоптоварена или под притисок иако убеден сум дека во одредени мигови беше така, додаде глумецот. На ИМДБ, оние кои ги погледнале претпремиерите, веќе му дале на филмот просечна оцена од 7,9 / 10. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/video-meg-rajan-vo-nova-lubovna-komedija-po-osum-godini/feed/ 0
Борко Ристовски со нова порака до Перо Антиќ: Пуштањето на химната нема да те спаси од тоа што следи… https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/borko-ristovski-so-nova-poraka-do-pero-antik-pushtaneto-na-himnata-nema-da-te-spasi-od-toa-shto-sledi/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/borko-ristovski-so-nova-poraka-do-pero-antik-pushtaneto-na-himnata-nema-da-te-spasi-od-toa-shto-sledi/#respond Tue, 31 Oct 2023 09:34:16 +0000 https://kurir.mk/?p=894765

Поранешниот голман на македонската ракометна репрезентација и актуелен извршен директор на РК Вардар 1961, Борко Ристовски беше гостин во„Лазаров подкаст“ каде отворено збореше за многу работи меѓу кои почетоците на неговата меѓународна кариера, несогласувањата со Кире Лазаров и Перо Антиќ. Ристовски меѓународната кариера ја започнал од Шпанија каде раскажа интересна анегдота која вреди да се чуе. Меѓу другото Ристовски откри зошто повеќе не разговараат со Кире Лазров, а на Перо Антиќ му испрати сериозна порака. -Како спортист е едно, никој не го оспорува неговиот квалитет, секоја чест... меѓутоа како функционер кој што е претседател на КФМ, мислам дека апсолутно е никаков пример за младото општество во Македонија. Гледам дека сега пробува нешто да биде патриот, да пушта на сите натпревари македонска химна мислејќи дека тоа ќе го спаси од тоа што доаѓа, апсолутно напоменувам дека тоа нема да го спаси, затоа што тоај е првиот функционер кој што го смени името на КФМ, од Кошаркарска федерација на Македонија  во Кошаркарска федерација на Северна Македонија... никакви пуштања на химна сега на кошаркарски натпревари нема да го спаси сега од една дебела и тешка и обемна ревизија КФМ, му порача Борко Ристовски на Перо Антиќ. Тој во „Лазаров подкаст“ ги кажа плановите за иднината на РК Вардар, активирањето во политичка партија... Повеќе погледнете на слединиот линк: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/borko-ristovski-so-nova-poraka-do-pero-antik-pushtaneto-na-himnata-nema-da-te-spasi-od-toa-shto-sledi/feed/ 0
ВИДЕО: Објавен трејлерот за филмот за Џеј Рамадановски, главниот актер го нарекуваат негов клон https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/video-objaven-trejlerot-za-filmot-za-dhej-ramadanovski-glavniot-akter-go-narekuvaat-negov-klon/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/video-objaven-trejlerot-za-filmot-za-dhej-ramadanovski-glavniot-akter-go-narekuvaat-negov-klon/#respond Thu, 26 Oct 2023 19:37:08 +0000 https://kurir.mk/?p=893435

Објавен е првиот трејлер за филмот „Недела“ кој ја следи животната приказна на легендарниот изведувач на народна музика Џеј Рамадановски, кој почина на 6 декември 2020 година од срцев удар. Инспириран од вистински настани, филмот ја раскажува приказната за Џеј од неговата најрана младост до големиот успех што го постигнал. Иако немал лесно детство, кое во најголем дел го поминал на улица или во поправен дом, Џеј успеал да го заземе своето место на музичката сцена и преку своите песни да стане дел од животот на многумина. Откако на крајот на 2021 година беше најавено дека ќе се снима филм за легендата на народната музика, српските медиуми објавија дека главната улога ќе ја има Хусеин Алијевиќ од поранешната група „Бит стрит“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/video-objaven-trejlerot-za-filmot-za-dhej-ramadanovski-glavniot-akter-go-narekuvaat-negov-klon/feed/ 0
Филмот „Лена и Владимир“ на Игор Алексов во киното „Мис Стон“ во Прилеп https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/filmot-lena-i-vladimir-na-igor-aleksov-vo-kinoto-mis-ston-vo-prilep/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/filmot-lena-i-vladimir-na-igor-aleksov-vo-kinoto-mis-ston-vo-prilep/#respond Wed, 25 Oct 2023 06:14:27 +0000 https://kurir.mk/?p=892773

Најновиот македонски филм „Лена и Владимир“ на режисерот Игор Алексов вечер првпат ќе биде прикажан во киното „Мис Стон“ во Прилеп, со почеток во 19.30 часот. Филмот е работен по сценарио на Александар Русјаков. Својата премиера ја имаше на затворањето на фестивалот „Браќа Манаки“, а на 19 октомври се прикажа пред скопската публика во „Синеплекс“. Улогите во „Лена и Владимир“ ги толкуваат Тони Наумовски, Сара Климоска, Дениз Абдула, Петар Мирчевски, Благоја Чоревски, Петре Арсовски и други. Во филмот судбината спојува двајца бегалци, Владимир, 40-годишен маж кој ја изгубил сета своја љубов и Лена, 16-годишна девојка која никогаш немала љубов. Тие си помагаат еден на друг да ја откријат љубовта кон животот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/filmot-lena-i-vladimir-na-igor-aleksov-vo-kinoto-mis-ston-vo-prilep/feed/ 0
Турските серии достигнаа 750 милиони гледачи во над 150 земји https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/turskite-serii-dostignaa-750-milioni-gledachi-vo-nad-150-zemji/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/turskite-serii-dostignaa-750-milioni-gledachi-vo-nad-150-zemji/#respond Thu, 19 Oct 2023 09:28:01 +0000 https://kurir.mk/?p=890688

Турските телевизиски серии стигнаа до вкупно 750 милиони гледачи во повеќе од 150 земји, нагласи заменик-министерот за култура и туризам на Турцфија, Батухан Мумџу на ТВ-фестивалот „Мипком“ во Кан, Франција. Како што објави весникот „Хуриет дејли њуз“ на англиски јазик, Турција е водечки извозник на ТВ-серии меѓу земјите од неанглиско говорно подрачје и е на третото место во светот по Соединетите Американски Држави и Велика Британија. Турските ТВ-серии доживеаја завиден успех и на неодамнешниот собир во Кан, на којшто присуствуваа над 10.000 посетители и претставници од 108 земји. Секоја година во Турција се произведуваат околу 50 ТВ-серии. - Со содржините произведени во Турција, достигнуваме 750 милиони гледачи во 152 земји. Сите фактори во индустријата добро ја знаат повеќеслојната важност на продажбата на ТВ-серии - и во однос на извозот и како моќна алатка на културната дипломатија, изјави Мумџу. Шефот на турската медиумска група „Демирорен“ - Мурат Јанчу истакна дека водечката улога на Турција во извозот на ТВ-серии на светската сцена е доказ за успехот и напредокот во оваа индустрија. Во зависност од земјата, цената на една епизода достигнува меѓу 300 и 700 илјади долари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/turskite-serii-dostignaa-750-milioni-gledachi-vo-nad-150-zemji/feed/ 0
ФОТО: Анџелина Џоли во биографски филм за Марија Калас https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/foto-andhelina-dholi-vo-biografski-film-za-marija-kalas/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/foto-andhelina-dholi-vo-biografski-film-za-marija-kalas/#respond Mon, 16 Oct 2023 11:03:14 +0000 https://kurir.mk/?p=889317

Анџелина Џоли снима биографски филм за славната певица Марија Калас, па на интернет се појавија фотографии од снимањето во Париз, Франција. На сликите, Џоли во насловната улога на филмот „Марија“ ги носи омилените модни парчиња на Калас - плетени џемпери, тркалезни, топчести мотиви и луксузна облека. А пак, обожавателите и следачите постојано коментираат дека оскаровката изгледа речиси „непрепознатливо“ во нејзината нова улога, пишува „Јаху“. По освојувањето на посакуваната улога, Џоли изјави дека оваа улога ја сфаќа сериозно и одговорно, зашто се работи за животот и наследството на Калас. - Ќе дадам сѐ од себе за да одговорам на предизвикот. Пабло Лараин е режисер на кого долго му се восхитувам. Можноста да раскажам повеќе од приказната за Марија, со него, и со сценариото на Стивен Најт, е сон за мене, истакна Џоли. Претстојниот филм, според првичните информации, се сосредоточува на турбулентниот живот на легендарната грчко-американска оперска дива во 1970-тите. Снимањето сѐ уште е во почетна фаза, а киноприкажувањата се закажани за 2024 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/foto-andhelina-dholi-vo-biografski-film-za-marija-kalas/feed/ 0
Пиноче како вампир во црна комедија на Нетфликс https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/pinoche-kako-vampir-vo-tsrna-komedija-na-netfliks/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/pinoche-kako-vampir-vo-tsrna-komedija-na-netfliks/#respond Thu, 12 Oct 2023 12:16:12 +0000 https://kurir.mk/?p=888079

Нетфликс ја објави црната комедија „Гроф“ (El Conde) на чилеанскиот режисер Пабло Ларaин. Во филмот, диктаторот Августо Пиноче е претставен како вампир од ерата на Барокот, кој сè уште е жив, но самиот решава да умре. Ова е всушност четврти филм на Ларaин за Пиноче - по „Тони Манеро“, „Пост мортем“ и „Не“, но официјално не се смета за дел од таа трилогија. Во „Гроф“ дејството е префрлено во „царството на натприродното“. Пиноче тука е вампир, Французин кој живеел уште пред Француската револуција. Пиноче (го глуми Хаиме Вадел) е жив и се крие во тајна куќа, но веќе умира - тажен за тоа како испаднало сѐ во животот... Занимливо е тоа што филмот го има истото име како комедијата на Чарли Чаплин - „Грофот“ (1916), но всушност, на некој начин го следи стилот на друга сатира - „Големиот диктатор“ (1940). Просечната оценка за новиот филм на ИМДБ засега е 6,5 /10, од вкупно над 5.300 гледачи кои го оцениле филмот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/pinoche-kako-vampir-vo-tsrna-komedija-na-netfliks/feed/ 0
Премиера на краткиот филм „СЛОБОДА” во режија на Златко Ѓелески https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/premiera-na-kratkiot-film-sloboda-vo-rezhija-na-zlatko-geleski/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/premiera-na-kratkiot-film-sloboda-vo-rezhija-na-zlatko-geleski/#respond Thu, 12 Oct 2023 06:38:49 +0000 https://kurir.mk/?p=887904

Вечерва, во киносалата „Фросина“ во Младинскиот културен центар, со почеток од 20 часот, ќе се прикаже новиот краток игран филм „Слобода“ во режија на Златко Ѓелески. Станува збор за краткометражен омнибус, односно спој на три приказни кои се одвиваат една зимска вечер во кафулето „Слобода“. Таму се пресретнуваат тројца пријатели кои неуспешно се обидуваат да се договорат помеѓу себе, додека на шанкот се наоѓаат две долгогодишни пријателки кои истата вечер одлучуваат да споделат тајни кои ги криеле една од друга, а на оддалечена маса од нив во тек е зделка за продажба на артефакт од Крушевската република. Во улогата на тројцата пријатели се појавуваат кичевските актери: Михајло Петревски, Ристе Ѓорѓиевски и Станко Стевановиќ, двете девојки на шанкот ги глумат: Тамара Ристоска и Весна Гаврилоска, а продажбата на артефактот се одвива помеѓу ликовите кои ги глумат: Ивица Димитријевиќ, Игор Бошкоски, Дарко Мече Костески и Андреј Дукоски. Врската помеѓу сите овие ликови се сопственикот на кафулето и вработениот кои ги познаваат посетителите на локалот, кои ги глумат: Тале Никодиновски и Ренато Јеремоски. Филмот е во режија и сценарио на Златко Ѓелески, продуциран е од страна на Бранко Стојаноски, работен за „Блу Медија Моушен“ од Кичево, монтажата и визуелните ефекти ги работи Љупчо Темелковски, директор на фотографија е Владимир Димоски, звукот е на Горазд Радески, а музиката е на Љупчо Стефаноски. Ова е третиот краток игран филм режиран од страна на Ѓелески, претходните два филма се: „Од другата страна“ и „Мемоари“, а Ѓелески и Стојаноски претходно соработуваа на филмот „Центроид“ од 2022 година, кој го режираше Стојаноски. Краткиот игран филм „Слобода“ е финансиран со помош од фирмите од Кичево, со цел да се помогне збогатувањето на културниот живот во градот. Влезот на проекцијата е слободен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/premiera-na-kratkiot-film-sloboda-vo-rezhija-na-zlatko-geleski/feed/ 0
Џесика Честејн претседателка на Филмскиот фестивал во Маракеш https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/dhesika-chestejn-pretsedatelka-na-filmskiot-festival-vo-marakesh/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/dhesika-chestejn-pretsedatelka-na-filmskiot-festival-vo-marakesh/#respond Tue, 10 Oct 2023 10:37:23 +0000 https://kurir.mk/?p=887403

Американската глумица и оскаровка Џесика Честејн ќе го предводи жирито на Меѓународниот филмски фестивал во Маракеш, Мароко, објави „Варајети“ (Variety). Фестивалот што отвора илјадници работни места за тамошните жители и всушност претставува гордост за мароканскиот народ, останува на агендата по силниот земјотрес во Мароко во септември. Жирито, со коешто претседава Честејн, ќе го избере добитникот на „Златната ѕвезда“ - главната награда. Ова, 20. јубилејно издание на Фестивалот ќе почне на 24 ноември и ќе трае до 2 декември. Џесика Честејн претходно беше присутна и на Филмскиот фестивал во Венеција заради претставување на филмот на Мишел Франко - „Сеќавање“, и покрај штрајкот на глумците и сценаристите во Холивуд, благодарение на привремениот договор со влијателниот синдикат на американските глумци САГ-АФТРА. - Чест ми е што сум претседателка на жирито на овој угледен Меѓународен филмски фестивал што годинава го одбележува своето 20. издание. Возбудена сум што се враќам на фестивалот, кој последен пат го посетив во 2011 година. Може ли да ми се довери оваа улога е привилегија и со нетрпение очекувам да го прославам неверојатниот светски талент во светот на кинематографијата, изјави Џесика Честејн. Оскаровката, инаку, го наследува италијанскиот режисер Паоло Сорентино. Во Маракеш се очекува уште еден редовен учесник на филмските манифестации - режисерот Мартин Скорсезе.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/dhesika-chestejn-pretsedatelka-na-filmskiot-festival-vo-marakesh/feed/ 0
Првиот филм за Џејмс Бонд е прикажан на денешен ден пред 61 година https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/prviot-film-za-dhejms-bond-e-prikazhan-na-deneshen-den-pred-61-godina/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/prviot-film-za-dhejms-bond-e-prikazhan-na-deneshen-den-pred-61-godina/#respond Thu, 05 Oct 2023 20:48:58 +0000 https://kurir.mk/?p=885707

На 5 октомври 1962 година, првиот филм за Џејмс Бонд за првпат беше јавно прикажан. Тоа беше првиот од дури 27 филмови во успешната серија, а главната улога ја одиграа седум актери. Серијата филмови за Бонд е адаптација на романот на Иан Флеминг, англиски писател кој служел како разузнавач во морнарицата на Обединетото Кралство. Помеѓу 1953 и 1966 година, Флеминг напишал 17 романи за шпион вработен во британската тајна служба МИ6. Тематски, романите се проткаени со теми како што се положбата на Велика Британија во светот, ефектите од војната, колегијалноста и секако популарниот „непријател одвнатре“. Името на првиот филм беше Др. Но - според името на главниот негативец. Честа да го глуми Џејмс Бонд прв ја доби легендарниот шкотски актер Шон Конери, а во трилерот во Јамајка успеа да го победи злобниот доктор Џулиус Ноа. Филмот не бил премногу амбициозен, бидејќи буџетот со кој располагал изнесувал само еден милион долари. На изненадување на продуцентите и инвеститорите - филмот заработил околу 65 милиони долари од билети за кино. Таквиот успех барал продолжение, а филмовите за Бонд не престануваат да се снимаат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/prviot-film-za-dhejms-bond-e-prikazhan-na-deneshen-den-pred-61-godina/feed/ 0