петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Банана мус со кафе (ВИДЕО)

Банана мус со кафе (ВИДЕО)

Ова есенско време е совршено за мус десерт! Ништо подобро од уживање во кремаст десерт што се прави брзо! Овој десерт се јаде веднаш штом ќе се направи, нема потреба да се чува во фрижидер. Со оглед на тоа, лесно ќе го подготвите кога ќе ви дојдат ненајавени гости. Додека варите кафе, десертот ќе биде готов.

Потребни состојки:

– 1 чаша инстант кафе
– 1 чаша ладна вода
– 2 зрели банани
– 2 лажици незасладено какао

Начин на приготвување:

Инстант кафето изматете го со миксер со вода додека не стане пенесто. Потоа во блендер ставете ги сечканите банани и какаото и истурете го изматеното кафе. Матете додека не добиете еднолична смеса. Истурете во чаши и послужете.

Забелешка:

Доколку сакате ладен десерт, користете замрзнати банани.