Го контролира ли некој експрес лонецот кој на Балканот врие? Се тресе и татни лонецот, а никако да се најде вентил за да не експлодира. А, се започна благодарение на Заев. Да токму на него и со него, но како лоша или намерно лоша проценка од некои лица во ЕУ кои од крајно лукративни и политички цели направија погрешна анализа и не реагираа или ги игнорираа индикаторите на рано предупредување за ризик и закана од Заев. Така убаво, госпоѓата Могерини ги игнорираше индикаторите дека Заев е само еден обичен криминалец и не сакаше да ги гледа Глобал, евро ваму-евро таму и другите индикатори што еве не доведоа или се доведоа во состојбата наречена „Рекет“. Немаше да биде проблем да беше во прашање само Рекет како единствена афера на Заев, но бидејќи очигледно работата со изворот на нестабилност и главниот ризик фактор Заев е надвор од контрола подолго време влегуваме во хронична тензична состојба на Балканот, а причината за сето тоа е Заев и како што реков лошата проценка за него и неговите „способности“. Затоа врие на целиот Балкан како во експрес лонец. Но, тој вриеж има и свое минато или генеза на проблемот, кој овде ќе го претставам само во неговиот еклатантно појавен и видлив облик.
Најпрво се вмеша една соседна држава со агенција на ЕУ и внатрешни соработници од Македонија и го сработи случајот без знаење на нашите власти така што небулозите на Заев дека тој пријавил криминал се неверодостојни, а тоа го покажува и некадарното работење на ЈО во врска со овој мега скандал. Во истиот мега скандал се споменуваат Косово и Србија, Словенец во десничарски италијански весник кој го поддржува Салвини објавува детали за аферата Рекет. Насочувајќи, односно алудирајќи дека Салвини ја урива италијанската влада, Заев само ја подгрева состојбата. Во истиот весник во коментар се споменуваат имињата на Могерини и Хан, односно на политички естаблишмент од ЕУ. Претходно со другар му на Заев, „Порошенко“ ја нападнавме (Заев ја нападна) Русија и ги разоткривме плановите на ЕУ, а во однос на Косово буквално ја уриваме владата на Вучиќ. Рашковски ги прогласи за криминални држави Малта и Италија онака од зафрканција заради добивка од седум милиони евра. На сето ова и на многу други „гафови“ логичен беше овој епилог во аферата Рекет.
Доколку власта на една држава во само два месеци успее да го направи целиот овој „циркус“ со сигурност сите експерти можат да констатираат дека таа влада е извор на регионална и глобална несигурност односно нестабилност. Токму оваа влада е ризик и закана врз регионалната безбедност, бидејќи на Балканот (но и во секој регион впрочем) безбедноста функционира по принципот на сврзани садови, односно на прелевање на нестабилноста и кризата. Во ваква ситуација кога не се детектираше навремено заканата, односно затаија механизмите за рано предупредување, а како последица од носењето на Заев на власт, сега ќе мора меѓународната заедница да реагира ad hoc за да се спречи поголема ескалација. За жал, каква и да биде реакцијата, Македонските граѓани и државата Македонија ќе бидат колетарална штета, без разлика на последиците врз Заев и неговите камаради од власта. Искрено се надевам дека најголемата штета ќе биде да не добиеме датум за почеток на преговори за полноправно членство во ЕУ во Октомври годинава, не дај Боже да биде полошо.
Покрај Балканскиот вриеж, внатрешната состојба во Македонија е пред експлозија (политичка и социјално-економска), и тоа експлозија несразмерно многу посилна и секако реална за разлика од режираната „шарена (според најновата терминологија – прдерска) револуција“, која ни донесе еден исклучително и епохално важен „револуционерен испрдок“ од кој остана да се чувствува само реата.
Во овој контекст на регионално „земјотресение“ се и веќе една година во континуитет со помал или поголем интензитет протестите во Албанија. Владата на Борисов е под постојан притисок поради слични коруптивни афери. Во Србија протестите на 1 од 5 милиони траат веќе една година, а можевме да слушнеме дека советниците на Заев имаат активна улога во таа активност. Проблемите на Косово и делувањето на „Вендевсјој“, а особено заминувањето на Харадинај (другарот на Заев за кого овој зборуваше со другар му „Порошенко“), се показател на нестабилност на Косово. Во една ваква регионална нестабилност, само една искра е доволна и експрес лонецот да пукне воведувајќи го регионот во несигурни, неконтролирани и хаотични процеси. Ова се сосема доволни индикатори на рано предупредување за да се активира системот за брза реакција на меѓународната заедница.
Впрочем, изјавата или подобро кажано, пораката на Палмерс да се престане со политикантство и да се следат развојните и стабилизирачки процеси беше и повеќе од јасна, секако за оние кои сакаа да разберат. Како што веќе еднаш реков дека насоки и тоа прецизни дојдоа од Вашингтон за расчистување со аферата Рекет, но по се изгледа нашата влада тоа не го разбра или така им чинеше. На крајот и амбасадорот Тимоние кои се огласи со свој став уште пред неколку месеци, а сега дури и со факти се покажа дека во влада во која задолжен за борба против корупција е лице кое е отстрането од амбасада во Белград поради корупција, на таа влада не може да се верува, а верувам дека ова не беше непознаница за амбасадорот Тимоние.
Што уште треба да направи Заев за да се разбере дека овој лик е темпирана бомба или запалка за експрес лонецот која е многу подложна на варничења кои самиот ги произведува.
Време е за вентил, а тој вентил може да биде и експертска влада како можно решение за деескалација на тензиите, спречување на активирање на тригерите и пред се влада која независно, неутрално, непрострасно и искрено ќе ја расчисти аферата Рекет со сите попатни замешателства и замешатели.
На Преображение Господово
19.08.2019 година
Вонреден професор д-р Оливер Андонов