Старите навики на СДС не се менуваат, па така и тоа дека рекетот и корупцијата се најорганизиран и сеопфатен политичко-економски план за „живот за сите“ како платформа за раководење (читај крадење) на Република Македонија.
Кога на времето пишував дека Заев и тие околу него се „лица под маски“, можеби и илјадници маски и не се личности, верувам дека звучев грубо. Кога утврдивме дека се мизанторпи, верувам дека Ви звучеше навредливо. Кога утврдивме дека се манипулатори и дека за да дојдат на власт си поигруваа со емоциите на граѓаните не Ви беше верно. Кога велев дека Заев е предавник и дека лаже во однос на промената на името едноставно во тој политички миг тоа можеше да се разбере како обид за негова политичка елиминација, па нели се колнеше во жиците (незнам дали беше од гитарата или мандолината, но беа некои жици, сигурно не патриотски, Македонски). На крајот испадна дека се што беше напишано за Заев, за неговата политичка коњуктура, безидејност, криминална матрица и манипулативност беше чиста вистина. Не дека сум среќен поради тоа „предвидување“, а верувам дека и останатите колеги колумнисти, универзитетски професори и сите оние кои го препознаа „огромниот демократско-патриотски капацитет на Заев“ не се среќни.
Ете така, некој можеби е црпнат од нива и донесен за премиер, но нивата не е црпната од него, па така како пред кооперација во Муртино (за срам на сите чесни жители од оваа село и од Струмичко), овој лик под маска „мува не го лази“ за да продолжи со обидите за манипулација. Не што е со илјада маски и не е личност, нема ниту малку достоинство. Пред само три години врескаше на цел глас дека „нема правда нема мир“, а сега нема правда, ама има мир. Мирно е во СДС, како бајчиња се мирни и се обидуваат целата вина за невидениот рекетарско-коруптивен скандал, но и за сите останати досега обелоденети сканадли и тоа пред се коруптивни, што е едноставен и еклатантен пример на тоа каква е владеачката матрица на СДС, да ја сведат на двајца (Боки и Кичеец), а особено да направат спин па виновни да бидат од ВМРО-ДПМНЕ затоа што инсистираат на целосно расчистување на оваа мега афера и поднесување одговорност, секако и политичка одговорност односно паѓање на владата на Заев.
Така е, не е виновен Заев и СДС-то, на внатрешен план виновно е влијанието на месечевите мени врз размножувањето на полноглавците (секоја сличност со раководството на СДС е случајна). Не е виновен Заев и СДС-то, на надворешен план виновни се Кинезите, нивно масло е ова, сакаат да му ја урнат миграционата политика на Заев па наместо според неговиот акциски план за доселување на мигранти од Блискиот исток да доселат Кинези. Виновни се и Бразилците кои со зголемен извоз на банани ја поткопуваат растечката економија на Заев и СДС-то, а тука се и Ескимите, многу ловат риба и ни ја загрозуваат енергетската стабилност. Виновни се сите, само не газда Заев, тој е „невин“ – еве жити жицата негова не е виновен го наместија овој добродушен лик под маска – душа му треба ако лаже.
Но, тешко дека ќе успее да го убеди народот напатен, што би рекол Пантиќ: „пукло ми је пред очију, па ти си З… једно велико ѓубре“, затоа што и на народот му пукна пред очите и знае кој во приказната е ѓубре. Онаа де ѓубре што требаше нели со лопатчето и метлата на Дац, газда Зеко да го исчисти, а за што однапред Ви реков дека нема да го направи, бидејќи ќе требаше да се исчисти најпрво самиот себеси.
Ета така малку по малку за само две и пол години излезе вистината на видело и видовме со кого си имаме работа, како пред тоа да не знаевме или ни одговараше да бидеме лажени, впрочем Заев лаже најдобор нели. Затоа сега продолжувајќи со истата тенденција за Заев се е нормално во државата. Како што би рекол Роберт Музли во „Мажот без квалитет“: „Погледнато формално се е нормално, погледнато нормално се е формално“. Типичен сублимат на однесувањето на Заев во оваа состојба во која ја доведе државата. Формализам и нормално е се иако не е нормално. Впрочем да се разбереме, ние не живееме во ист свет со исти морални норми, за Заев е нормално дури и формално да се зема мито и да се рекетира (како беше онаа да ве потсетам, евро ваму – евро таму, евро дупка за Вицето итн).
Сега се поставува прашање: „Што чекаат неговите ментори од ЕУ и зошто тие први не реагираат на овие состојби на уривање на државниот систем? Можеби на Могерини и заврши мандатот па да одмори малку и нема време да се занимава со дребни работи како коруптивните скандали на нејзиниот пријател Заев, или на Ван Хојте му се заглави ногавицата во ланецот од велосипедот па е зафатен со неговото време за живот и живот на мачките и не ја гледа состојбата во Македонија, а пак медиуми и вистина, што беше тоа. Каде е Орав да каже нешто околу добрите вести за државата или во моментов најдобра вест е да не се споменува Заев. Има една констатација за сите нив кои го поддржуваа Заев од сопствени лукративни и политички причини, но и за сите во Македонија кои му веруваа на Заев и чекаа да им дојде животот, а гласи: „кој со ѓаволот тикви сади од глава му се кршат“. Единствено од Вашингтон пристигна јасна порака дека овој скандал мора да се расчисти до крај, а тоа значи дека газда Заев, сакал не сакал – а не сака, наскоро ќе мора „да го продава кучата“.
Дека некој склучил „Договор со ѓаволот“ е многу очебијно, но како што народот наш напатен вели „ѓаволот си дојде по свое“, е па сега друже Заеве ќе се виткаш ќе се препелкаш те некако да се извлечеш. Најмногу тоа го сакаш да се извлечеш од оваа состојба, ти да се спасиш, а за останите баш и не ти е гајле. Имаш ти искуство со тоа како се спасуваш, да се сетиме на Глобал кога Бранко Црвенковски те спаси, на евро ваму-евро таму кога токму оваа судство и обвинителство те „ослободија“ (од обвинение де, од умот немаше потреба), на други криминални дејанија од кои те спасуваа твоите ментори, на тресење глупости пред пранкери од кои се обидоа да те спасат твоите апологети експерти за безбедност. Но, немој да заборавиш дека сме мала земја и се се знае, па така ќе се дознае и онаа што во моментов не се знае или барем ти мислиш дека не се знае. А, дека ќе се обидеш да извлечеш некој зајак од цилиндер како волшебник за да се спасиш тоа секако, веќе те знаеме како функционираш. Ќе видиме дали ќе успееш, но дека месечевите мени ќе влијаат и тоа силно врз репродукцијата на полноглавците во тоа биди сигурен и ќе го видиш внатре во СДС-то.
Целата оваа состојба во Македонија колку и да е монтипајтонска и да изгледа смешно, во основа е поразително трагична за државата, за капацитетот на власта, но и за сите нас колективно и поединечно. Секое друго толкување на нашата општествена ставрност и аплогетика во одбрана на Заев претставува „блажена глупост“ или пофалба на глупоста“. Навистина Бог е семоќен па дури и да црпне некого од нива, но глупоста и тупоста неможе да ја спречи, тоа е веќе слободна волја. Доколку некој сака да има широко затворени очи неможеме да го натераме да види нешто што е толку видливо. Така и Заев нема да сака да види дека ја закашка до крај. Не дека неможе, едноставно не сака, не му чини.
Заев и оваа влада на СДС се несакано дете на нивните ментори во заминување (или оние кои веќе заминаа) од светската политичка сцена. Тие никогаш нема да ја признаат направената политичка штета, но секако и етичка која ја направија врз нивните институции и држави во очите на Македонските граѓани. Едноставно ќе се однесуваат како ништо да не било, па и така тие не се од тука. Во меѓувреме Заев мисли дека на тој начин ќе се спаси, ќе жртвува две – три глави и тој е спасен. Затоа и глуми наивност, демократија и правда. На толку докази за директна вмешаност, обвинителството не поведе постапка и не побара приведување на Катето или одредување на мерки на претпазливост, но затоа пак поранешниот директор на Централниот регистар го приведоа и му определија мерки на претпазливост за нешто за што директор на ниедна институција неможе да биде директно одговорен, го малтретираат поранешниот градоначалник на Кавадарци за нешто што сите го знаат, дека човекот е колекционер-нумизматичар и својата нумизматичка збирка ја има пријавено во антикорупциска уште кога го започна својот прв мандат како градоначалник, а потоа оркестрирано вршат медиумски „линч“ врз луѓето однапред прогласувајќи ги за виновни, за криминалци и изнесувајќи безброј лажни информации. Тоа е само уште еден показател на „искрените“ заложби на оној од и со нивата Муртинска дека ќе се бори против лажни вести, или тоа стратегијата за борба од „напади на демократијата“ како што најави, уште не му е готова па неможе да реагира. Ова е само уште еден показател на неморалот и манипулантството на Заев.
Што да се каже, а да не прсне човек да плаче и да рида. Колку уште глупости треба да направи Заев и СДС-то за да разбереме дека треба да се побара од нив јавно, јасно и гласно да си одат во неповрат. До кога треба да ја трпиме нивната пофалба на глупоста, а главната ролја да ја играме ние граѓаните искажувајќи неразбирливо трпение за нивните клептомански пориви, рекетарство, лаги и превари.
Дали сега е разбирлив поимот ПАТОКРАТИЈА? Дали не мислите дека овие сите во комплет треба да одат на колективна терапија на подолго време?
За крај, со цел да ме разберат инфантилните олигофрени наши владетели, нивниот омилен автор Тери Пратчет кого редовно го читаат, вели: „Гравитацијата е навика од која тешко можеш да се откажеш“!!! Веројатно го разбираат или можеби не?
Ќе да е работава до месечевите мени и полноглавците друже Заеве.
Вонреден професор д-р Оливер Андонов