Ракомет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Nov 2023 17:13:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ракомет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кузманоски ќе паузира најмалку седум меча поради фрактура на прстот https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kuzmanoski-ke-pauzira-najmalku-sedum-mecha-poradi-fraktura-na-prstot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kuzmanoski-ke-pauzira-najmalku-sedum-mecha-poradi-fraktura-na-prstot/#respond Sat, 04 Nov 2023 17:13:00 +0000 https://kurir.mk/?p=896500

Македонскиот репрезентативец Цветан Кузманоски доживеа голем пех на првиот пријателски натпревар против Грција во Солун и се повреди, па го чека подолга пауза. Играчот на Еурофарм Пелистер има фрактура на прстот на десната рака и ќе мора да паузира. Според лекарските прогнози, Цветан Кузманоски го чека пауза од најмалку еден месец, што значи дека ќе пропушти седум натпревари. Прогнозата е најмалку седум натпревари, а ако рехабилитацијата не оди според текот, може таа да скокне и до девет натпревари од Лигата на шампионите и од Суперлигата. До крајот на полусезоната Еурофарм Пелистер го чекаат вкупно девет натпревари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kuzmanoski-ke-pauzira-najmalku-sedum-mecha-poradi-fraktura-na-prstot/feed/ 0
Србија, Црна Гора и Хрватска во кандидатура за ЕП 2030 и 2032 година https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/srbija-tsrna-gora-i-hrvatska-vo-kandidatura-za-ep-2030-i-2032-godina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/srbija-tsrna-gora-i-hrvatska-vo-kandidatura-za-ep-2030-i-2032-godina/#respond Sat, 04 Nov 2023 07:19:40 +0000 https://kurir.mk/?p=896322

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги откри првите кандидатури за организација на Европските првенства во 2030 или 2032 година. Како што е објавено на сајтот на ЕХФ, потврдени се досега добиените кандидатури за организација на Европското првенство во 2030 и 2032 година, во двете конкуренции. Се додава дека сите нови пријави ќе бидат прифатени до први јуни, кога и официјално ќе заврши можноста за испраќање кандидатури. Кога станува збор за организацијата на женското Европско првенство во 2030 година, досега кандидатура испратиле Србија , Црна Гора, Швајцарија и Турција. Додека за 2032 година поднеле Србија, Данска, Германија Црна Гора, Полска и Швајцарија. Можно е двете споменати првенства да бидат заеднички организирани од две или повеќе земји, како што е случајот оваа година, кога Македонија беше еден од ко-организаторите. Што се однесува до Европското првенство во машка конкуренција, кандидати за 2030 година се: Австрија, Хрватска, Чешка Данска, Естонија Франција Германија, Полска и Швајцарија. За ЕП 2032 година, кандидатури поднесоа: Словенија Австрија, Хрватска, Естонија, Франција, Германија, Швајцарија и Турција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/srbija-tsrna-gora-i-hrvatska-vo-kandidatura-za-ep-2030-i-2032-godina/feed/ 0
Лазаров: Македонија е бренд што треба да го зачуваме https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/lazarov-makedonija-e-brend-shto-treba-da-go-zachuvame/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/lazarov-makedonija-e-brend-shto-treba-da-go-zachuvame/#respond Sat, 04 Nov 2023 07:14:30 +0000 https://kurir.mk/?p=896319

Кире Лазаров генерално е задоволен од прикажаната игра на вечерашното реми во Солун против Грција, во кое Македонија избегна пораз со голот што во самиот финиш го постигна Ненад Костески. Македонскиот селектор уште еднаш потенцираше дека против себе немавме наивен противник и верува дека „црвено-жолтите“ можат уште повеќе да напредуваат преку уште посилни контролни средби. „Во принцип сум задоволен од она што го сработевме на тренинзите во последните денови и од прикажаното на овој натпревар. Јас очекував тежок натпревар бидејќи во Грција во последните години загуби Холандија, тука се мачеше и Хрватска, со нивни судии. Ме радува што не загубивме, што покажавме карактер. Водевме и пет, губевме два, но покажавме дека имаме глава и психолошка сила да се вратиме. Ни фали натпреварувачки ритам, како млада репрезентација ни недостигаат повеќе средби и тоа со силни противници, за да ја видиме вистинската слика. Грција во ниту еден случај не е наивен противник, тие имаат човек од Француската Ракометна Федерација кој е тука како советник, работи со нивните тренери и со младинските категории, напредокот од таквата фокусирана работа е евидентен во грчкиот ракомет. Сите напредуваат, сите играат ракомет, јас начелно сум задоволен, секако дека жалам што не победивме, да бевме само малку поподготвени во секој поглед можевме и да славиме“, изјави Лазаров за македонските новинари во Солун. Селекторот повика и на единство и побара поддршка од јавноста за оваа млада генерација да излезе на посакуваните патеки, не само да се пласира на големите натпреварувања, туку и да почне да бележи победи… „Ме радува атмосферата во репрезентацијата, мислам дека треба сите да придонесеме да имаме добра атмосфера, тоа е најважно. Грешки правиме сите, и јас и играчите и јавноста, но Македонија е една, тоа што го имаме како бренд треба да го зачуваме. Ако го разбереме на таков начин ќе одиме напред, во спротивно може да дојде и Жељко Обрадовиќ и џабе ќе ни биде се и ќе го испратиме како што го испративме Тута Живковиќ, најдобриот во свет во 2006 година. Јас сум селектор и ја кажувам насоката, ја имаме стратегијата, но играчите се тие… сите напорно работиме за да го извлечеме максимумот и да одиме напред. Како што реков, задоволен сум од залагањето, од пристапот и од покажаниот карактер“, порачува Кире Лазаров.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/lazarov-makedonija-e-brend-shto-treba-da-go-zachuvame/feed/ 0
Македонија и Грција одиграа нерешено https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/makedonija-i-grtsija-odigraa-neresheno/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/makedonija-i-grtsija-odigraa-neresheno/#respond Fri, 03 Nov 2023 20:01:36 +0000 https://kurir.mk/?p=896270

Македонската машка ракометна репрезентација ремизираше вечерва против Грција 29-29 (15-12), во првиот од двата контролни натпревари меѓу двете селекции закажани за денеска и утре во Солун. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров влегоа во натпреварот со серија од 3-0 и го контролираа резултатот во првиот дел. Постојано беа во водство кое достигна највисоки +5 (11-6) во 19 минута, а на полувреме заминаа со предност од 15-12. Вториот дел донесе неизвесна завршница во која грчките ракометари влегоа во финишот со предност од 29-27, но Филип Кузмановски намали на гол негатива, а на три секунди пред последниот судиски свиреж прецизен беше и Никола Костески за конечни 29-29. Кумановски и Жарко Пешевски со по пет голови беа најефикасни во македонската репрезентација. Контролните натпревари во Солун се во рамки на подготовките за претстојното Европско првенство во јануари на кое пласман обезбедија и двете репрезентации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/makedonija-i-grtsija-odigraa-neresheno/feed/ 0
Данска со најдобриот тим ќе атакува на висок пласман на СП https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/danska-so-najdobriot-tim-ke-atakuva-na-visok-plasman-na-sp/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/danska-so-najdobriot-tim-ke-atakuva-na-visok-plasman-na-sp/#respond Fri, 03 Nov 2023 05:12:47 +0000 https://kurir.mk/?p=895979

Селекторот на женската сениорска репрезентација на Данска, Јеспер Јенсен, го одреди конечниот список на ракометарки за настап на Светското првенство 2023. Јенсен на финалниот список стави 18 ракометарки, шест од нив се интернационалки, додека останатите 12 доаѓаат од данскиот шампионат, односно од Есбјерг, Оденсе и Икаст. Данската селекција на 20 ноември ќе ја одработи последната фаза од подготовките пред настапот на Мундијалот, кој ќе се одржи во периодот од 29 ноември до 17 декември. Избраничките на Јенсен на 25 и 26 ноември ќе тестираат против репрезентацијата на Бразил, која исто така е учесник на Светското првенство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/danska-so-najdobriot-tim-ke-atakuva-na-visok-plasman-na-sp/feed/ 0
Михал Јурецки стана спортски директор на европскиот вицепрвак https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/mihal-juretski-stana-sportski-direktor-na-evropskiot-vitseprvak/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/mihal-juretski-stana-sportski-direktor-na-evropskiot-vitseprvak/#respond Fri, 03 Nov 2023 05:10:21 +0000 https://kurir.mk/?p=895977

Легендарниот полски репрезентативец Михал Јурецки, кој во средината на месец октомври објави дека ја завршува спортската кариера, останува во ракометот, но во сосема поинаква улога. Екс репрезентативецот на Полска е новиот спортски директор на европскиот вицепрвак Келце, клуб во кој Јурецки го помина најголемиот дел од својата кариера. Јурецки е дел од историјата на полскиот машки ракомет, како еден од најдобрите ракометари. Тој дебитираше во 2005 година за националниот тим, каде беше меѓу лидерите. Со Полска освои сребро на СП во 2007 година и две бронзи на СП 2009 и СП 2015 година, а играше и во полуфинале на ОИ во 2016 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/mihal-juretski-stana-sportski-direktor-na-evropskiot-vitseprvak/feed/ 0
Лазаров со 18 ракометари оди на двомечот со Грција https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/lazarov-so-18-rakometari-odi-na-dvomechot-so-grtsija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/lazarov-so-18-rakometari-odi-na-dvomechot-so-grtsija/#respond Thu, 02 Nov 2023 11:54:57 +0000 https://kurir.mk/?p=895777

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров одлучи кои ракометари ќе патуваат во Солун на контролните натпревари со Грција. На списокот на Лазаров се најдоа: Никола Митревски, Марко Томовски, Марко Кизиќ, Филип Талески, Филип Кузмановски, Иван Џонов, Игор Ѓоргиев, Мартин Велковски, Томислав Јагуриновски, Мартин Серафимов, Давид Савревски, Ненад Костески, Никола Костески, Цветан Кузманоски, Петар Атанасијевиќ, Жарко Пешевски, Никола Маркоски и Милан Лазаревски. Поради повреда отпаднаа Марко Митев и Едвин Омерагиќ, додека друга шанса за настап ќе чекаат Стојковиќ и Ѓорговски. Натпреварите меѓу Грција и Македонија ќе се играат утре (3 ноември) и в сабота (4 ноември) со почеток во 17:30 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/lazarov-so-18-rakometari-odi-na-dvomechot-so-grtsija/feed/ 0
Валеро Ривера ја напушта клупата на Катар https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/valero-rivera-ja-napushta-klupata-na-katar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/valero-rivera-ja-napushta-klupata-na-katar/#respond Thu, 02 Nov 2023 05:18:05 +0000 https://kurir.mk/?p=895565

По неуспехот да обезбеди место на Олимписките игри со селекцијата на Катар, Валеро Ривера, ќе ја напушти клупата на оваа селекција. Неговиот договор со катарската федерација е актуелен до следното лето, но многу веројатно ќе биде раскинат порано од предвиденото. Шпанскиот стратег кој е најзаслужен за подемот на ракометот во Катар, не успеа да обезбеди ниту финале на квалификацискиот турнир за ОИ кој се играше во Доха. Ривера од 2013 е на клупата на Катар, за кој настапуваа многу ѕвезди и најдобриот резултат го имаше на СП 2015 на домашен терен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/valero-rivera-ja-napushta-klupata-na-katar/feed/ 0
Марко Срдановиќ блесна и веднаш доби нов долгогодишен договор со Вардар! https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/marko-srdanovik-blesna-i-vednash-dobi-nov-dolgogodishen-dogovor-so-vardar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/marko-srdanovik-blesna-i-vednash-dobi-nov-dolgogodishen-dogovor-so-vardar/#respond Tue, 31 Oct 2023 13:26:45 +0000 https://kurir.mk/?p=894965 рк вардар

Двократниот европски ракометен првак Вардар 1961 покажа дека размислува и за иднината, па иако сезоната не е ниту до половината, го „врза“ еден од новајлиите во тимот. Станува збор за Марко Срдановиќ, 25-годишното српско крило кое се покажа како вистински избор за крилната позиција. Србинот блеска во Вардар, игра на завидно ниво и освен од крилна позиција, редовно сигурно реализира и пенали. Срдановиќ имаше договор до јуни 2024 година и стави потпис на нов двегодишен договор со „црвено-црните“, иако тоа не е честа ракометна пракса. Самиот ракометар е пресреќен за тоа што игра во Вардар. Срдановиќ призна дека тоа бил неговиот најдобар потег во кариерата и е задоволен од сите сегменти. „Доаѓањето во Вардар ми беше најдобриот потег во кариерата. Одлично се снајдов во Скопје, клубот и играчите ме прифатија како семејство, и таа хемија носи резултат. Вардар создава тим што во иднина ќе биде не само квалитетен, туку и доминантен. Затоа сметам дека останувањето во Скопје е уште еден вистински потег. Имам одлични соиграчи, управа и пред се навивачи. Тоа секогаш носи резултат“, изјави Срдановиќ. Вардарци работат на стабилизирање на проектот и поставување на здрави темели за иднината. Ова лето беа доведени квалитетни млади играчи кои надополнети со неколкуте поискусни се вклопија одлично Досега Вардар е лидер во групата Б во регуларниот дел од сезоната и веројатно со максимален број бодови ќе оди во плеј-офот.]]>
рк вардар

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/marko-srdanovik-blesna-i-vednash-dobi-nov-dolgogodishen-dogovor-so-vardar/feed/ 0
Бјарте Мирхол станува тренер https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/bjarte-mirhol-stanuva-trener/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/bjarte-mirhol-stanuva-trener/#respond Tue, 31 Oct 2023 05:08:01 +0000 https://kurir.mk/?p=894677

Еден од легендите на норвешкиот ракомет, кружниот напаѓач Бјарте Мирхол, ќе има нов предизвик во својата кариера. Искусниот ракометар, кој најголемиот дел од својата кариера го помина во бундеслигашот Рајн Некар и во данскиот суперлигаш Скјерн, од следната сезона ќе биде тренер во својата татковина. Мирхол од сезона 2024/25 ќе го предводи амбициозниот тим од Норвешка, Рунар. Станува збор за клуб кој што моментално се наоѓа на 5. позиција во норвешкиот шампионат, а во минатата сезона во Европскиот Куп стигна до полуфинале. 41-годишниот Мирхол со раководството на Рунар се договори на тригодишна соработка, па така екс репрезентативецот на Норвешка ќе има полни раце работа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/bjarte-mirhol-stanuva-trener/feed/ 0