сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Комерцијални објави

„УНИБанка” АД  Скопје  ќе ја исплати четвртата полугодишна камата на сопствениците  на Перпетуални обврзници

„УНИБанка” АД  Скопје  ќе ја исплати четвртата полугодишна камата на сопствениците  на Перпетуални обврзници

„УНИБанкана 22.01.2021 година ќе ја исплати четвртата полугодишна камата на сопствениците на перпетуални обврзници со ISIN MKBLBA200011 и шифра UNIPO. Известувањето за исплатата на камтата е објавено од страна на Банката преку Соопштение до Македонската берза. Право на исплата на камата имаа сите лица регистрирани како сопственици на перпетуални обврзници во Централниот депозитар на хартии од вредност на 21.01.2021г.

Како потсетување, во јануари 2019 година „УНИБанка” ја издаде првата емисија на перпетуални обврзници во Република Северна Македонија, што претставува прв финансиски инструмент од овој вид на македонскиот пазар на капитал.

Вкупната номинална вредност на емисијата изнесува 5 милиони евра. Обврзницата е без рок на доспевање,  со фиксна каматната стапка  од  9% на годишно ниво  за првите пет години, по завршување на овој период  каматната стапка  се зголемува на 11%. Номиналната вредност на обврзницата изнесува 1.000 евра.

Перпетуалната обврзница е котирана и со истата може да се тргува на официјалниот пазар на Македонска берза.

За повеќе информации одете на следниот линк ТУКА.