Комбинацијата од млечни протеини, овесни снегулки и банана е одлична за инстантно зголемување на енергијата и нема да дозволи да се изморите ниту при потешки физички активности.
Потребни состојки:
Една чаша млеко
Една лажица јогурт
Една банана
Три лажици овесни снегулки
Неколку зрна суво грозје
Малку цимет
Подготовка:
Овесните снегулки потопете ги во млекото. Сувото грозје оставете го половина час во млака вода.
Сите состојки измешајте ги во блендер откако овесните снегулки ќе омекнат.
Додадете уште малку цимет откако смутито е готово.