среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

ПУДИНГ ОД БАНАНА Идеално викенд уживање

ПУДИНГ ОД БАНАНА Идеално викенд уживање

Кога ќе се спомене пудинг, веднаш се сеќаваме на детството, па можете да си направите еден домашен со банана.

Состојки:

2 зрели банани

350 мл млеко

2 лажици густин

2 лажици мед

неколку капки екстракт од ванила

шлаг, мелени бисквити по желба

кругчиња банана

Подготовка:

Во еден сад измешајте две лажици млеко со две лажици густин. Изгмечете ги бананите со вилушка и ставете ги во тенџере. Во нив додадете ги медот и преостанатото млеко.

Варете на тивок оган со постојано мешање. Пред да зоврие смесата додадете ја смесата од млеко и густин.

Продолжете да варите додека смесата не се згусне. На крајот додадете неколку капки екстракт од ванила.

Пудингот најпрво изладете го малку на собна температура, а потоа сипете го во чинии за сервирање. Можете да додадете шлаг, мелени бисквити и кругчиња банана.