петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Јадам се, но не се дебелеам: Еве во што е тајната

Јадам се, но не се дебелеам: Еве во што е тајната

Оваа е тајната на Јапонките, кои  буквално јадат се но не се дебелеат.

И тајната не толку голема тајна, колку што е во издржливоста и посветеноста на овие неколку правила.

Најпрво, запрашајте се: Дали сте виделе дебела Јапонка? Најверојатно не, но и да видите тоа е толку ретко што речиси и да нема.

Покрај убавата фигура, Јапонките го носат и епитетот „нај долговечни“ и во просек живеат 84 години.

Правилата се следни:

1.Оброците најчесто им се состојат од риба, ориз, варен зеленчук, зелен чај и овошје. Исто така, секогаш храната ја подготвуваат дома и ретко јадат надвор.

2.Лебот го заменуваат со ориз, а храната која ја подготвуваат се вари на тивок оган. Најчесто, доручекот на Јапонките се состои од парче риба, ориз, супа, бел лук, омлет и секако зелен чај. И сето тоа е во мали порции.

3.Речиси и да не јадат десерти, а кога јадат тоа е во многу мали количини. Наместо десерт јадат овошје.

4.Вежбаат секој ден, затоа што знаат дека за млад и здрав изглед освен храна потребно е и секојдневно вежбање или пешачење.