Кошарка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Nov 2023 17:07:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Кошарка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ТФТ го победи и Гостивар https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/tft-go-pobedi-i-gostivar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/tft-go-pobedi-i-gostivar/#respond Sat, 04 Nov 2023 17:07:30 +0000 https://kurir.mk/?p=896486

Кошаркарите на ТФТ влегоа во одлична форма и доказ за тоа е петтата победа во низа во домашниот шампионат, победа која ја остварија над Гостивар со 79:70. Првата и последната четвртина им припаднаа на гостите (13-15, 12-20), но избраниците на Смилковски беа одлични во вториот и третиот период во кој уфрлија по 27 поени, поточно тука ја направија клучната разлика за триумфот во СРЦ Кале. Верц беше најрасположен играч кај победникот со 22 поени и 6 скока, додека Играм со 17 поени и 7 скокови беше прво име кај поразените. Вчера да потсетиме, МЗТ Скопје славеше на гостувањето во Охрид со 98:73.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/tft-go-pobedi-i-gostivar/feed/ 0
НБА: Јокиќ со уште една маестрална партија водеше Денвер до победа над Далас https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/nba-jokik-so-ushte-edna-maestralna-partija-vodeshe-denver-do-pobeda-nad-dalas/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/nba-jokik-so-ushte-edna-maestralna-partija-vodeshe-denver-do-pobeda-nad-dalas/#respond Sat, 04 Nov 2023 07:05:48 +0000 https://kurir.mk/?p=896316

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ во првиот меч од НБА-купот заедно со Денвер нагетс славеше против Далас маверикс со 125-114. Јокиќ го делеше само една асистенција да стигне до третото место на вечната листа на кошаркари по број на трипл-дабл во кариерата. Србинот против Далас постигна 33 поени, 14 скокови и девет асистенции, па така остана на 107. трипл-дабл, колку што имаат Леброн Џејмс и Џејсон Кид. Кај поразениот тим најдобар беше Лука Дончиќ со 34 поени, 10 скокови и осум асистенции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/nba-jokik-so-ushte-edna-maestralna-partija-vodeshe-denver-do-pobeda-nad-dalas/feed/ 0
ФИБА турнир Скопје 2023: Двојна победа на македонските селекции над Косово https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/fiba-turnir-skopje-2023-dvojna-pobeda-na-makedonskite-selektsii-nad-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/fiba-turnir-skopje-2023-dvojna-pobeda-na-makedonskite-selektsii-nad-kosovo/#respond Fri, 03 Nov 2023 09:20:24 +0000 https://kurir.mk/?p=896084

Македонските кадетски кошаркарски репрезентации во машка и женска конкуренција забележаа синоќа победи над соодветните селекции на Косово во рамки на 2. коло на ФИБА развојниот турнир „Заедно до 16“ што се игра во Скопје. Во пресметката на женските селекции, македонските кошаркарки забележаа убедлив триумф над Косово со 73-24 во дуел во кој избраничките на селекторот Горан Крстевски имаа апсолутна доминација на паркетот во СРЦ „Кале“. Најефикасна во македонските редови беше Колева со 17 поени. На машкиот турнир, македонските кошаркари ја извојуваа и втората победа, совладувајќи ја убедливо селекцијата на Косово со 72-57. Најефикасен во македонските редови беше Бошковски со 15 поени. Во третото коло од турнирот во Скопје, двете македонски селекции се слободни, а натпреварувањето го продолжуваат в сабота против селекциите на Турција.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/fiba-turnir-skopje-2023-dvojna-pobeda-na-makedonskite-selektsii-nad-kosovo/feed/ 0
Серџо Скариоло во преговори со Милвоки https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/serdho-skariolo-vo-pregovori-so-milvoki/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/serdho-skariolo-vo-pregovori-so-milvoki/#respond Fri, 03 Nov 2023 05:06:20 +0000 https://kurir.mk/?p=895974

Поранешниот тренер на Виртус Болоња и селектор на кошаркарската репрезентација на Шпанија, Серхио Скариоло, би можел да го замени Тери Сотс како главен помошник тренер на Адријан Грифин на клупата на Милвоки Бакс. Скариоло добил предлог-понуда од Милвоки Бакс да се врати во НБА и да му помага како прв помошник на Адријан Грифин во тековната сезона. Скариоло, кој работеше со Грифин во неговиот ангажман во Торонто Репторс, ќе го замени Тери Сотс кој поднесе оставка работа пред неколку недели. Откако се раздели со Виртус Болоња, Скариоло доби понуда да го преземе и Асвел Вилербан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/serdho-skariolo-vo-pregovori-so-milvoki/feed/ 0
Филип Петрушев трејдуван во Сакраменто https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/filip-petrushev-trejduvan-vo-sakramento/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/filip-petrushev-trejduvan-vo-sakramento/#respond Fri, 03 Nov 2023 05:04:27 +0000 https://kurir.mk/?p=895971

Филип Петрушев стана нов кошаркар на Сакраменто Кингс, а сега се појавија и деталите од најновиот трејд. Петрушев летово пристигна во Филаделфија, франшиза која го избра на драфотот во 2020 година како 50.пик. Од почетокот на сезоната тој одигра само три минути за Филалделфија, а потоа како дел од трејдот за Џејмс Харден замина во ЛА Клиперс.Ден по пристигнувањето во Лос Анџелес, Клиперси го испратија во Сакраменто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/filip-petrushev-trejduvan-vo-sakramento/feed/ 0
Милано подготвува отказ за трофејниот стратег? https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/milano-podgotvuva-otkaz-za-trofejniot-strateg/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/milano-podgotvuva-otkaz-za-trofejniot-strateg/#respond Thu, 02 Nov 2023 05:09:13 +0000 https://kurir.mk/?p=895559

Олимпија Милано се наоѓа во голема резултатска криза и сѐ уште не може да го пронајде „рецептот“ за успех, иако летово беа доведени неколку исклучително големи и ѕвездени имиња. Тимот забележа четири порази во последните пет натпревари, а тоа е доволна причина за вклучување на „алармот“ кај управата. Челните луѓе наводно веќе размислуваат за промена на тренерот, а тоа значи дека Еторе Месина би можел многу наскоро да ја заврши својата авантура во италијанскиот евролигаш. Во моментов Олимпија има скор од 1-4 во Евролигата, а се чини дека последната капка на незадоволство дојде откако тимот загуби на домашен терен од Макаби со 98-90. Месина беше многу незадоволен и изјави дека одбраната на овој натпревар била трагикомична. „Примивме скоро 100 поени на натпревар во кој имавме 25 асистенции и шут за три поени од 40%. Силната одбрана е нашиот идентитет, но на овој меч комплетно го загубивме компасот. Макаби нѐ наттрча и нѐ натскока, поентираше од „пик енд рол“, а нашата одбрана беше срамна“, изјави Месина по мечот со израелската гордост.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/milano-podgotvuva-otkaz-za-trofejniot-strateg/feed/ 0
МЗТ Скопје ќе биде две недели без Војдан Стојановски https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mzt-skopje-ke-bide-dve-nedeli-bez-vojdan-stojanovski/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mzt-skopje-ke-bide-dve-nedeli-bez-vojdan-stojanovski/#respond Thu, 02 Nov 2023 05:06:28 +0000 https://kurir.mk/?p=895556

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје објави на социјалните мрежи дека еден од нивните најдобри кошаркари, Војдан Стојановски, ќе паузира две недели поради повредата со која се здоби на натпреварот против Еуро Никел. Стојановски доби исеченица на пресметката против Еуро Никел (71-61), па затоа извесен период ќе тренира со намалено темпо и без контакт додека не му ги извадат конците и не му зарасне повредата. МЗТ Скопје информира дека Стојановски нема да биде во тимот за дуелот против Охрид, кој е закажан за задутре од 17 часот, но ќе биде подготвен за вториот турнир во АБА2-лигата, закажан во Златибор од 13 до 19 ноември.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mzt-skopje-ke-bide-dve-nedeli-bez-vojdan-stojanovski/feed/ 0
Монструозно забивање на новото чудо во НБА – коментаторот урлаше во транс (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/monstruozno-zabivane-na-novoto-chudo-vo-nba-komentatorot-urlashe-vo-trans-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/monstruozno-zabivane-na-novoto-chudo-vo-nba-komentatorot-urlashe-vo-trans-video/#respond Wed, 01 Nov 2023 09:47:59 +0000 https://kurir.mk/?p=895269

Спектакуларното забивање на првиот пик на драфтот во НБА, Виктор Вембањама, го одбележа возбудлив меч меѓу Феникс Санс и Сан Антонио Спарс, во кој составот од Тексас на неверојатен начин дојде до победа (115-114). Домашните на крајот од третиот период имаа дури 20 поени предност и се чинеше дека рутински ќе победат, но на крилата на Џонсон и на француското кошаркарско чудо „спарс“ направија пресврт и се радуваа на крајот кога и единствен пат водеа на средбата. Маестралниот Вембањама во финишот на првото полувреме го изведе најубавиот потег на натпреварот, откако прво го исфрли од игра искусниот Кевин Дурент, а потоа спектакуларно со левата рака заби над 208 сантиметри високиот центар на Феникс, Дру Јубакс. Со овој фантастичен потег тој го фрли во транс коментаторот Брајан Андерсон, кој воодушевено извика: „Погледнете го лицето на Дурант!“ Вембањама мечот го заврши со 18 поени, осум скока и четири блокади. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/monstruozno-zabivane-na-novoto-chudo-vo-nba-komentatorot-urlashe-vo-trans-video/feed/ 0
ВИДЕО: Феникс испушти +19, Дурант му подари победа на Сан Антонио https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/video-feniks-ispushti-19-durant-mu-podari-pobeda-na-san-antonio/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/video-feniks-ispushti-19-durant-mu-podari-pobeda-na-san-antonio/#respond Wed, 01 Nov 2023 08:44:14 +0000 https://kurir.mk/?p=895224

Кошаркарите на Сан Антонио Спарс славеа минимално во драмата кај Феникс Санс со 114-115), за втора сезонска победа во НБА лигата. Иако домаќинот во „Футпринт Центарот“ имаше сè во свои раце, Кевин Дурант со аматерска грешка подари победа на противникот, а потоа и промаши шут за пресврт. Феникс Санс - Сан Антонио Спарс: Спарси бркаа негатива буквално низ целиот натпревар, а на крајот победија со единствениот кош за водство. Феникс има за што да жали, имаше предност и од највисоки 19 поени разлика за на крајот болно да загуби. Иако изгледаше дека во последните 4-5 секунди „сонцата“ се одбранија и ќе запишат победа, Дурант премногу лежерно ја држеше топката и Келдон Џонсон му ја украде, па положи за 114-115. Остана уште секунда до крајот и на спротивната страна Кевин Дурант беше удвоен и го промаши завршниот шут. Токму Џонсон беше најефикасен играч на мечот со 27 поени, а Дурант финишора со еден помалку. Лос Анџелес Клиперси беа сигурни и во исчекување на дебито на Џејмс Харден го совладаа Орландо дома со 118-102. Пол Џорџ диригираше, имаше одлична партија и со 27 поени го водеше тимот до победата. Вестбрук му помогна со 18, додека по 17 поени уфрлија Ниланд и Пауел. Во таборот на Орландо пак најефикасен беше Банчеро со 15 поени. Лос Анџелес Клиперс - Орландо Меџик: Гостинско славје запиша Њујорк Никс кај Кливленд Кавалирс (91-109). ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/video-feniks-ispushti-19-durant-mu-podari-pobeda-na-san-antonio/feed/ 0
Ембид казнет со 35.000 долари https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/embid-kaznet-so-35-000-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/embid-kaznet-so-35-000-dolari/#respond Wed, 01 Nov 2023 07:45:23 +0000 https://kurir.mk/?p=895176

НБА го казни центарот на Филаделфија, Џоел Ембид со 35.000 долари. Лигата го казни кошаркарот затоа што ги прослави борците Трипл Х и Д-Генерација Х за време на натпреварот со Портланд од регуларниот дел (126:98). Минатата година тој беше казнет со 25 илјади долари за слично однесување. Сезонава 29-годишниот Камерунец настапи на три натпревари со просечни 31 поен, 10,3 скока и 7 асистенции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/embid-kaznet-so-35-000-dolari/feed/ 0