четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Комерцијални објави

УНИБАНКА со признание за особен придонес ма економскиот факултет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје

УНИБАНКА со признание за особен придонес ма економскиот факултет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје

УНИБанка, со голема чест се здоби со признание за особен придонес во развојот на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скопје.

Признанието и беше доделено по повод 70 годишнината на факултетот и е заради интензивните заложби на Банката, да им помага на студентите нудејќи различни можности за обуки и вработувања на идните млади генерациии.

Кога станува збор за високото образование и квалитетот на кадрите потребен за одржување на развојот во многу сектори, УНИБанка секогаш била и ќе биде поддржувач на идејата за помагање на образовниот систем во земјата, заложувајќи се за подобра и поодржлива иднина, во која младите генерации ќе бидат дел од претприемаштвото и бизнис секторот. Ова ќе изигра клучна улога во базата на знаења и човечките ресурси потребни за промовирање и одржување на развојот во многу сектори во земјата.

Ваквото признание и укажаната чест од страна на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скопје, може да послужи како стимул не само за продолжување туку и за продлабочување на идната соработка со УНИБанка.